Сакав да прашам нешто околу ваше искуство со праксите. Студент сум на ФИНКИ па гледам има огласи за пракса во неколку фирми. Па дали некој бил во Сеавус или Интер Дангов да сподели искуство?
За Интер Дангов што ги прочитав коментарите не видов ниту еден позитивен. Сите викаат дека те експлоатираат до максимум, од тебе очекуваат да имаш добри познавања од областа за да можеш да го работиш за ич пари тоа за кое некој друг ќе треба да го платат.
Во Сивус бев лани на пракса. Не беше класична пракса, повеќе беше предавање од областа на вградливи компјутерски системи, embedded C итн. Значи, летна школа. Не ни беа давани да изработуваме проекти за да може они да профитираат, туку имавме предавања, а потоа самостојно се изработуваа едноставни задачи со спојување на хардвер и софтвер. Интересно искуство, плус можност да им паднеш во око за идно вработување доколку навистина те бива