Празнична трпеза

The`bItCh

AdJuStAbLe mAdNeSs
Член од
22 јануари 2005
Мислења
4.605
Поени од реакции
112
Руска салата

1 кг. компири
1/2 кг. моркови
1/4 грашок во зрна
2-3 црвени кисели пиперки
3-4 кисели краставички
чешне лук
сол
црн бибер
миродија
суви зачински тревки

За мајонезот:

10 лажици соино брашно
200 г. сенф
сок од еден лимон
лажица суви зачински тревки

Подготовка:

Компирите сварете ги, излупете ги и исечкајте ги. Посебно сварете ги морковите и грашокот, па исцедете ги (водата можете да ја користите за некоја чорба). Додајте ги сечканите црвени кисели пиперки, краставичките и ситно сечканиот лук, па се насолете, запиперете, додајте суви зачински тревки и мирудија. Добро измешајте и додајте го мајонезот подготвен на следниов начин: десетте лажици соино брашно прелијте ги со ладна вода и направете смеса како за палачинки, што потоа ќе ја сварите во каша. Во готовата и изладена каша додајте ги сенфот, лимоновиот сок, лажицата суви зачински тревки и добро изматете. Украсете по желба.

Кифлички
Потребни состојки:
- 500 гр. Брашно
- 1 свеж квасец
- 300 мл. Млеко
- малку шеќер
- 250 гр. маргарин
- 4 јајца
- 50 гр. Сусам
- масло за јадење
- сол

Подготовка:
Во садот со свежиот квасец, додаваме 2 лажички шеќер и малку сол. Потоа во садот додаваме малку млака вода. Со лажичката мешаме додека квасецот не се растопи. Додаваме уште 2-3 лажички брашно и го оставаме квасецот да стаса.
Го земаме садот со брашното и во средината на брашното правиме длабнатина. Во длабнатината ставаме сол и една лажичка шеќер. Потоа во длабнатината го истураме стасаниот квасец и мешаме со лажицата додавајќи масло за јадење. Со рака го замесуваме тестото, постепено додавајќи млака вода. Кога тестото ќе биде доволно тврдо го вадиме на работната маса.
Тестото убаво го месиме со двете раце и го формираме во една голема топка. Вака подготвеното тесто неколку пати го удираме од работната маса. Потоа во тестото правиме 2 длабнатини, во кои додаваме уште малку масло за јадење. Со ова кифличките ќе бидат помеки и повкусни.
Тестото уште еднаш убаво го месиме со двете раце и повторно формираме топка. Го оставаме тестото на чинија да стаса околу 10- тина минути. Од тестото сукаме кора, а потоа кората ја сечеме на ленти. Лентата со нож ја засекуваме на неколку места, а потоа виткаме кифличка. Тавата за печење ја премачкуваме со маргарин и во неа ја ставаме готовата кифла. Втората лента ја сечеме на 3 дела и од неа плетеме плетенка. И неа ја ставаме во тавата за печење. Од лентите формираме различни форми, во зависност од вкусот.
Една лента со раце ја формираме во многу долго стапче, кое потоа го врзуваме во јазол, а краевите неколку пати ги протнуваме околу јазолот. И оваа форма ја ставаме во тавата за печење.
Целото преостанато тесто, го сукаме во една поголема кора и го сечеме на 16 еднакви делови. Од секој дел виткаме кифличка, па и нив ги редиме во тавата.
Земаме едно јајце и ја делиме белката од жолчката. Во еден сад жолчката со вилушка ја матиме и со неа ги премачкуваме готовите кифлички. Врз жолчката наросуваме сусам. Врз секоја кифличка ставаме едно мало парче маргарин.
Тавата со кифлички ја ставаме да се пече во фурна 20- тина минути, на температура од 250 степени. Кога кифличките ќе добијат златно румена боја, тавата ја вадиме од фурна и ја ставаме на работната маса. Изладените кифлички ги редиме во дрвени кошнички.

Прасечко печење



Потребни состојки:
- 1 прасечка плешка од 1,2-1,5 кг.
- 1 пар чадени колбаси
- четвртина главица зелка
- 4 компири
- 300 гр. мелено месо
- 3 земички
- 150 гр. чадена сланина
- 1 јајце
- 1 лажица доматно пире
- 1 главица кромид
- 1 чешне лук
- 200 мл. Пиво??? Вино ??/
- 300 мл. млеко
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:
На даската за сечење ја ставаме плешката. Засекувајќи со нож ги отстрануваме ребрата. Потоа ја отстрануваме и коската. Месото го засекуваме на повеќе места, за да добиме рамна површина за ролување. Го посолуваме месото. Го наросуваме со мелен црн пипер. Го виткаме месото во ролат и го оставаме на чинија.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Кромидот ситно го сечкаме. Исежканиот кромид го пржиме на загреанотон масло во тавата. И лукот ситно го сечкаме. Исечканиот лук го додаваме во тавата. Промешуваме за време на пржењето. Земичките ги кинеме на парчиња. Парчињата земички ги ставаме во поголем длабок сад. Ги преливаме змичките со млекото. Во друг поголем сад го ставаме мелното месо. Откако кромидот ќе омекне ја тргаме тавата од оган. Испржениот кромид го додаваме во садот со меленото месо. Во садот додаваме 1 лажица доматно пире. Омекнатите парчиња земичка ги притискаме со рака за да го исцедиме млекото. Исцедените земички ги додаваме во садот со меленото месо. Мешаме со лажица. Јајцето го кршиме и го додаваме во садот. Наросуваме мелен црн пипер. Посолуваме. Мешаме со лажица додека смесата не се соедини. На даската за сечење го одвиткуваме ролатот од прасечко месо. Врз месото го нанесуваме филот од мелено месо. На средината од филот ги ставаме колбасите. Филуваното прасечко месо го виткаме во ролат. Ролатот го зацврстуваме со готварски конец. Тавата за печење ја попрскуваме со масло за јадење. Го ставаме ролатот во тавата. Претходно излупените компири ги сечкаме на парчиња. Парчињата компири ги ставаме од една та страна на ролатот во тавата. Зелката ја сечеме на поголеми парчиња. Парчињата зелка ги додаваме од другата страна на ролатот во тавата. Сланината ја сечкаме на коцки. Коцките сланина ги ставаме врз парчињата компири и зелка. И ролатот и зеленчукот ги попрскуваме со масло за јадење. Посолуваме. Во тават го налеваме виното или пивото ???. Во тавата налеваме и околу 600 мл. вода. Ја затвораме тавата со Фино алуминиумска фолија. Тавата ја ставаме во рерна. Печеме 2 часа на температура од 225 степени. Триесетина минути пред крајот на печењето ја потстрануваме фолијата за месото убаво да порумени. Ја вадиме тавата од рерна. Го вадиме ролатот од прасечко од тавата и го ставаме на даската за сечење. Го отстрануваме готварскиот конец. Со нож Прасечкото печење на посебен начИн го сечеме на парчиња.
Чинијата за сервирање ја украсуваме со листови зелена салата. На едната страна на чинијата ги сервираме зелката и компирите. На другата страна на чИнијата скалесто ги редиме парчињата Прасечко печење на посебен начин. Декорираме со гранче рузмарин.

Не мора да е свинско, може да е и јагнешко нели?:wink:

Јагнешко во кари сос од ананас

- 3 главици кромид
- 5-6 каранфилчиња
- 200 гр. ананас од компот
- листови и корен од целер
- 50 гр. маргарин
- 3 варени моркови
- 1 коцка за супа
- половина лаж. кари
- половина кафена лаж. ѓумбир
- половина лаж. зачин ц
- француски магдонос
- капари
- 200 мл. бело вино
- 100 мл. хопла
- масло за јадење
- сол и црн пипер

Подготовка:
Кромидот ситно го сечкаме и го оставаме во сад настрана. Коренот од целер го лупиме и го сечкаме на коцкички. Ги сечкаме и рачките од целерот и заедно со коренот ги оставаме на чинија настрана. Морковите ги сечкаме на коцкички и ги оставаме на чинија настрана. Месото го сечкаме на парчиња како за гулаш и го оставаме на чинија.
Во тава за пржење на оган ставаме масло да се загрее. Во тавата додаваме и путер и мешаме за побрзо да се растопи. Во тенџере со зовриена вода на оган ставаме Кнор коцка за супа. Го покриваме тенџерето со капак. Во тавата со загреаната мрснотија ги ставаме парчињата месо да се пржат. Промешуваме. Во тавата го додаваме исечканиот кромид и промешуваме. Ананасот го сечкаме на коцкички и го оставаме во сад настрана. Карито го толчиме и го ставаме во сад настрана. Ги толчиме и каранфилчињата и ги оставаме во сад настрана. Во тавата го додаваме исечканиот корен од целер и промешуваме. Ги додаваме исечканите моркови. Го додаваме белото вино и налаваме од супата. Посолуваме и наросуваме мелен црн пипер. Промешуваме. Додаваме ѓумбир и кари и промешуваме. Додаваме капари, половина лажица зачин ц каранфилче и промешуваме. Ја покриваме тавата со капак. Оставаме да се вари 40- тина минути. Го тргаме капакот и ја промешуваме содржината во тавата. Ги додаваме ананасот и рачките од целер. Промешуваме. Магдоносот ситно го сечкаме и го додаваме во тавата. Додаваме 50 мл. хопла. Ја тргаме тавата од оган. Од јагнешкото во кари сос со ананас ставаме во чинија за супа. Одозгора потураме со малку хопла и декорираме со гранче француски магдонос.

Необични чоколадни корпички

Потребни состојки:
- 150 гр. чоколада за готвење за корпичките и 250 гр. чоколада за крем
- 4 јајца
- 200 мл. хопла
- 1 ванилин шеќер
- 6 хартиени корпички

Подготовка:
Чоколадата за готвење ја кршиме на коцки и ја ставаме да се топи на пареа. Мешаме за време на топењето на чоколадата. Садот со растопена чоколада го тргаме од оган и го ставаме на работната маса. Со готварска четка со растопена чоколада ги премачкуваме хартиените корпички. Корпичките ги редиме на чинија. Ги ставаме корпичките во замрзнувач да се стегнат. Откако чоколадата ќе се стегне со готварска четка корпичките ги премачкуваме со нов слој чоколада за готвење. Корпичките ги редиме на чинија. Повторно ги ставаме корпичките во замрзнувач да се стегнат. Садот го враќаме на пареа. Во него ја додаваме чоколадата искршена на коцки. Мешаме за чоколадата побрзо да се растопи. Непрекинато мешајќи во садот ја додаваме хоплата. Кршиме едно јајце и ја делиме жолчката од белката. Белката ја ставаме во поголем длабок сад. Жолчката ја додаваме во садот со растопена чоколада на оган. Мешаме со жица за матење. Го кршиме второто јајце и ја делиме белката од жолчката. Белката ја додаваме во садот со претходната белка, а жолчката во растпената чоколада на оган. Мешаме со жица за матење. Го тргаме садот од оган. Белките ги матиме со миксер. Во изматените белки го додаваме ваниниот шеќер. Го исклучуваме миксерот. Изматените белки со лажица ги додаваме во садот со изладена растопена чоколада. Хартиената корпичка ја отстрануваме, а формираните чоколадни корпички ги редиме на чинија. Чоколадниот крем го полниме во готварски шприц. Со готварскиот шприц ги полниме чоколадните корпички со чоколаден крем. Врз кремот наросуваме лупени сечкани бадеми. Корпичките ги ставаме во замрзнувач за да се стегне кремот.
Корпичките ги редиме на чинија за послужување.

Ролат од кокос

потребни состојки:

- 100 гр кокос
- 350 гр мелени бисквити
- 50 гр чоколадо за готвење
- 2 дл кафе, без шеќер
- 120 гр путер
- 300 гр шеќер во прав
- 1 ванилин шеќер
- 100 мл млеко

подготовка:
Во тенџере ставаме млеко и го ставаме на оган. Потоа додаваме путер и мешаме путерот да се растопи. Откако ќе се растопи путерот во тенџерето додаваме ванилин шеќер. Промешуваме и додаваме кокос. Убаво мешаме смесата да се соедини. Откако ќе се згусне го тргаме тенџерето од оган. Го ставаме на работната маса и го оставаме да се излади.
Потоа земаме едно тенџере, ставаме малку вода, и го ставаме на шпорет. Го вклучуваме огнот и во тенџерето ставаме друго тенџере, во кое ставаме чоколада да се истопи на пареа. Во еден подлабок сад ги ставаме мелените бисквити, шеќерот во прав и го додаваме кафето. Потоа со рака смесата убаво ја месиме.
Чоколадата во тенџерето повремено ја мешаме, за побрзо да се растопи. Растопената чоколада ја додаваме во садот. Со дрвена лажица мешаме смесата да се соедини. Ја оставаме смесата да се излади.
Откако ќе се излади, смесата ја вадиме од садот и ја ставаме на најлонска фолија. Најпрво со раце ја рамниме смесата, а потоа врз смесата ставаме уште една фолија и со сукало ја развлекуваме смесата до деблина од околу еден цантиметар. Фолијата ја ставаме преку смесата за да смесата не ни се лепи за сукалото. Откако ја развлековме смесата, го тргаме најлонот.
Потоа изладената смеса од првото тенџере ја истураме врз израмнетата смеса. Со помош на слаткарскиот нож рамномерно ја размачкуваме врз темната смеса. Со помош на долниот најлон внимателно го виткаме ролатот. Убаво го рамниме од двете страни. За да можеме убаво да го исечеме ролатот, го ставаме во фрижидер да се стегне.
Откако добро ќе се излади го вадиме ролатот од фрижидер и му ја отстрануваме фолијата. Со нож сечеме парчиња со дебелина од околу еден цантиметар. Исечените парчиња скалесто ги редиме на чинија за послужување.[/FONT]


Вака нешто ќе изгледа трпезата во мојот дом.:icon_mrgr
Може кај некои да е слична на мојата, може да не е, што е и нормално. Па со што ќе е збогатена вашата трпеза за дочекот на новата година? Постирајте некој рецепт, па дури и слика.:wink:
 

IsidoraD

Neko to od Gore vidi Sve!
Член од
18 октомври 2005
Мислења
671
Поени од реакции
29
Eve i jas da dodadam nekoi recepti,jas sekoja godina pravam bombici i toa od poveke vrsti.Brzi se a i ubavi,ja dopolnuvaat trpezata.


Bombici so susam

potrebno:
250g lokum
200g. susam
200g.orevi

Prvin vo tava go zaprzuvame susamot(10- 15min),potoa go stavame vo dlabok sad.Vo sadot go dodavame lokumot i mesime so raka a moze i so mikser.
pravime topcinja i gi valkame vo meleni orevi.


Bajadera
potrebno:
200g orevi
50g kakao
1 banila
150g meleni biskviti
400g seker
100g cokolado za gotvenje
150g puter
100ml voda
Vo sad se stava voda ,seker i puter.Se stava na ogin i se mesa dodeka ne se rastopat puterot i sekerot.Se trga od sporet i se dodavaat biskvitite i orevite.se dodava i vanila.Se mesa dodeka smesata ne se soedini.Potoa se deli testoto na dva dela.
vo edniot del se stava cokolado,prvin go stavame beliot del i go maznime so noz.potoa se dodava i crniot del i se izramnuva.na kraj se dodava topeno cokolado i seckani orevi.
Treba da stoi vo frizider za da se stegne.

ps.Od istoto testo mozat da se pravat i bombici.Mnogu se vkusni|
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Сигурна сум, дека кај секој од нас, во круго на фамилијата, постојат одредени врсти на десерти, кои се подготвуваат токму во определен период во годината, односно на определен празник, роденден и сл.
Мислам на определена врста колачи, торта, ролат, пита и слично, кои кога се ближи определен празник или сл, знаете дека ќе ги има на трпезата, а ви се невообичаени во останатиот дел од годината..


На пример, кај мене дома, вообичаено е за Нова Година, мајка ми да направи обланди со фил од таан алва и чоколадо, всушност тие се десерт кој кај нас се јаде само овој период. Или на пример, за роденденот на мајка ми, традиционално она прави Стамбена торта, итн итн.

Кој е карактеристичниот традиционален празничен десерт кај вас?
 

Famous Last W

I LoV3 YoU..
Член од
24 август 2007
Мислења
1.515
Поени од реакции
5
Па мајка ми за Нова Година обично прави баклава и сите јадеме баклава за десерт, а заборавив и обланди :>)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
788
Поени од реакции
23
мајка ми за Нова Година прави баклава со ореви и смокви , обланда со алва и чоколадо , сникерс, чоколадни корпи и торта урма многу благо прави
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
ledeni kocki, kolac torta, oblandi ...
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Сарма од кисела зелка
Потребни состојки:
- 1 кгр. мелено месо мешано (говедско и свинско)
- 150 гр. сланина
- 2 кисели зелки
- 50 гp. ориз
- 2 главици кромид
- црн и црвен пипер, сол, вегета и зејтин

Подготовка: Исечкајте го ситно кромидот, и ставете го во сад со зејтин да се пржи. Откако ќе порумени додајте го меленото месо. Ставете малку вода и оставете да се испржи убаво. Пред крајот додајте сол, вегета, бибер и оставете уште 10 минути да се пржи. Потоа тргнете го месото од оган и додајте црвен пипер (2-3 дрвени лажици) и оризот. Земете ги зелките и вадете листови. Отсечете ги жилите од листовите и ставете од месото и виткајте сарми - големина по желба. Во подлабок сад ставете на дното неколку листа од зелката и редете ги сармите една до друга. Сланината исечете ја на подебели листови и ставете ја меѓу сармите. На крај прелијте ги со вода, за да се покријат сармите. Затворете го садот сo алуминиумска фoлија и ставете го во рерна да се вари 3-4 часа на умерена темпераryра од 150°. Потоа извадете ја фолијата и оставете уште половина час да се пече сармата и да добие светло кафена боја.

Kaсато торта
Потребни состојки:
- 1 маргарин кристал
- 150 гр. шеќер во прав
- 2 чоколади за готвење
- 3 жолчки
- 500 гр. бисквити
- 200 мл. млеко
- 200 гр. сецкани ореви
- 200 гр. сецкани желе бомбони
- 100 гр. суво грозје прелиено со 1 лажичка рум
- 100 гр. кокос
- 100 гр. сецкани крем банани

Подготовка:Ставете го маргаринот да се растопи и додајте го шеќерот во прав и една чоколада. Кога ќе се излади ставете ги трите жолчки и промешајте. Бисквитите скршете ги на ситни парченца и попрскајте ги со ладното млеко. Додајте половина од оревите, крем бананите, кокос, желе бомбони, суво грозје и мешајте заедно со половина од смесата со растопениот маргарин и чоколада. Потоа додајте ја уште половината од намирниците и смесата. Ставете на кутија за торта и формирајте облик по желба. Оставете ја да се олади 1 час и потоа на пареа стопете 1 чоколада па посипете ја тортата и вратете ја повторно во фрижидер.
Треба да ви излезе вака :pipi:
 
H

HITCH

Гостин
Моето омилено јадење:

Јагула

1 јагула
250 гр. вински оцет
2 лажици масло
3 главици лук

Одерете ја јаryлата (ако не знаете како речете им во рибарницата од каде ќе ја купите да ви ја средат :smir: јас сама си ја чистам дома), исчистете ја и убаво измијте ја вo 3-4 ладни вoди. Потoа засечете ја само од една страна со нож до коската и ставете ја вo земјана тава во круг со засечениот дел од горната страна, посолете ја и во секој засек ставете по едно чешне лук. Ставете ја тавата во рерна да се пече 1 1/2 час. Извадете ја тавата од рерна и истyрете го сокот во кој се печела јаryлата. Во друг сад ставете 1/4 литар оцет, 2 лажици зејтин и исцеден сок од 2 главици лук. Сетo тоа добро прoмешајте го и прелијте ја јагулата, па вратете ја во рерна да се пече уште 1 1/2 час. Се служи со caлaтa по желба.
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Што најчесто подготвувате за празниците? Без што не можете да ја замислите вашата празнична трпеза? Колку посветувате внимание на декорирање на храната?
Како изгледа вашата празнична трпеза (со слика) ?
 

Олимпија

Македонија во срцето!!!
Член од
26 март 2008
Мислења
5.624
Поени од реакции
9.146
Де бре, зашо уопште се мучевте да ја отварате темава и да пишете по цела една реченица/слика? :tapp:
Зарем само прасечко јадете за празник или мајонез салата? :confused:
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.206
Поени од реакции
34.442
Што најчесто подготвувате за празниците? Без што не можете да ја замислите вашата празнична трпеза? Колку посветувате внимание на декорирање на храната?
Како изгледа вашата празнична трпеза (со слика) ?
Јас ретко подготвувам, ама се трудам да и помогнам на девојка ми (да и се позлатат рацете), која одлично се снаоѓа во кујната :)
Празнична трпеза lvl 99:
- Кифлички;
- Кикирики;
- Руска салата;
- Пинџурчиња/ајварче;
- Свинско месо;
- Печени пиперки;
- Сарма;
- Бајадера;
- Црвено вино;
- и тн...

Околу декорирањето, признавам само декорирање на празничните колачиња (десертот) и руската салата :)
Ај декорирај го прасечкото во празничен дух да те видам :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
не знам кај вас како е, ама кај нас веќе стана традиција да покрај месата , салатите (да не ги набројувам) обавезно се прават за НГ кранчовите кои не да се вкусни- туку чинам повкусно нешто нема(можеби затоа што се прават само еднаш годишно:pos: ) а за Божиќ обавезно оној ролатот -кој незнам како се вика , јас го викам само Божиќен и е од 1кг мелени ореви , мед многу- незнам количина и мелени урми (поснен али е феноменален) - можеби имаше уште нешто во него -:unsure:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom