Право на годишен одмор

Член од
7 јуни 2015
Мислења
16
Поени од реакции
2
Имам прашање во врска со годишниот одмор.
Се вработив на 1 јули 2014 (и претходно работев но, на проект што значи не ми течеше стаж, одморот беше поинаку регулиран) и до крајот на годината односно до 31 декември, 2014 имав за користење 12 дена (по 2 дена месечно акумулирани денови за одмор) кои ги искористив пред истекување на 6те месеци односно пред Нова година зошто така ми рекоа дека морам.
Прашањето ми е дали ми следува и дали имам право на т.н. стар одмор и уште денови кои треба да ги искористам до 30 јуни?
Прашав на две места, едните ми рекоа немаш стар одмор, ти следува само нов одмор за 2015 година. Други ми рекоа после истекот на шестиот месец веќе имам право на стар одмор зошто сум искористила само 12 дена, а до 24 имам уште за користење.
Некој совет? Фала
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Колку што знам одморот оди по календарска година а не по буквална година од денот на вработување. Така да од ова кажаново си имал за лани денови си ги искористил. Сега имаш од оваа година кои ако сакаш користи ги сега ако не понатака до нова година. Е сега дали ако до нова година не ги искористиш сите ти се префрлуваат во наредната календарска или ги губиш тоа некој друг со повеќе знаење нека каже. :D
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Нема собирање на одмор со години. Ако не го искористиш се брише за следна зависно како е регулирано некаде е до 31 Јануари следна година. И потоа - немаш стар одмор се брише.

Иначе ако се акумулира така одморот некој за 11 години може година дена да си седи дома оти има стар одмор :)
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Еве ти цел линк за годишните одмори.
 
ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.607
Нема собирање на одмор со години. Ако не го искористиш се брише за следна зависно како е регулирано некаде е до 31 Јануари следна година. И потоа - немаш стар одмор се брише.

Иначе ако се акумулира така одморот некој за 11 години може година дена да си седи дома оти има стар одмор :)
Интересно во Австралија ова е регулирано до истекот на наредната година. Лани кога имав братучед на гости ми кажа за ова акумулирање и ми беше чудно малку во споредба со кај нас. Би било интесно и овде да може исто. На две години континуирано вработување во иста фирма да си имаш два месеци слободно.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112

Зависно од фирмата/договорот во Австалија можеш да акумулираш одмор со години или да бараш ти биде исплатен. Покрај годишниот одмор на секој 10 години работа за иста фирма ти следува long service leave - додатен 3 месечен платен одмор...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зависно од фирмата/договорот во Австалија можеш да акумулираш одмор со години или да бараш ти биде исплатен. Покрај годишниот одмор на секој 10 години работа за иста фирма ти следува long service leave - додатен 3 месечен платен одмор...
И како рече се вадат документи за Австралија? :D

Овде мораш да искористиш 30 работни дена одмор (зборам за мојата струка, али верувам сите се над 25 дена работни годишно) до 31 Јануари следна. Ако не ги бришат. Акумулација постои во некои фирми доста интересно се акумулира за до пензија. Пример последните десет работни години не зема одмори и оди порано во пензија. Ствар на договор внатрешен.

Иако сите комбинираат со приватно осигурување кое го плаќаат и на 55 си заминува во пензија со парите од осигурувањето до годините на право на пензија.

А за 3 месечни бонуси досега немам слушнато. Стварно одлична идеја за 10 години работење.

Колку е трудничко таму?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
@leandra

Во АУС имаш 4 недели годишен одмор независно од стажот. Некој струки/работни места бараат да искористиш дел од одморот во одреден период (законски мислам можат максимум 2 недели да ти бараат да користиш кога они сакаат) мада тоа е релативно ретко.

За пензија овде сите имаат приватен пензиски фонд во кој работодавецот уплаќа 9% (тоа е минимумот) од твојата бруто плата. Ако сакаш повеќе за во пензија можеш сам да си доплатиш односно да пренасочиш дел од платата кон пензиско и со тоа си ослободен од данок... Парите од пензиско можеш да ги подигнеш на 60 год како пензија или целосна сума. Ако не ти стигнат (рачунај во најмала рака еве и со 20 год стаж тоа би биле некој пола милјон долари минимум) или ги искоцкаш имаш право да бараш социјална помош што е окулу 700е месечно.

3 месечниот одмор е супер работа и за вработените и за работодавецот. Ако не смениш работа првите 3-4 години тогаш почнуваш на тоа да мислиш... После 7 година мислам имаш право да го користиш прората така да веќе скоро сите се лојални :D на фирмата... Тоа е добро и за работодавците, помалце трошоци за тренинг итн итн....

За трудничко немам поима, ама не е нешто посебно, менуваа доста овие 2-3 год. Разгледај за Канада и посебно ЧЕШКА која мислам дека нуди 70% од платата за период од 2 години или така нешто...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Убаво е организирана Австралија убаво.

За трудничко и овде е 70% од плата со можност до 3 години, каде трудничко може да земе и партнерот и овде речиси сите го користат тоа право. Тоа право за мажите следи и во Македонија само од пусти срам некои си 30 души го искористиле. А и те како е потребна помош од двајцата дома.
Добрата вест е што кога имаш над една година стаж во фирмата при пријава на бременост сите закони те штитат и казните да те избрка некој се доста големи, а тужбите и те како ефикасни на таква причина.

Како е Азија организирана пензиско?
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
12.071
Поени од реакции
22.112
Азија е хаос... Зависи каде. Хонг Конг е слично на австалија со приватни фондови, Кина, Индонезија, Малезија и Сингапур се државни фондови и пензија имаш зависно од тоа колку пари имаш инвестирано што е ОК мада освен Сингапур и до некаде Малезија другиве ќе имаат проблеми, Тајланд, Филипините и Виетнам се нешто ко МКД што беше, државно и зависно од фирма/струка итн, овие сигурно наебуваат. Добра работа за нив е што во голема мера работите се ко во МКД, блиски фамилии па се очекува децата до некој степен да ги помогнат родителите посебно поголемите фамилии.

Идеална работа ти е да се „пензионираш“ во Азија. Со западњачка пензија ќе живееш ко крал, слуги, шофер, готвач што ти душа сака :D
 
Член од
7 јуни 2015
Мислења
16
Поени од реакции
2
се акумилираат првите 6 месеци на вработувањето, и тоа 2 дена на месец, т.н. пропорционален дел од одморот. ама сега повторно не ми е јасно, имам уште денови од лани, односно стар одмор што треба да го искористам до 30 јуни или не?

Нема собирање на одмор со години. Ако не го искористиш се брише за следна зависно како е регулирано некаде е до 31 Јануари следна година. И потоа - немаш стар одмор се брише.

Иначе ако се акумулира така одморот некој за 11 години може година дена да си седи дома оти има стар одмор :)
[DOUBLEPOST=1433747152][/DOUBLEPOST]според ова имам уште денови што можам да ги искористам до крај на јуни, така?

Работникот кој за прв пат заснова работен однос (воопшто, не кај конкретниот работодавач) се стекнува со право на користење цел годишен одмор (од 20 до 26 работни дена) кога ќе оствари непрекината работа од најмалку 6 месеци, независно дали работи полно работно време или пократко. При тоа мора да се знае дека работниците, во случај на прво вработување, кои се пријавени на определено работно време кое е помало од 6 месеци формално правно немаат право на користење на цел годишен одмор, затоа што во тие 6 месеци биле пријавувани и одјавувани, без разлика што се работи за ист работодавач и помеѓу пријавувањето нема пауза. Тие имаат право на користење на пропорционален дел од годишниот одмор и тоа по два работни дена од секој месец работа.

Еве ти цел линк за годишните одмори.
 
Член од
21 октомври 2011
Мислења
1.718
Поени од реакции
2.523
се акумилираат првите 6 месеци на вработувањето, и тоа 2 дена на месец, т.н. пропорционален дел од одморот. ама сега повторно не ми е јасно, имам уште денови од лани, односно стар одмор што треба да го искористам до 30 јуни или не?

[DOUBLEPOST=1433747152][/DOUBLEPOST]според ова имам уште денови што можам да ги искористам до крај на јуни, така?
Не!
Си имала 12 дена, си искористила 12 дена, останале нула. Немаш стар одмор, односно неискористени денови од минатата година.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Што се случи со годишните одмори кај нас?

Годишните одмори кај нас имаат само вработените во државните институции.

Ретко некоја приватна фирма кај нас што обезбедува годишни одмори, дури и неделните одмори ќе ти ги пиши во годишен. А и да ти даде годишен одмор максимум една недела со вклучен ден во(не)работниот ден недела и еден ден во то време државен празник. И ко ќе ојш на банкомат за земање плата ќе видиш тој месец имаш едно 2.500 - 3.000 денари помалце... И во меѓувреме ако газдата те пуштил на годишен може да те повика ден-два на работа, ти вика имат работа се брзаме во недела вечерта треба да замини шлеперот... А и тие два дена што те викнал воопшто нема да ти ги надокнади во следниот одмор, а ниту ќе ти даде бонус плата...

Боловањето во приватното се пиши во годишен одмор. А и ретко некој приватњак што ти признава боловање. Ама боловање си е боловање годишен си е годишен... Ко ќе се вратиш од боловање на местото твое ќе си најдиш друг човек, ќе ти рече газдата па не ти сум јас тебе социјална установа!!!

Во угостителскиот и фурнаџискиот сектор некаде нема и неделен одмор, а не пак годишен.

Во некои угостителски објекти и пекари од 365 дена во годината од 357 до 363 дена си на работа...

Одмор таму можеш да имаш само доколку се реновира објектот, или доколку УЈП стават пломба една недела, а можеш и да имаш и траен одмор ама доколку скроз се затвори објектот...
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Во IT секторот речиси и да нема фирма што не запазува, само голем дел од вработените таму се амбициозни и самите си кратат од одморот за да завршат што е можно повеќе проекти.
 
Zaptija Stojkov

Комунист
Член од
23 февруари 2010
Мислења
3.126
Поени од реакции
2.764
Во IT секторот речиси и да нема фирма што не запазува, само голем дел од вработените таму се амбициозни и самите си кратат од одморот за да завршат што е можно повеќе проекти.
Нормално за ИТ секторот дека не им е проблем да си го скратат одморот па дури и воопшто да не го искористат.

Работата не им е тешка по цел ден се на стол, нити се потат, нити се изложени на промаи, хемикалии не вдишуваат, нити креваат нешто потешко од пенкало, виљушка, лајца...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom