Правото, човечноста, моралот...

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Ме инспирираа случаите „бачило“ и она најновото со денационализираните земјишта во Скопје.
Како правник, ме иритира работата на колегите ми кои во желбата за пари одат дотаму што забораваат на се она кое некогаш го учеле на факултети, потполно ја губат човечноста, и го злоупотребуваат правото за лични цели и интереси.
Знаете ли што е за некои луѓе денационализацијата? Да бидеш богат и да ти земат се? И да те исфрлат на улица, понижен, етикетиран... И се реши да се исправи таа неправда, ама некој замешал прсти, и...уште една неправда. Бидејќи моето потекло е од таква фамилија, на која 1946 - 1950 и било одземено буквално се, знам како дедо ми умре, со мисла за неговиот имот, знам како се радувавме кога добивавме земјиште назад...
Каде е моралот да се оди контра сите закони, контра сите правила, контра човечкото во човекот. Кој е кредибилитетот на тие луѓе да рушат достоинството на цела една професија? Случајот „Бачило“? Најверојатно флагрантно изигрување на законите со цел оштетување на спротивната страна (во случајот државата). И пак правници се во игра... За жал.
Каде отиде идеалот за потрагата по вистината. Каде е правдата, правичноста.... За жал, тие се слееја во поимот ЕВРО.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom