Еве сега и нешто друго од Правниот факултет....
Сите акредитирани насоки на мастер студиите водат кон звањето магистер по правo, проодни се за полагање на правосуден испит како и за упис на докторски студии; (значи треба да се запишеш на тие студии, за да полагаш правосуден)
или ова....
Доколку не биде променета регулативата за регулираниот дел на правната професија, Правниот факултет ќе издаде соодветна диплома за завршено образование по завршувањето на четвртата година на студии односно стекнувањето на 240 кредити. Со оваа диплома студентите ќе можат да ги вршат сите работи од регулираниот дел на правната професија и да полагаат правосуден испит. (значи после дипломирањето, после трета година по ЕКТС,јас нема да земам диплома, туку ќе треба да чекам да завршам и четврта на постдипломски)??!!
и уште ова...
Дополнително ќе се разгледува начинот за упис на мастер студии на студенти кои завршиле четиригодишни додипломски студии по старата наставна програма.
(И сега??!!!)...па правници, повелете толкувајте...