Правосмукалка

Дискусија во форумот 'Дом и семејство' започната од Srcee, 3 април 2013.

  1. Srcee

    Srcee Unforgettable

    Член од:
    29 април 2008
    Мислења:
    5.265
    Допаѓања:
    3.466
    Ама иста е ко таа на сликата, Самсунг, 1600 w. 3.300 ден.
    За светло индикатор не знам, ми немаат спомнато.
    Па ваљда ти можеш да ја користиш ќесата појше пати де, ама ако ептен неможеш да ја поднесеш нечиста, не смееш да ја миеш, подобро ти е нова да купиш.
    Свекрва ми порано имале иста, само без стаклениот сад, и она рачунај ја миела ќесата па правосмукалката и траела 5 години, што е многу мислам. Така да и да нема ќеси од кај да купиш, на крај краева можеш да ја испереш ќесата. Не е дека одма ќе се расипе.
     
  2. Zebar

    Zebar

    Член од:
    19 март 2013
    Мислења:
    803
    Допаѓања:
    595
  3. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    9.247
    Допаѓања:
    8.269
    Под „сува„ правосмукалка мислиш на воздушно филтрирање на всмуканиот воздух. Јас земав Самсунг, следниов модел (со кесички):
    http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_126_102&product_id=199558

    Прилично задоволен, или поточно до сега никаква забелешка немам а правосмукалката работата си ја врши добро. Мој совет за концепт е: да биде со со кесички, и обавезно со циклон филтер (пишувано е поназад подетално за циклон филтерот и за другите видови на правосмукалки со воздушно филтрирање). Повеќето (покрупното) ѓубре останува во циклон филтерот и кесичката за ѓубре многу поспоро се полни.
     
    На Zebar му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Forza Milan!!!

    Forza Milan!!!

    Член од:
    1 јуни 2011
    Мислења:
    18.903
    Допаѓања:
    28.329
    Оваа од 5999 ден малку е појака, но и таа Самсунг со моќност 1600 W од 3299 ден врши работа за домашна употреба. Каква и да избереш обавезно гледај да е со циклон филтер. ;)
     
    На Zebar и Vanlok им се допаѓа ова.
  5. Zebar

    Zebar

    Член од:
    19 март 2013
    Мислења:
    803
    Допаѓања:
    595
    На таа што ја напишав има и сад и кеса или тие погрешно препишале?
    А тие други филтри (Хепа и другите) се сметаат како потрошни (дали ќе можат да се најдат кај нас по неколку години)?

    За циклон филтер знам, не земам без него. Теоретско прашање: Дали би имало штета да купам (ако уште има да се најде, не сум проверил) посебен циклон што се додава на рачката и да ја возам со двата истовремено?
     
  6. moongoses

    moongoses

    Член од:
    21 октомври 2011
    Мислења:
    1.154
    Допаѓања:
    987
    Јас имав од тие со сад лг или самсунг беше, демек полесно се чисти и одржува, па ваков филтер, па онаков филтер и триста други маркетиншки финти. Садот од 2-3 литра запремина, требаше да се испразни после неколку користења. Но треба комплетно да се измие, заедно со сите делови во него затоа што прашината се лепи и не може да се истресе како поголемото ѓубре. При тоа се прво се прави облак кога ќе го истресеш садот во кеса за ѓубре, а после кал во кадата или каде веќе ќе се мие. Така да беше потполно непрактичен иако на силата за собирање не можам да се пожалам.
    Среќа се расипа па по препорака купив „буре“ тип, како на сликава. Не е тој на сликата, ама од тој тип е.
    [​IMG]
    20 литра зафатнина на кесата, ја менуваме после речиси две години редовно користење. Заменска кеса 100 денари на зелен пазар. Собира се живо, може да собира и течности, а може да се користи и за дување. Со шест тркала е, значи стабилен како и да го тегнеш и на запиња на повисоки ивици од теписи како овие останативе.
    Така да топло препорачувам некоја правосмукалка од овој тип.
     
  7. Vanlok

    Vanlok deus ex machina

    Член од:
    30 мај 2009
    Мислења:
    9.247
    Допаѓања:
    8.269
    Последно што гледав/прашував имаше заменски филтри и кеси, и наводно „ќе имало„ и следниве години. Е сега некој не ти гарантира до кога и дали воопшто.
    Инаку јас уште го користам истата кеса/филтер, еднаш на неколку месеци (редовно користење) се празни/тресе кесата. Циклон филтерот врши многу работа, пошто многу од ѓубрето останува во него (после само го тресеш во корпата со ѓубре).

    Како што ти напишаа има и варијанти без кеса, и ѓубрето се собира во поголем провиден сад кој треба редовно да се чисти. Голема заебанција.
    Правосмукалките со кеса се многу, неспороредливо повеќе, попрактични. Но и нешто послабо всмукуваат (на иста моќност споредено).


    Теоретски е можно. Но во пракса мислам дека ќе ослаби силата на всмукување, пошто спецификациите на моторот не се предвидени за два такви филтри.
     
  8. ****NEMESIS****

    ****NEMESIS****

    Член од:
    24 јули 2008
    Мислења:
    568
    Допаѓања:
    64
    Некоја правосмукалка до 6000 ден? Кои се добри и лесни за одржување.......
     
  9. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    9.638
    Допаѓања:
    4.179
    Имам Раинбов од пред 25 години, ама сега земав плус една помала, Горење,
    VC1615G
    [​IMG]
    ја користам само со книжна кеса, филтерот спрема надвор го извадив. Кесата е мала, но бидејки има циклон не се полни, но сепак ако се всисуваат теписи хартијата се затнува, мене после 8-9 всисувања ми е црвената ознака на 50%, ке го менувам кесето. Можело и само со платнената врекичка, но таа не се пере, треба да се издува со воздух или можеби да се исчисти со друга правосмукалка, на пример со Раинбовот, а да имам 2 платнени кеси , една спремна чиста ?
     
  10. Svirac_bt

    Svirac_bt

    Член од:
    14 ноември 2013
    Мислења:
    25
    Допаѓања:
    19

Сподели преку: