Правосмукалка

Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Имаме Цептер на вода и мене ми е катастрофа. Не само што е изгор скапа, како тенк е голема и нема шанси спонтано да земеш некаде да исчистиш, процедури се да ја склопиш, расклопиш, исчистиш, истуриш водата зашто ако ја оставиш неистурена засмрдува а зажалуваш воопшто што си чистел.

Никогаш повеќе на вода, само обична квалитетна да можеш за 5 мин да собереш прашина без да му мислиш или претходно планираш (по можност со хепа филтер).
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.697
Поени од реакции
20.960
Земи најобична каква сакаш но обавезно купи си циклон филтер.Тоа е му е мајката. Ни вода ни бутур ни слични заебанции.
Е сега колку пари ке дадеш за правосмукалката толку подолго ке те служи, но без циклон филтер не ни помислувај да метиш. Заштедва нерви време и пари, башка моќта на вшмукување секогаш ке остане на завидно ниво отколку да го нема тој филтер, пошто тоа филтрите какви сака нека се и од злато нека се подложни се на затнување, а со самото тоа се намалува протокот на воздух, па се гуши моторот, па загрева па прегорва.
Кај циклонот нема такви филтри, туку работи на чиста физика така да нема шанси нешто да затни или да се намали протокот.
Ако и нешто му избега, секогаш се тука останатите филтри кои си ги има правосмукалката кои ке ги дофатат, но разликата е во тоа што не се толку оптеретени и ке треба да помини повеќе време за да се исчистат или заменат. За кеси да не ни правиме муабет.
Јас имам некоја марка што не знам ни јас што е, некоја ш класа од правосмукалка, па ете да не ја почудам веке 7 година му е. Освем што одвреме на време ке му ги замијам тие филтрите( сунгер најобичен, ништо фенски како хепа филтри или така нешто)и кесата, друго посебно немам ништо направено.
Инаку за квалитетна правосмукалка која оригинал е направена да работи на циклон филтер( мислам дека е и првата на тој принцип што работи) се од оваа фирма. Малце скапички се мислам и не се исплаќа да ја имаш кога и најобичниот циклон филтер што се додава на самото црево врши сосем солидна работа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Имаме Цептер на вода и мене ми е катастрофа. Не само што е изгор скапа, како тенк е голема и нема шанси спонтано да земеш некаде да исчистиш, процедури се да ја склопиш, расклопиш, исчистиш, истуриш водата зашто ако ја оставиш неистурена засмрдува а зажалуваш воопшто што си чистел.

Никогаш повеќе на вода, само обична квалитетна да можеш за 5 мин да собереш прашина без да му мислиш или претходно планираш (по можност со хепа филтер).
Јас мислам дека и двата вида правосмукалки (доминантно присутни на пазарот) имаат јаки страни. Водните филтри за дефакто подобро чистење без издувување назад на дел од прашината, „воздушни„ филтри за компактност и едноставност.

Затоа според мене е најдобро да имаш дома и од двата вида, една поголема со филтер на вода за генералки, и една помала и покомпактна и по можност со циклон филтер за брзи зачистувања од помал размер.

Зошто да се одбира кога може да се има најдоброто од двата света.
 
Член од
23 март 2011
Мислења
1.032
Поени од реакции
945
У Скопјено ја викаат ,,Уссисавачo_O
--- надополнето: 6 април 2013 во 13:50 ---
инаку земи филипс ,мојава е филипс 5000 ден и нема мака
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.733
Поени од реакции
7.545
У Скопјено ја викаат ,,Уссисавачo_O
--- надополнето: 6 април 2013 во 13:50 ---
инаку земи филипс ,мојава е филипс 5000 ден и нема мака
Бидејќи добро усисава.:sneaky:
 
Kaiser

Hidden Fortress
Член од
6 мај 2011
Мислења
3.202
Поени од реакции
2.443
Јас мислам дека и двата вида правосмукалки (доминантно присутни на пазарот) имаат јаки страни. Водните филтри за дефакто подобро чистење без издувување назад на дел од прашината, „воздушни„ филтри за компактност и едноставност.

Затоа според мене е најдобро да имаш дома и од двата вида, една поголема со филтер на вода за генералки, и една помала и покомпактна и по можност со циклон филтер за брзи зачистувања од помал размер.

Зошто да се одбира кога може да се има најдоброто од двата света.
Ич не сакам да морам унапред да планирам кога ќе чистам а со „тенков“ морам, цела процедура е да го припремиш додека почнеш да чистиш а после тоа мора се да се зачисти кај водата инаку станува неиздржливо и еден ден ако ја оставиш внатре.

Со обичен е спонтано, за 5 мин си готов, ја враќаш каде стои и тераш понатаму, барем за мене нема веќе дилема дека следната ќе биде обична.

Се слагам дека е убаво да се имаат двете ама за домаќинка што и е мерак да чисти, сам ако мораш пак би преферирал обична :).

У Скопјено ја викаат ,,Уссисавачo_O
True, усисивач у зборење, правосмукалка за пишување :)
 
е па,Говорете Македонски ))))
 
Член од
31 март 2010
Мислења
24
Поени од реакции
12
И двете имаат и предности и недостатоци. Пр. со таа на вода можеш да собираш што ти душа сака, еднаш кога ја отворив просто се изначудив како ги собрало сите тие делови внатре :), ама проблемот е што не е за мрзливци, пошто ептен е досадно миењето. Понекогаш кога ќе ти треба набрзинка да исчистиш (ти најавиле гости дека ќе ти дојдат за пола саат, а тебе ти е како Хирошима и Нагасаки дома) :) е тогаш е фрка. Некако со овие на вода го нема оној специфичен мирис на правосмукалка (не знам како да го опишам подобро, некој чуден мирис), така што ми делуваат почисто. Се зависи каква личност си, дали не се замараш толку многу и гледаш да исчистиш за 5 мин или сакаш да одвоиш малку повеќе време (за плакнење на садот) :)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Каква правосмукалка би ми препорачале?
Што мислите за правосмукалките на вода?
OK и јас сум буквално на истава дилема како и ОП.
Истражував мелку на темава и ги заклучив следниве работи:

- Правосмукалки со водено филтрирање се одлично решение од аспект на ефикасноста на филтерот. Но проблем е потребата од чистење на садот веднаш по секое чистење.
- Правосмукалки со воздушно филтрирање имаат помалку ефикасни филтри зошто дел од најфината најситна прашина излегува назад низ филтрите. Но затоа одржувањето и чистењето на правосмукалката се прави релативно ретко (во однос на тие со воден филтер).

Од сето ова заклучив дека треба да земам две правосмукалки, по една од двата вида. Правосмукалка со водено филтрирање што ќе се користи за поголемите чистења и друга, правосмукалка со воздушно филтрирање за почестите помали чистења кога нешто инцидентно треба бргу да се исчисти и за брзо пренесување на други места како кола, скали, итн итн.

Од економска страна гледано, не е дека нема логика купување на две правосмукалки: поделбата на чистењето би требало да го зголеми работниот век и на двата модела. Плус, заради таа поделба на амортизацијата нема да одам на најскапите модели... со што доаѓаме до изборот на модели за правосмукалки.

- Кандидат за правосмукалка со водено филтрирање:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_126_102&product_id=75621
•Правосмукалка на вода
•Моќност: 1800W
•Сад за вода со голем капацитет
•HEPA филтер +резерва
•Регулација на јачината
•Метална телескопска цевка
Цена: 6.199,00ден

Тоа што не го пишува во рекламите на продавачот е дека смукачката моќ е само 200W. Но од пријатели и познаници и од други муабети го фалат овој модел, наводно робусен и издржлив. Го разгледав овој модел во продавница и прилично е голем, гломазен и онака лаички и субјективно оддава чуство на робусност и издржливост.

- Кандидат за правосмукалка со воздушно филтрирање:
http://set.com.mk/index.php?route=product/product&path=1007_75&product_id=64663
SAMSUNG Правосмукалка VCC4135S37/BOL, Црвена боја, Моќност на моторот 1600 W, Всмукувачка моќ 320 W, ниво на бучност 83db, Собирање на прашина во кеса, Капацитет на садот за прашина 3.0л, Контрола On/Off, 6 степени на моќност, Cyclone Фитер, Микро Филтер на издув, Pena филтер на мотор, Дводелна челична цевка, Четка 2-Step (NB-250), додатоци за ќошина и пајажина, Витливо црево 360, Автоматско повлекување на кабелот, Радиус на движење 9,2м Цена: 3,299 ден

Главните предности на овој модел покрај препораките од пријатели и познаници, се дека: има циклон филтер, квалитетот на Самсунг со ОК цена во однос на конкуренцијата, релативно е преносна со некои 4 кила, важно е и дека ѓубрето се собира во кесичка која е за повеќекратна употреба.

Тука идеме до еден важен момент за правосмукалките со воздушно филтрирање, ги има два вида:
- со кесички за собирање на ѓубрето
- без никакви кесички за собирање на ѓубрето, туку ѓубрето се собира во провиден сад.

Предности на правосмукалките со сад за собирање на ѓубрето се тоа што нема трошоци за кеси за собирање ѓубре. Недостатоците се тоа што многу побрзо се полни садот со ѓубре и наводно помала усисна моќ имаат и треба често да се чистат филтрите внатре. Плус кога го чистиш садот со ѓубре се разледува прашина насекаде па треба тоа да се прави надвор, но во секој случај ќе се наголташ прашина и истата ќе се налепи на облеката.

Предности на правосмукалките со кесички за собирање на ѓубрето се дека собираат повеќе ѓубре и релативно ретко мора да се отвори правосмукалката за да се замани или испразни кесата за ѓубре.
Недостатоци се тоа што колку се полни кесата за ѓубре, толку се намалува усисната моќ. Друго е што кесите за ѓубре или кошаат додатни пари ако се за еднократна употреба или трошат време за чистење на кесата.

Јас ги гледав кесите за еднократна употреба за горниот Самсунг и искрено изгледаат исто како таа кесата што иде со правосмукалката (а наводно е платнена и за повеќекратна употреба). Материјалот е ист како оној евтиниот материјал што го ставаат во футролите за CD-DVD дискови, подлогата каде допира задниот дел од дисковите. Не можев за разумно време да најдам слика ама се чуствува како тенко платно а изгледа како перфорирана хартија. Кесата не оддава чуство за квалитет и изгледа дека нема да види многу употреба.

Би било убаво некој тука да пренесе некои искуства со кесичките ѓубре што се за повеќекратна употреба...
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496

Леле ние ваква иста купивме. Има и ќеса за собирање на ѓубрето и сад.
Јас повеќе бев за правосмукалка на вода, ама сопругов веќе неколку години ваква користеле и се презадоволни, па ваква зедовме.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Леле ние ваква иста купивме. Има и ќеса за собирање на ѓубрето и сад.
Јас повеќе бев за правосмукалка на вода, ама сопругов веќе неколку години ваква користеле и се презадоволни, па ваква зедовме.
Eпа ајде поконкретно напиши.
Прашајте таму како проаѓале со кесите за ѓубре, колку траат пред да се скинат тие фабричките кеси што идат со правосмукалката. Колку коштаат да се заменат. Поентата ми е да видиме колку е cost of ownership илити трошокот на користење на потрошен материјал.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Eпа ајде поконкретно напиши.
Прашајте таму како проаѓале со кесите за ѓубре, колку траат пред да се скинат тие фабричките кеси што идат со правосмукалката. Колку коштаат да се заменат. Поентата ми е да видиме колку е cost of ownership илити трошокот на користење на потрошен материјал.
Збориш за кесите во кои се собира ѓубрето? Продавачот нас ни рече дека ѓубрето повеќе се собира во стаклениот сад, и тој ќе треба да се мие после секое смукање, а ќесата ќе се тресе на 3-4 месеца. И рече никако да не се мие ќесата, ние поранешната правосмукалка така сме ја расипале. 5 ќеси ти се околу 200 денари, појше се исплаќа да си купуваш нови, зошто ете наводно ретко се менуваат.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.404
Збориш за кесите во кои се собира ѓубрето? Продавачот нас ни рече дека ѓубрето повеќе се собира во стаклениот сад, и тој ќе треба да се мие после секое смукање, а ќесата ќе се тресе на 3-4 месеца. И рече никако да не се мие ќесата, ние поранешната правосмукалка така сме ја расипале. 5 ќеси ти се околу 200 денари, појше се исплаќа да си купуваш нови, зошто ете наводно ретко се менуваат.
Mожеби не зборуваме за истата правосмукалка. Пред некој ден продавачот во Нептун (во Сити Мол) ми одговори дека кесата што оди со правосмукалката е предвидена за повеќекратна употреба. Правосмукалката има светло индикатор кој се пали кога кесата е полна. Кога ќе се наполни кесата, ја вадиш и ја празниш во ѓубре и потоа пак ја враќаш назад. Правосмукалката беше модел SAMSUNG VCC4135S37/BOL.

Иначе не се 200ден како што велиш туку 5 кеси се 430ден, и 700ден поскапите:
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_107&product_id=198534
http://www.neptun.mk/index.php?route=product/product&path=30_107&product_id=199724

Тоа колку често ќе ја менуваш/празниш кесата (3литри е волуменот), зависи од тоа колку често чистиш и колку ѓубре ти се прави дома. 3-4 месеци ми личи на мноогу оптимистичко предвидување.

Нејсе, и не е толку за додатниот трошок со кесите, колку што може да биде јак проблем некад кога ќе престанат да носат повеќе кеси за тој модел... кога ќе се деси тоа слободно можеш да ја фрлиш правосмукалката.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom