Православните Албанци во Македонија

Член од
28 јуни 2018
Мислења
746
Поени од реакции
922
Јас реков не знам, не сум запознат кои се и што се тие луѓе и не е чудо да има неисламинизирани Албанци. Ене има на неколку десетици километри водушна линија од наша граница, што да не би имало и тука. Ако им е мајчин јазик Албански тогаш логично е да имаат такви корени. Е сега тоа не значи дека ден денес истите не се Македонци. Етничката припадност е стејт оф мајнд и е менлива категорија. Сигурно дека не е некој од нас Македонец со генерации наназад од Александровата империја. Така што сосема можно е да има меѓусебно мешање и ненасилна асимилација. Проблемот е ако асимилацијата е присилна.
Pa ima neislamizirani albanci, nikoj ne spori toa. Imas i pravoslavni i katolici. I ima vo MK, zasto da nema.

Ama ovde e drugo rabotata, ne zborime za niv, tie si se Albanci. Tuka @puno ni protnuva tezi deka pravoslavnive albanci se so makedonsko ime i prezime i ustvari cel region okolu Bistra i Shar planina pogolemiot del od Makedoncite (pogotovo Mijaci, Torbesi, Skreti i Goranci i nivni potomci) se Albanci. Znaci Bigorski, Galicnik, Mavrovo, Gorna/Dolna Reka, GV, Kicevo, sve bilo albanci.

Nikoj taka ne se izjasnuva, no toa e zasto se plasele od Makedoncite i nivnata asimilatorska politika.

Se nadevam deka pojasniv
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.693
Pa ima neislamizirani albanci, nikoj ne spori toa. Imas i pravoslavni i katolici. I ima vo MK, zasto da nema.

Ama ovde e drugo rabotata, ne zborime za niv, tie si se Albanci. Tuka @puno ni protnuva tezi deka pravoslavnive albanci se so makedonsko ime i prezime i ustvari cel region okolu Bistra i Shar planina pogolemiot del od Makedoncite (pogotovo Mijaci, Torbesi, Skreti i Goranci i nivni potomci) se Albanci. Znaci Bigorski, Galicnik, Mavrovo, Gorna/Dolna Reka, GV, Kicevo, sve bilo albanci.

Nikoj taka ne se izjasnuva, no toa e zasto se plasele od Makedoncite i nivnata asimilatorska politika.

Se nadevam deka pojasniv
Ме фати за ова, браво, дури сум рекол дека сите словени се албанци ама не признаваат. Русија е албански збор за грозје.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
746
Поени од реакции
922
Ме фати за ова, браво, дури сум рекол дека сите словени се албанци ама не признаваат. Русија е албански збор за грозје.
Ај сеа не збори дал сум те фатил или не. ОК е, убаво си пишав јас, не ми се прај на подрум, Русии, грозје дрн дрн...

Објасни ни зашто балистите ги палеле селава во Горна Река ако биле албански.
И раскажи ни за Бигорски. Може и за Свети Наум, нели и тој беше Албански манастир :tapp:
М, @puno ?
 
Последно уредено:
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Еве податоци за село Лисец во 19 век :

Пред доселувањето на сегашното албанско население, Лисец бил населен со Македонско православно население. Албанците почнале да го населуваат ова село кон средината на 18 век, кога како најстар род се населил албанскиот род Шаља. Најголемиот дел на албанските родови се од областа Љура (во околината на Скадар, ден.Албанија).

Со се помасовното доселување на алабанските родови, истовремено, македонските родови почнале да се иселуваат во подолните полски села и во градот Тетово. Веќе во 1880-тите се иселил и последниот македонски род од ова село.

Дека имало континуитет помеѓу Македонците и доселените Албанци зборува и фактот што дел од топонимијата е словенска (името на самото село, месностите Стојанов котар, Попова Шапка и сл.). Селската црква постепено пропаѓала без православно население, за конечно врз нејзините темели во 1939 да биде изградено новото селско училиште.

Во средината на 19.век во атарот на селото е создаден и еден заселок - Расадиште, кога на ова место се населиле дојденци од Лисец од родот Џока. Тие тука имале свои трла и раскрчени ниви, па ова свое земјиште тие постојано го населиле.И денес овој заселок се вбројува при пописите како дел од Лисец.
Автоматски споено мислење:

Населување на Албанците во Македонија

Многу често од албански историчари и политичари слушаме дека албанците биле автохтон народ во Македонија, НO, тоа воопшто не е точно. Сите историски извори го тврдат сосема спротивното, односно дека Албанците се најдоцните дојденци во Македонија, дури турците се дојдени порано отколку првиот дојденeц албанец во Македонија. Историските сведоштва говорат дека првите Албанци во Македонија почнале да се доселуваат поинтензивно дури после средината на 18 век. И секој човек кој логично размислува и има малку познавања од македонската топонимија и археологија, ќе знае дека сите населени места каде денеска живеат Албанци некогаш биле чисти македонски места, со македонски топоними, со македонски цркви и гробишта, без никакви пишани историски извори или археолошки наоди од албанци се` до половината на 18 или 19 век. Каде има албански џамии или цркви, албански гробишта од 17 век во тетовско, госитварско, дебарско, струшко, скопско, кумановско?! Никаде!
Според отоманскиот попис на населението од 1430-1431 г., во Македонија немало воопшто Албанци. Веќе од средината на 15 век, со исламизацијата на Албанците, тие во мал број почнале да доаѓаат во Македонија како турски војници и наеминци, но сепак во многу минорен број. Во отоманскиот попис од 1452-1453 година, се забележани само 32 албански семејства на територијата на цела Македонија и тоа 31 семејство во вилаетот Калканделен (Полог) и 1 католичко семејство во Скопје. Овие албанци веќе во најголем дел биле исламизирани и отоманските власти ги обележувале како АРНАУТИ или АРБАНАСИ, како би се разликувале од староседелското. Имено, во пописните тефтери, отоманците на личните имиња на албанците додавале “Арбанас“ или “Арнаут“ за да ги разликуваат од староседелците, за кои немало никакви придавки за народност.
Отоманскиот попис од 1467-1468 г. забележува само 84 албански домаќинства на територијата на цела Македонија и тоа во следниве вилаети:
Попис 1467-1468 г.
Вилает Калканделен (Полог) 20 домаќинства
Вилает Ускуп (Скопје) 2 домаќинства
Вилает Пирлепе (Прилеп) 10 домаќинства
Вилает Ќипрјули (Велес) 3 домаќинства
Нахија Крчово (Кичево) 7 домаќинства
Нахија Мариово 1 домаќинство
Нахија Манастир (Битола) 41 домаќинство
Извор: ТДИМН. ОПД, т. III, с. 35–143 (вилает Калканделен), с. 150; ТДИМН. ОПД, т. I, с. 197–199; ТДИМН. ОПД, т. II, с.139–271 (нахија Манастир), с. 271–485
Првите шест албански села во Македонија


Албанците дошле на границите на Македонија во 1572 г. Французинот Филип Канаје го опишал заземањето на Качаник од страна на неколку како што лично запишал “албански групи на убијци и разбојници“ во 1572 г. . Во 1595 г. за прв пат во историјата е забележана албанска разбојничка тајфа која опљачкала неколку полошки села, а многу селани ранила и испоубила [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38].

Според отомански документ од 1597 г., околу 10.000 албански разбојници од северна Албанија, ограбиле и изгореле 27 села во западна Македонија, а во 6 од тие села, во дебарската област, се заселиле првите Албанци во Македонија. Значи, прво населување на Албанци во македонско село, временски датира 3 години пред почетокот на 17 век и тоа било во областа на Дебар.
Албанско населување во скопската област
Во отомански документ од 1595 г. за прв пат е забележано присуство на “арнаутски разбојнички групи“ во скопската област, но без албанско населување.
Албанците почнале постепено да ги освојуваат високите планински македонски села од скопска Црна Гора дури кон крајот на 17 век (Материали, 536. / “АРНАУТИ“ Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика" (с 11 карти), Издава Б'лгарското книжовно дружество в Софија, 1900 година, Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).
Албанците прво ги зазеле највисоките македонски села на скопска Црна Гора и после постепено слегувале кон ниските села. Село Брест до 19 век било чисто македонско село, во Љуботен албанците навлегнале на крајот на 18 век (пак таму, Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).
Германскиот патувач Хан во втората половина на 19 век ги посетил албанските села на скопска Црна Гора и самите тамошни албанци го известиле дека се преселени во скопските северни планини после австријските војни, што е крајот на 17 век (Hahn, Reise von Belgrad nach Salonik, Wien, 1868. стр. 70.).

До 20 век, на Китка и Црн Врв се населиле Албанци во 21 македонско село. Тие дошле од Косово во текот на 18 и 19 век, а жителите на Алдинци знаеле дека нивните предци дошле во Алдинци од Гњилане (Материали, стр. 523. / Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва. Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).

Во Скопското поле првите албанци се спуштиле дури во 19 век, за време на управувањето на Хамзи-паша, Албанец, кој етапно доселувал албанци од северна Албанија. [ J. Трифуноски, Скопско Поље, 358.]
Албанско населување на Полог

Почетокот на албанската населување т.е. заземање на Полог почнува од средината на 18 век. Сепак, тие во тој период претставувале многу мала малцинска група во Полог, се до првата половина на 19 век, кога со Полог владее албанецот Абдураман-паша, кој насилно и масовно населувал албанци од северна Албанија [ Ј. Трифуноски, Полог, с. 71-74.]. Голем дел од староседелското македонско население на Полог, било насилно поалбанчено, цели родови биле поалбанчени, како и многу жени и девојки под притисок на тетовските албански паши и нивниот зулум [ Ј. Трифуноски, Полог, стр. 38-39, 50-51.]. Истото се има случено и со Кичевија, каде најголемиот дел од тие Албанци се всушност од македонско потекло. Затоа, можеме да кажеме дека Албанците во Македонија се македонски браќа.
Албанците од с. Теарце биле заселени од тетовските паши, од Мат, Долен Дебар и призренско; албанците од с. Доброште дошле од Дебар и Љума. Во с. Длабочица, с. Стража и с. Култино албанците потекнуваат од Дукачин Љума. Во последното село, Абдурахман Паша во почетокот на 19 век ги избркал Македонците и населил Албанци ( Материали (Софија), 437, 439, 446-447).
Во Жеденската област до почетокот на 19 век живееле исклучително Македонци, но подоцна почнале и таму да се доселуваат Албанци од Реч и Долни Дебар.
Од албанските зулуми, Македонците од Полог масовно бегале и ги оставале празни селата. Васил К`нчов во последната деценија на 19 век ја посетил Македонија и опишува дека селото Горно Фалише до 1860 г. броело 30 македонски семејства, а во 1890 г. опустело, како и селата Палатица, Корито, Форино и Чајле, кои иста така останале опустени и празни (В. "Новини", год. II бр. 12, 13./ Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100). Македонскиот етнограф Трифуноски, спомнува дека и селата Катрање и Еребино ја споделиле истата судбина на опустување (Ј. Трифуноски, Полог, 39-40). На опустените македонски имоти и цели села, албанските паши населувале Албанци.

Еве неколку потресни вистинити историски приказни, како врз Македонците од Полог бил вршен етногеноцид. Во с. Лопушник, кон крајот на 18 век се доселиле тројца Албанци и со “зулум“ купилe земја oд селаните во Лопошник, плаќајки им на македонските сопственици на имотот само 60 гроша и така Албанците постепено го зазеле селото [Ј. Трифуноски, Полог, 183.].
Македонците од селото Железно Речане било на удар на качачките банди во почетокот на 19 век, а населението за ситница убивано, "трган народ", велеле мештаните [Ј. Трифуноски, Полог, 191.]. Македонските селани од Горна Ѓоновица биле убивани на паша, во шума, на нивите, им ја грабале стоката [Ј. Трифуноски, Полог, 210.]. Во тогашното македонско селото Симница, најпрво се населиле три албански семејства од Мат (Албанија) и со помош на други дошљаци од Албанија ја нападнале Симница и големиот манастир, кој постоел во селото. Сите калуѓери , освен еден, кој бил надвор од манастирот, биле убиени, игуменот на манастирот запален, а манастирот разорен. Манастирот 1936 г. бил обновен, но балистите повторно го разориле во 1943 г. [Ј. Трифуноски, Полог, 213.] И селото Џепчиште, како и сите полошки села пред 200 години било чисто македонско место, со манастир св. Богородица. Кога сите селани биле собрани на богослужба во манастирот "Турци" [муслимански Албанци] го запалиле манастирот заедно со селаните. [Ј. Трифуноски, Полог, стр. 347].
Албанизација на Кичевија

Овој поднаслов го нареков албанизација на Кичевија, а не населување на Албанците, бидејќи и сегашното албанско население на Кичевија има македонски корени. Зајаз, сега изразито албанско село, до 1740 г. било чисто македонско православно село. Првиот македонски етнограф, Томе Смиљаниќ - Браднина пред 90 години утврдил дека луѓето од Зајаз ги знаат своите муслимански претци до 7 колено, а од овие имиња после продолжуваат имињата на нивните православни предци. Православните старинци биле “Шопки“, па Албанците еден дел од нив истиснале, а друг дел исламизирале и поалбанчиле (Т. Смиљанић, Кичевија, 440-441).
Селото Црвивци било исламизирано околу 1760 г. Албанците удриле на селото од страна на Зајаз за Велигден, кога се играло оро, убиле многу луѓе, а жените ги заробиле и се вселиле како во своја куќа (Т. Смиљанић, Кичевија, стр. 431).
Селото Бериково, било муслиманизирано околу 1785 г., кога Албанците ги исламизирале жените и децата од селото, пошто мажите им биле на печалба (Т. Смиљанић, Кичевија, с. 437). Дел од македонското староседелско население на селото Колари избегало кон крајот на 18 век во Австро-Унгарија, а оние кои останале дома биле албанизирани (Смиљанић, Кичевија, с. 444).
Албанците во с. Јагол биле преселени од селото Блаце од Албанија околу 1830 год. Тогаш било и албанизирано селото Туин. Во с. Поповјани, с. Другово и с. Белица првите албанци се населиле околу 1840 год. од Дебар.
Албанизацијата струшко-дебарскиот крај

Иако Албанците прво проникнале во дебарскиот крај во 17 век, сепак до 19 век, апсолутното мнозинство на Голо Брдо и Дебарско Поле го сочинувале Македонци, рисјани и муслимани. Подлабоки етнички промени во дебарскиот крај настанале во 19 век, со албанизација на Македонците муслимани од повеќе села и населување Албанци од северна Албанија.
Васил К`нчов во својата книга за Македонија обајвена 1900 г., сведочи за поалбанчувањето на Македонците муслимани и населувањето на албанци во Голо Брдо и Дебарско Поле:
“Жителите (македонски муслимани) на селата Острени, Трново, Клене, Летен, Џепиште, Ербеле, Обоки, Макелари и др. претпочитаат да се кажуваат за арнаути и да говорат арнаутски. Торбешите од с. Раица, најјужно од подримските потурчени села, говорат повеќе арнаутски и се бројат за арнаути. Селата Вичишта, Голеишча и Писанки биле до почетокот на 19. век македонски, до пред 30 години биле половина македонски, а сега се населени од арнаути. Само во Писанки останаа уште 3 македонски куќи. Арнаутите идат од Горица и од други посеверни места. Уште посилен е притисокот на Поле (дебарко поле). Македонците исчезнале во почетокот на 19 век од северните села, а денес бегаат од сите други села поради страшните уништувања на кои се изложени. Селото Граѓани до скоро било македонско. Арнаутите дошле пред 50 години и сега тие се мнозинство. Има уште 8 македонски куќи, но и тие наскоро ќе бегаат. Македонци имало и до пред 30-35 години во арнаутското село Балании и во турското Коџаџик, но сите избегале. Тој крај е жестоко опустошен од арнаутските полкови на Али Паша, кои го уништија Божји Град во долината на р. Дрим, кон крајот на 18 век. Само во Река арнаутите уште не проникнале и тоа благодарејќи на торбешите од една страна и на фактот, што, тамошните македонски села се големи (види кај Васил К'нчов''.
"Македонија. Етнографија и статистика", Част п'рва. Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).
Населување на Албанците во Гора (Корча), област Мокра - Поградец и Струга

До 19 век, македонските етнички територии се простирале скоро во цела јужна Албанија. Во Гора (Корча) и Мокренската област населението било македонско, православно и поданици на Охридската Архиепископија. Во Кодексот на Охридската Архиепископија од 1761 г. се наоѓа Епископијата Горо-Мокренска и потписот на Горо-Мокренскиот (корчанско-поградечки) Епископ Јоаким (А.Шопов и Г.Стрезов, Кодекс на Охридската патриаршија. Сб.М. X. 569).

Охридскиот анонимен летописец од првата половина на 19 век, бележи две големи пустошења во Гора и Мокра (зап. охридски брег). Во 1805 г. арнаутски полкови ја опљачкале целата околина на Охрид, а во 1821 г. пишува летописецот Охридски за мокренската област “во Мокреница се` се запусти, сето имање го ограбија“ (Охридски летописни бележки, 6,16 / “АРНАУТИ“ Васил К'нчов, "Македонија. Етнографија и статистика" (с 11 карти), Издава Б'лгарското книжовно дружество в Софија, 1900 година, Част п'рва.Народи в Македонија. Арнаути., стр. 83-100).

Васил К`нчов во својата книга за неговото патување низ Македонија од 1900 г. запишува “арнаутски дошљаци од долината на Шкумба го иселуваат македонското население од западните делови на охридско“, селата Фердово и Калиште се поалбанчени целосно, а македонското население се иселува и од селата Лин и Радожда (пак таму).
70 години пред сведоштвата на К`нчов, доктор Муелер, кој патувал по западниот охридски брег на Струга и Поградец во 1837-1828 г., сведочи дека овој брег бил населен со Македонци, но почнале да се доселуваат и Албанци, па запишал дека селото Фердово имало мешано население од Македонци и Албанци, додека селото Калиште било чисто македонско село (D-r Joseph Muller, Albanien, Rumelien und die Osterreich-Montenegrische Granze, Prag, 1844. стр.69). Само 70 години подоцна, на почетокот на 20 век, немало трага од Македонци во тие некогашни чисто македонски села.

До 1870 г. жителите на областа Девол и Корча (денешна јужна Албанија) говореле македонски јазик. Поради албанскиот притисок, првенците на 50 села од овие области се заколнале да не говорат повеќе македонски, да не го пренесуваат македонскиот јазик на своите деца и да станат Албанци (Списание "Albania", 15–30 Juni 1898, p. 32.).
Од оваа произлегува дека голем дел од денешните Албанци имаат и македонски корен .
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.693
Така што сосема можно е да има меѓусебно мешање и ненасилна асимилација. Проблемот е ако асимилацијата е присилна.
Бранко Манојловски вика дека била присилна асимилација, ги терале да одат по училишта на српски јазик.
Но и ги мотивирале со високи позиции, Матеја Матевски станак академик (не дека знам дека не заслужил), архитектот Живко Поповски (едни од најдобрите во Македонија, ГТЦ) и многу други кои веќе се во мешани бракови, нивните деца се идентификуваат како македонци. Веројатно памтиш како беше нападнат Синадовско кој јавно кажа дека е православен албанец и бараше меша на албански јазик во црквите на реканскиот крај.
И додади на сето ова исламот кај албанците кој не им дава да се мешаат со христијанска вера.
Овој регион беше ставен на цедило и сосем нормален е исходот кој го имаме денеска.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Бранко Манојловски вика дека била присилна асимилација, ги терале да одат по училишта на српски јазик.
Но и ги мотивирале со високи позиции, Матеја Матевски станак академик (не дека знам дека не заслужил), архитектот Живко Поповски (едни од најдобрите во Македонија, ГТЦ) и многу други кои веќе се во мешани бракови, нивните деца се идентификуваат како македонци. Веројатно памтиш како беше нападнат Синадовско кој јавно кажа дека е православен албанец и бараше меша на албански јазик во црквите на реканскиот крај.
И додади на сето ова исламот кај албанците кој не им дава да се мешаат со христијанска вера.
Овој регион беше ставен на цедило и сосем нормален е исходот кој го имаме денеска.
Тоа било и за Македонци. Сите презимиња биле изменети на -иќ, а на некои им давале и потполно нови. Нејсе, Бранко Манојловски е преварант, не ни знае Албански типот, чисто е таму за лапање пари, а домашните му се сметаат за Македонци. А и тој лично, до пред 10-15 години.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.170
Поени од реакции
15.981
Во средината на 19.век во атарот на селото е создаден и еден заселок - Расадиште, кога на ова место се населиле дојденци од Лисец од родот Џока. Тие тука имале свои трла и раскрчени ниви, па ова свое земјиште тие постојано го населиле.И денес овој заселок се вбројува при пописите како дел од Лисец.
Ја не би да се мешам многу ама колку пис људи живеат у селово, хк, пу!
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.273
Поени од реакции
78.919
Пуно на темава меша баби и жаби, лонци и чинии...
Не дека на другите теми поинаку праи.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.693
Пуно на темава меша баби и жаби, лонци и чинии...
Не дека на другите теми поинаку праи.
Што сум мешал бре берик?
Шкретите живеат по горна река, мајчин јазик им е албанскиот, имаат албански носии, јадат албански традиционални јадења уште ти викаш не биле албанци?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.273
Поени од реакции
78.919
Што сум мешал бре берик?
Шкретите живеат по горна река, мајчин јазик им е албанскиот, имаат албански носии, јадат албански традиционални јадења уште ти викаш не биле албанци?
немаат албански носии, ниту имаат други албански карактеристики, имаат македонски имиња, религија (мада тоа е небитно)

Ти сирот, како прво, ги мешаш со православните Албанци.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
8.303
Поени од реакции
4.693
немаат албански носии, ниту имаат други албански карактеристики, имаат македонски имиња, религија (мада тоа е небитно)

Ти сирот, како прво, ги мешаш со православните Албанци.
Постирав страна на македонска википедија, точно ја опишува носијата, кечето, празници и јадења кои и денеска се памтат и искористуваат.
Ама важно овие имале македонски имиња и религија :pos: , македонска религија бе. Свашта.

А што е разликата помеѓу православните албанци и шкретите?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.273
Поени од реакции
78.919
Постирав страна на македонска википедија, точно ја опишува носијата, кечето, празници и јадења кои и денеска се памтат и искористуваат.
Ама важно овие имале македонски имиња и религија :pos: , македонска религија бе. Свашта.

А што е разликата помеѓу православните албанци и шкретите?
религија иста како повеќето Македонци - православна
на тоа мислев
секако дека не постои македонска религија


Православните Албанци имале албански културни карактеристики (кои денес ги изгубиле), Шкретите имаат македонски културни карактеристики (освен јазикот). Шкретите никогаш за себе не рекле дека се Албанци, за разлика од Матеја Матевски и други бивши православни Албанци.

Етнологијата учи дека еден дел од Македонците (поголем), го прифатиле Исламот со цел подобар живот (задржувајќи си го јазикот), а друг дел од Македонците го прифатиле јазикот на околните муслимани, пак како некаква карта за подобар живот, во тоа општество (задржувајќи ја религијата, помеѓу другото).

Тоа секако не им помогнало, после распаѓањето на царството, да бидат етнички исчистени од Албанците и нивните качачки банди.
Таков пример, е селото Бродец, чии жители, од страна на албанските вооружени групи, биле приморани да се иселат, во очи на Втора Светска Војна, доколку не сакаат да бидат убиени.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom