(Правни аспекти на) анти-реклама

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Malcolm van den Сабаховић, 13 март 2016.

  1. Malcolm van den Сабаховић

    Malcolm van den Сабаховић

    Член од:
    8 јуни 2007
    Мислења:
    5.847
    Допаѓања:
    11.842
    Не сум правник, ниту работам маркетинг. Така да, уште од старт, нека биде занемарено моето незнаење околу таквите поими.
    Ако темата е во ред, мислам дека може да оди пошироко. Настрана од основните претпоставки дека и “лошата реклама е добра реклама“. Мене лично ме интересира, дали општеството (барем ова нашево) има нешто против анти рекламирањето, односно како се третира негативниот маркетинг.

    Пример: дали смеам да пропагирам за негативни вредности на бренд, фирма, институција и сл, наспроти нивното пропагирање на нивните “добри“ вредности. Дали јас лично смеам да ширам негативна кампања за одредена... работа?

    Disclaimer: не да клеветам, туку да јадам бурек :D

    Thank you in advance :D
     
    На Zlatikevichius и Ilumious им се допаѓа ова.
  2. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.445
    Допаѓања:
    965
    На форум, зошто да не? Си кажуваш мислење
     
    На Bibo и Malcolm van den Сабаховић им се допаѓа ова.
  3. Iceman.

    Iceman.

    Член од:
    1 мај 2015
    Мислења:
    478
    Допаѓања:
    653
    Можеш, на пример доколку таа компанија ти е конкурент или пак сакаш да ја изгуби пазарната вредност па потоа да ја купиш, инаку не ја гледам поентата да трошиш пари на кампањи за да оцрниш некој, највеќе такви реклами прават конкурентите, а особено Mercedes и BMW низ кампањи очите си ги вадат но на едно културно ниво :boksix:Еве ја нај новата
     
    На Teget, ManowaR и Malcolm van den Сабаховић им се допаѓа ова.
  4. wicked_1

    wicked_1

    Член од:
    20 јули 2014
    Мислења:
    5.217
    Допаѓања:
    6.693
    За да преземе некој мерки против тебе заради негативен маркетинг треба да важиш за "медиум" со редовна и во доволен број публика/фанови/читатели, па складно на тоа да си способен да нанесеш штета.

    Исто е и со навреда/клевета... се зема у предвид каде и пред кого е искажана навредата/клеветата па по тоа се цени дали има доволен импакт да се утврди (нематеријална) штета.
     
    На ElNinho и Malcolm van den Сабаховић им се допаѓа ова.
  5. Malcolm van den Сабаховић

    Malcolm van den Сабаховић

    Член од:
    8 јуни 2007
    Мислења:
    5.847
    Допаѓања:
    11.842
    Не само на форум. Kaj стигнам :D
    Агитација, колумни, статии, ...

    Имам одредена „социјална моќ“, која би сакал да ја... искористам :D
     
    На ShakaZulu му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Brutus

    Brutus

    Член од:
    31 јануари 2014
    Мислења:
    5.169
    Допаѓања:
    2.264
    Па веројатно можеш доколку имаш некои издржани аргументи а не само критика ради критика. На пример често има статии за штетноста на медкдоналдс производите. Толку многу ги има што мора да си помислиш дека постои опција некој да го прави тоа организирано (друг дел од индустријата за храна за да придобијат корисници). Ама повеќето од статиите имаат колку толку издржани аругменти базирани на испитувања, тестови и тн. така да не можеш да ги обвиниш за клевета. На крај се се сведува на тоа како те перцепираат луѓето. Сега ти ако отвориш блог и со години едно те исто пишуваш против еден прозивод ќе си помислат луѓето дека или си платен или си скренал или претеруваш во најдобар случај и ќе го изгубиш ефектот.
     
    На Malcolm van den Сабаховић му/ѝ се допаѓа ова.
  7. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.445
    Допаѓања:
    965
    И, пази да не попиеш тужба. Обично тешко оди судење со посилен од тебе.
    А овде кажи си, што ти душа сака.
    Пробав и јас одамна, за фирми, ресторани, производи. Немаше многу интерес... Чудо е како народ се навикнува...
     
  8. Бавча

    Бавча идол на младите

    Член од:
    25 декември 2007
    Мислења:
    10.697
    Допаѓања:
    8.540
    Маркетингот ти е импровизација и нема правила на игра. Така да можеш да измислуваш топла вода секој ден и да и наштетиш на конкуренцијата. Почни од ангажирање на шпиуни кои ќе ги имплементираш кај противничкиот табор, дали преку вработени, дали преку клиенти итн. Следно ти е герила маркетинг, каде упорно ќе спамираш и ќе привлекуваш внимание дека си ти тоа што треба да го користиме, па после почни да се етикетираш врз нивните производи ко што правеше велија на времето со хедис. Абе имаш мал милион идеи, само ќе си платиш. Јбг.
     
    На Malcolm van den Сабаховић му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Peja989

    Peja989 Супер модератор

    Член од:
    22 јули 2010
    Мислења:
    28.696
    Допаѓања:
    70.216
    @Malcolm van den Сабаховић
    Може, само пази да не ти се деси бекфаер ко што им се деси на Мекдоналдс со Бургер Кинг.



     
    На ManUtdChampions, Teget, Zlatikevichius и уште 2 други им се допаѓа ова.
  10. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.573
    Допаѓања:
    5.425
    во време на ехЈу имаше хумористично-сатиричен весник Јеж. Имаше и смешни антиреклами - карикатури, на пример двајца одат со зинати кондури, едниот кажува Ми солидарно носимо ципеле фабрике Солид из Суботице... или еден стои до лавабо а главата му е пресечена и падната во лавабото, до него стои инспелтор со лупа ( ала Шерлок) и кажува, класичан случај бријања домаќим жилетом Микрон...
    Е сега по некое време веројатно дојдоа некој тужби, не сум во тек ....Е сега ако мислиш да праиш бизнис од антиреклама, за да не те тужат, не треба брендот што го критикуваш апла да го прикаажуваш, да оставиш да го долови читетелот... Друго е ако имаш лично поединелен проблем со неквалитет, но и тогаш постапката е преку пазарна инспекција или заштита на потрошувачи, па ако не ти излезат во пресрет после фрлаш дрва и камења...
     
    На Malcolm van den Сабаховић му/ѝ се допаѓа ова.

Сподели преку: