Правна помош и совети

Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
договор за доживотна издршка или тестамент?
Договор за доживотна издршка тешко може да падне на суд, додека тестамент може да бараат останатите наследниците нужен дел.
 

baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Па нема ли поука во Одлуката?
Има... ЖАЛБА ДО АПЕЛАЦИЈА.
Ама на што ке се жалам ????
Член 101 од ЗПП децидно кажува : КОГА ПРЕДЛОГОТ Е ПОДНЕСЕН ОД АДВОКАТ МОРА ДА БИДЕ ВО 3 ПРИМЕРОЦИ.....
И сега што да правам ????
Да го тужам другарчето т.е младиот адвокат за НАМЕРНА ИЛИ НЕ НАМЕРНА НРБРЕЖНОСТ ???
Или пак да ја тужам МАКЕДОНИЈА ????
 

X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Дали може да се повлече жалба против првостепено решение (ППНИ постапка)?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.690
Поени од реакции
12.081
Дали може да се тужи стечаен управник (кој ја презема нели улогата на инвеститорот/директорот) за неправилно толкување одредена документација врз основа на која се има право на движен/недвижен имот? Пример, нешто што ти припаѓа по документ, тој негира или као спорно е за него (нормално повеќе спорни ситуации, поголем имот за распродажба). И кој на крај пресекува, тој или судијата?
Не можам да давам детали од разбирливи причини, дури ниту по пп.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Дали може да се тужи стечаен управник (кој ја презема нели улогата на инвеститорот/директорот) за неправилно толкување одредена документација врз основа на која се има право на движен/недвижен имот? Пример, нешто што ти припаѓа по документ, тој негира или као спорно е за него (нормално повеќе спорни ситуации, поголем имот за распродажба). И кој на крај пресекува, тој или судијата?
Не можам да давам детали од разбирливи причини, дури ниту по пп.
Во кој стадиум е стечајната постапка?
Ако се работи стечајниот управител да не ви прифати побарување спрема стечајниот должник, а уредно сте го пријавиле вашето побарување во законски предвидениот рок, тогаш треба во граѓанска постапка да го утврдите постоењето на вашето побарување.
Пишете ми во порака подетално, не ми дава опција да ви пишам порака.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.527
Поени од реакции
5.718
Прашање:
Ако жената се разведе од мажот и земе старателство на едно дете ( од две ), дали потоа заедно со малолетното дете може да замине во странство и да го однесе малолетното дете без дозвола од таткото?
Какви права би имал таткото во ваков случај, дали е можно таткото да не го види никогаш детето?
 
Член од
4 февруари 2013
Мислења
738
Поени од реакции
551
Da, eve tuka pisuva nesto za toa, https://off.net.mk/pisma-na-chitateli/pisma-na-marginalizirani-tatkovci

8. При преселба на примарниот родител во странство, истиот може да го отсели и своето дете, дури и ако секундарниот родител се спротивставува на ваквото трајно оттуѓување од детето. При ваков спор помеѓу родителите, одлучуваат Центрите за социјална работа кои најчесто постапуваат според барањата на примарниот родител и дозволуваат отселување на деца.

Прашање:
Ако жената се разведе од мажот и земе старателство на едно дете ( од две ), дали потоа заедно со малолетното дете може да замине во странство и да го однесе малолетното дете без дозвола од таткото?
Какви права би имал таткото во ваков случај, дали е можно таткото да не го види никогаш детето?
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ќе се обидам да објаснам убаво, па кој ме разбра ако може нек ми одговори

Имаме куќарка во селото од кај што е дедо ми, куќата е изградена мнооогу одамна со тек на годините е обновувана значи сега има основни услови за живот ама немаме имотен лист за неа. Не постои во катастар. Местото се води како земјиште на РМ. Што треба да превземеме за да добиеме имотен лист за неа и за дворното место? Возможно ли е да се упише некако?
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Dali za prefrluvanje na imot mora licna karta? Dali moze da se prilozi pasos namesto licna karta? Ziveam vo stranstvo i nemam mk licna karta, ni pa imam vreme da cekam u MK za nova licna karta.
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
ке замолам ако може некој итно да ми помогне и да ми ги каже законите. се работи за следното: непосредниот комшија почна да гради но од мојата страна испушти стреа која не му е во проектот. Се обратив кај градежниот инспектор градежниот инспектор излезе на лице место и со решение му наложи во рок за 30 дена да ја отстрани вонпроектанската градба и го стопира со градење. тоа беше на 24 мај. поминаа 30 дена тој не градеше ниту отстрануваше пред една недела почна повторно да гради кога отидов кај градежниот инспектор тој ми рече дека направил измена во планот и може да гради но стреата сепак ќе ја отсече и решението сепак важи. случајот поради одолговлекување со слики и сите работи е пратен и до народниот правобранител но еве веќе пола година ниту од едните ниту од другите нема коректен одговор ниту отстранување. од логична гледна точка иако има решение за отстранување на градба што не го испочитувал иако е пријавен во сите надлежни институции тој сепак почна да гради од пред една недела бидејќи наводно имал измена во планот. ве молам кој може да ми одговори пошто сите ако што ви објаснив се прават наглуви некој да има решение за отстранување наложено од градежен инспектор делото да е и под надзор на народен правобранител а тој сепак гради а не ја отстранува стреата која што мора да ја отстрани законски. Дали воопшто законски на него треба да му дадат временски лимит што е логично или се работи за подигрување корупција.. ве молам кој знае нека ми одговори веднаш бидекќи тој може и да ја изгради до крај во овој случај(народски кажано кога му е неу кејф да ја отстрани) дали е тоа по закон и каде да се обратам? благодарам однапред
 
Член од
20 октомври 2005
Мислења
312
Поени од реакции
136
Ако ти е во двор - сруши му го делот што ти е во дворот. Па он нека те тужи. Отприлика тоа е нивото на законската заштита во ова што остана од државата. Или преименувај ја стреата во северна стреа, и одма све е боље. И правен совет се бара од адвокат а не од членови на кајгана...
 

kalimero456

Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
Член од
7 ноември 2019
Мислења
3.504
Поени од реакции
3.727
ми виси тоцно над дворот но како јас да русам туг имот ке има сукоби , како сто реков налозено му е со ресение пред 6 месеца , а совет побарав бидејки ме суткаат институциите како билјард топце знам дека не сте адвокати но сегде прасав ,прасувам повторно направил измена во планот но сепак е обврзан да ја руси стреата дали е тоа исправно и дали треба да се цека кога нему ке му е кејф постои ли закон и законски лимит благодарам
 

Kajgana Shop

На врв Bottom