Дечки ај за совет, на плац на сопственост на баба ми у К.Вода, значи запишан регуларно у катастар, со платен данок со се. Од општина реновирале улица и зеле у должина 50 метри, ширина метро, плус и клупи ставиле у сред плацот
не е побарана никаква согласност (бтв у меѓувреме баба ми е почината дур се правело тоа без нејзино знаење се разбира, и дур е у процес на наследство земјиштето)
Е сега можно ли е да е направено со знаење за тоа и баш да е погоден така терминот на реновирање/ асфалтирање на улицава... искрено не верувам у тоа али па све бива у државава.
Ако може некој совет, дали треба да се почека наследново па да се поднесе некоја тужба, и дали е можно да се побара мерење од геодет и да се загради директно делот земен што е, ете и клупа дури ставиле ...
Можно е некој неписмен да го направил тој планот со знаење или на диво си работеле...
Пошто комшиите што се како демек барале да им се прошири улицата а исто и они знаат за сопственоста, а да е уште поперверзно од цела улица само тој плац е легален и си плаќа данок со години... Фала