Правна помош и совети

baramrabota1

Nesuden PRAVNIK
Член од
26 септември 2017
Мислења
133
Поени од реакции
11
Што ако од ОПРАВДАНИ ПРИЧИНИ НЕ ВИ Е ЗАПАЗЕН РОКОТ ???
1. Судот не сака да Ви даде препис на пресуда иако сте Странка ( тужен ) во постапката покрај тоа што сте го известиле навреме дека го ОТПОВИКУВАТЕ ДАДЕНОТО ПОЛНОМОШНО на адвокатот ???
?????
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ај мислење за една ситуација оти ова е хаос во државава.

Лице осудено во отсуство за обид за тешка кражба на ефективна затворска казна од 6 месеци, дознава дека е осудено откако од МВР му стига писмено да го достави пасошот в полиција, како мерка претпазливост што и го прави. Воедно му стигаат и трошоци за бранител по службена си ги плаќа и тие. Поднесува барање до суд, каде му издаваат препис од пресудата. Се поднесува барање за повторување на постапката за да му се суди во присуство, прифатено е барањето и за истото постои решение. Решениево е правосилно и во него не е побарана мерка притвор, туку само нахнадно ќе се закажи нова главна расправа. Во меѓувреме со упатен акт (недоставен нормално по закон) лицево е приведено и однесено на издржување казна затвор од 6 месеци за погорново дело, врз основа на погорнава пресуда.

Член 454 ст.5
„ Кога решението со кое се дозволува повторување на кривичната постапка ќе стане правосилно, ќе се запре извршувањето на казната, но судот по предлог од јавниот обвинител ќе определи притвор ако постојат условите од членот 165 на овој закон."

Се поднесува барање за да се стави печат за правосилност со назнака ИТНО поради тоа и тоа горе опишаново, еден обичен печат, и шетаат по тавани, не сакаат да го удрат печатот. Извршен е разговор со судијка од кривичен совет, која вели демек лицево е во затвор оти постои опасност од бегство, чекаме од обвинителство да се изјаснат за притвор. Кажано и е, во ред тоа е ваша работа за притвор не се мешаме тука, туку врз кој основ е ВО МОМЕНТОВ лицево во затвор, ако го имаме предвид членот и ставот од погоре? Плус одземена патна исправа, плус не е точно дека бегало при првата постапка, туку е неможност за достава на таа и таа адреса.
Таа пресуда вели е на сила.
А судија за извршување санкции бара еден помочан печат на решениево (пошто во друг град е пресудава и делово, а во друг издржување казна) за превосилност, еден писмен поднесок и ќе го пуштат од затвор оти нема основ да лежи.
Ако сакаат нека носат решение за притвор, на тоа има правни лекови и отом потом друг момент.
Во моментов лицево според мене не треба да е во затвор.
Станува збор за лице за кое е ангажиран технички советник за мислење и ќе се предложи распит на техничкиот советник - психијатар со лиценца, бидејќи лицето има трајно растројство, шизофренија, со терапија со инвалидска пензија од Германија, со сите нишани, лице кое од 2011 лежи Демир Хисар по неколку месециречиси секоја година.

Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Не разбрав, лицето сега е во притвор или во затвор, затоа што нема основа за ниедно, нема решение за притвор, а правосилната пресуда за затвор повеќе не е во сила. Се користи некој правен вакуум дека ти немаш печат па затоа пресудата уште е во сила што нема врска, решението за повторување е веќе правосилно ако добро ја пратам приказнава, само ти на твојот примерок немаш печат?
 
Лицево во моментот е во затвор на издржување затворска казна.
Тие велат дека се обратиле до обвинителство за одредување мерка притвор.
За тоа со притворот му се кажува дека никој не им се меша нивна работа си е тоа, нека донесат решение нека го приведат и нека биде во притвор 30 дена, па ние ќе си пуштаме жалби и тн за притворот.
Туку врз која основа во моментов е лицето во затвор?
Според цитираниот член и став, не може да се издржува казната затвор, бидејќи решението за повторување на постапката е правосилно, само што во мојот примерок нема печат за правосилност, а судија за извршување санкции ми вели нека стават правосилност на решението, еден поднесок и ќе го пуштиме лицево. Е сега овие не сакаат да стават печат, т.е како да ме шетаат по тавани и прават вакум намерно.
Налет друго, сугерираат демек ние сме тие кои носиме решение за запирање на извршување на пресудата, ако не одлучиме ние, судијата за извршување санкции не може да одлучува.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
142
Поени од реакции
60
Дечки ајде малку помош ако може. Незнам дали е право место да го поставам прашањето тука?

Брат ми отишол во банка да затвори стара трансакциона сметка, и му рекле дека е блокиран од УЈП заради неплатена радиодифузна такса од околу 8000 денари. Проблемот е што тој тогаш беше, и сеуште е студент без примања.

Дали има шанси некако да се поднесе барање, тоа да се укине. Колку помага ова?
Искуство од правници ако може? Благодарам
 
POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Дечки ајде малку помош ако може. Незнам дали е право место да го поставам прашањето тука?

Брат ми отишол во банка да затвори стара трансакциона сметка, и му рекле дека е блокиран од УЈП заради неплатена радиодифузна такса од околу 8000 денари. Проблемот е што тој тогаш беше, и сеуште е студент без примања.

Дали има шанси некако да се поднесе барање, тоа да се укине. Колку помага ова?
Искуство од правници ако може? Благодарам
Кога се плаќаше такса, за неа плаќа сопственик на стан. Он имал стан на свое име?
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
имам прашање момци. вчера бев физички нападнат од еден човек на тротоар, и по нападот човекот веднаш избега. јас пријавив во полиција и тие зачудувачки брзо го најдоа, идентификуваа и повикаа. Кога отидов во градска да вадам лекарски извештај истиот беше многу оскудно напишан. левата страна ми е цела модра и неможам да јадам/ џвакам од болки. се осеќам како вилицата да ми е искривена.. одговорот на докторите на моите поплаки беше - ништо не ти е.
A12333.jpg

бидејќи планирам да поднесам приватна кривична тужба, мислам дека лекарскиов извештај лошо ја отсликува мојата состојба такашто паричната оштета која сметам дека треба да ја добијам, не би ја добил со овој извештај.. што да превземам ? споделете ваше мислење ве молам.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
Требало да им кажеш дека сакаш да поднесеш тужба па во лекарското да ти наведат дека имаш телесна повреда (ако стварни си имал).
Вака малце нејасно е и потешко поминува на суд.

Ако имаш сведок за настанот поднеси ја во секој случај.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
имам прашање момци. вчера бев физички нападнат од еден човек на тротоар, и по нападот човекот веднаш избега. јас пријавив во полиција и тие зачудувачки брзо го најдоа, идентификуваа и повикаа. Кога отидов во градска да вадам лекарски извештај истиот беше многу оскудно напишан. левата страна ми е цела модра и неможам да јадам/ џвакам од болки. се осеќам како вилицата да ми е искривена.. одговорот на докторите на моите поплаки беше - ништо не ти е.
Прегледај го приврзокот 215199

бидејќи планирам да поднесам приватна кривична тужба, мислам дека лекарскиов извештај лошо ја отсликува мојата состојба такашто паричната оштета која сметам дека треба да ја добијам, не би ја добил со овој извештај.. што да превземам ? споделете ваше мислење ве молам.
А што треба сега да напишат нешто што не ти е скршено дека е скршено?
Контузија фацијалис, контузија каптис или што и да пишува, тоа ти е.
Што треба повеќе да напишат?
Ако сакаш глуми дека сега имаш панични напади од нападот, страв ти е на улица да излезеш и слично па со уште еден преглед може ќе ти допишат уште нешто.
Нормално дека ќе те боли и дека нема да можеш да џвакаш.
Ќе помине некое време, ќе пиеш неуробион, ќе ставаш ладни облоги и ќе мируваш, ќе спадне воспалението и ќе бидеш топ.

Малку се имаш преценето ти, ни ден не поминал ти веќе успеа да востановиш КОЛКУ СМЕТАШ ДЕКА ТРЕБА ДА ТИ СЕ ИСПЛАТИ, СО КАКОВ ИЗВЕШТАЈ БИ ТИ СЕ ИСПЛАТИЛА ТАА СУМА и дека докторите не ги бивало.

P.S. Што му имаш згрешено на човекот за да те нападне?
 
проба на шалтер преку ред да помине, му реков „друже полека бе ред има тука“. почна да се дере таму и се гледавме во очи едно 10 секунди. Одејки пеш накај колата човекот се стрча накај мене и ме исчука. не сакам да се збогатам, туку сметам дека изиграв многу скромно и наивно и дека ќе добијам помалку од она треба.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
проба на шалтер преку ред да помине, му реков „друже полека бе ред има тука“. почна да се дере таму и се гледавме во очи едно 10 секунди. Одејки пеш накај колата човекот се стрча накај мене и ме исчука. не сакам да се збогатам, туку сметам дека изиграв многу скромно и наивно и дека ќе добијам помалку од она треба.
Фала на објаснувањето и извини ако ти делував и јас нападно.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
то е доктор, а не ти....
 
Член од
6 февруари 2014
Мислења
1.010
Поени од реакции
865
Еве дојде ред и јас да побарам правна помош. Имам плац и пред некое време изградив куќа. Деновиве решив да си ставам ограда и почнав да копам за темели. Наидов на електрокабел од електрична енергија кој од бандера се спушта влегува на мојот плац 15 метри и оди кај комшијата. Јас не сум дал никаква согласност за тоа, ниту пак некој ми побарал. Јас не ни знаев дека има таков кабел низ мојот плац. Пред 4 години бев отсутен 2 месеци и се ми се чини дека тогаш комшијата копал и го ставил кабелот преку мојот плац. Денес му реков да го тргне тој кабел пошо треба да правам ограда а тој не сака со образложение дека евн го ставила кабелот. А евн само спушта кабел од бандера до сандаче и се друго е на терет на тој што приклучува. Дај кажете лек пошто итно ми е, мајстори чекаат да почнат да градат а има кабел и се плашат...
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468

Ne ti se isplaka sudski da se resava premnogu vreme ke odzeme, ednostavno pobaraj od EVN da go trgnat kabelot, zatoa sto istiot e staven bez tvoja dozvola na privatno zemjiste, ako ne go trgnat vo rok od nekolku dena, trgni go sam i ostaj im go pokraj patot.
Ako eden den nekoj ti prigovori (komsijata ili EVN), povikaj se na institutot dozvolena samopomos od pricini deka ti e storena materijalna steta.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom