Добро , така е. Во ЗПП чл 101 .... убаво пишува.
Ајде ..... тоа што адвокатот згрешил при поднесување на Пред.за.пов.постапка и поднел само во еден примерок, ке го препишам на НЕИСКУСТВОТО НА МЛАДИОТ АДВОКАТ. Но што со СУДИЈАТА (жена ) која применува двојни стандарди во суд.постапка ???? Пример :
1. Истата судијката во 2018г носи пресуда врз основа на ПОДНЕСОК од 2003 ( предлог за извршување ) кој е поднесен од страна на НЕОВЛАСТЕН АДВОКАТ и истата не внимава по СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ - дали тој поднесок е уреден или не ??!?!?
2. Додека пак во вториот случај кога МЛАДИОТ АДВОКАТ кој го ангажирав прави ПРОЦЕСНА ГРЕШКА И ПРЕДЛОГОТ ГО ПРАЌА ВО 1 ПРИМЕРОК
... тогаш сидијката ВНИМАВА ПО СЛУЖБЕНА ДОЛЖНОСТ и предлогот го отфрла како неуреден ????
И што правиме во овок случај ???
Џабе истото го повторуваш, веќе месеци наназад на темата.
Повеќе од доволно e објаснето од кои ( тогаш важечки ) законски прописи Судот го прифатил како уреден предлогот за извршување на тужителот.
2003 година, други прописи, друга пракса на постапување на судовите.
Посебно во предмети каде како доверители се јавуваа правни лица кои тужеа повеќе должниц, по ист основ..
Депонира генерално полномошно во судот и го известува судот дека во постапките по издавање судски платни налози ќе ме застапува тој и тој адвокат и тоа беше доволно за судот, завршена приказна.
Најверојатно од таа причина не си го нашол полномошното кога си правел увид во списите на предметот.
Би требало да има во судската архива примерок од генералното полномошно на тужителот, заведен под некој друг деловоден број на судот.
Такво барање треба да поднесеш до судот, дали тужителот тој и тој има депонирано полномошно, издадено за адвокат тој и тој, за да го застапува во правната работи против должници/тужени ( меѓу кои и ти ) , со основ на судски предмет ( долг ), итн?
Па да ја видиш реакцијата на судот.
Со новите измени на ЗПП кои стапија на сила во 2011 година далеку поригоризни се судиите во однос на уредноста на поднесоците кои се поднесени преку адвокат.
Добро ти објасни членот погоре, во некои случаи доколку судијата има добри односи со адвокатот и не сака да прави компликации во постапката го контактира (вонслужбено ) адвокатот да ја исправи техничката грешка со нов поднесок, каде што нема таква "колегијалност" судот носи решение за отфрлање на поднесокот како неуреден, што е апсолутно основано во овај случај.
Адвокатот е должен при поднесување на поднесокот со кој бара од судот да одлучи по одредена правна работа да достави и примерок до спротивната страна, за да може истата да се запознае со содржината на барањето на противникот и да поднесе соодветен одговор.
Доколку е поднесок за достава на писмен трошковник во предметот, достава на судска такса, судски паушал, трошоци за вешти лица тогаш во пракса се прифаќаат поднесоците кои се доставени од странките во еден примерок, за судот, а не за спротивната страна, но во вакви случаи како твојот, кога бараш повторување на целата постапка нема оправдана причина судот да не го отфрли поднесокот како неуреден.
Поднеси го повторно предлогот.