Правна помош

Член од
24 декември 2013
Мислења
240
Поени од реакции
290
Moja prijatelka ima osnovano nevladina organizacija vo koja sum eden od pette osnovachi no taa e pretsedatelka.
Koj e nachinot da izlezam od nevladinata ?
Dali mozam da ponesam odgovornost vokolku se pokrene postapka ?
Napomenuvam deka ne sum potpisnik na smetki ili upatena vo finansiite.
 
Член од
26 септември 2017
Мислења
112
Поени од реакции
8
Може ли да се изготви пресуда врз база на непотполна - невалидна тужба ??
 
Член од
23 јуни 2017
Мислења
18
Поени од реакции
0
Здраво ми треба помош со едно прашање.Ako живеам во кукја која e во моја сопственост но 19 квадрати позади во мојот двор во катастар се на име (се во сопственост) на мојот сосед но jaс ги користам векје со години и си имам засадено цвекиња и дрво со плод одамна таму и сето
ова го дознав во скоро време .Знам дека постои можност личноста своеволно да ми ги даде но ако се противи на тоа кои се шансите јас да ги земам во моја сопственост и дали ке помогне тоа што тие квадрати векје со години ги користам?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.453
Поени од реакции
973
Ако не си можел да знаеш дека не е твое земјиштето, а си инвестирал во него повеќе од 10 год, можеш да го бараш да ти припадне, во судска постапка
 
Член од
26 септември 2017
Мислења
112
Поени од реакции
8
Neeeee.... mozes da mu go platis zemjisteto. Toa bi bilo korektno.
Ako ste se dogovorile za koristenje na toa zemjiste poveke od 10g , imas pravo samo da baras nepreceno koristenje na istoto no nez da barad dospstvenost.... vladenie
 
Член од
26 септември 2017
Мислења
112
Поени од реакции
8
Здраво . Може некој да ми појасни во врска со ОБЈЕКТИВЕН И СУБЈЕКТИВЕН РОК ЗА ЖАЛБА ??
ШТО ЗНАЧИ ОБЈЕКТИВЕН А ШТО СУБЈЕКТИВЕН РОК ???
Благодарам однапред !!!!
 
Член од
2 март 2016
Мислења
146
Поени од реакции
64
Здраво . Може некој да ми појасни во врска со ОБЈЕКТИВЕН И СУБЈЕКТИВЕН РОК ЗА ЖАЛБА ??
ШТО ЗНАЧИ ОБЈЕКТИВЕН А ШТО СУБЈЕКТИВЕН РОК ???
Благодарам однапред !!!!
Таква работа не постои, нема субјективен и објективен рок за жалба, тоа го има само во материјалните закони при остварување на права кои се признати во закон, а кои права се врзани со рок во кои можат да се остварат.
Додека во процесните закони постои само еден рок за жалба во зависност за каков вид на постапка се работи, на пример, за општата граѓанска постапка рокот за жалба изнесува 15 дена, а за посебните граѓански постапки рокот изнесува 8 дена, исто овие рокови се применуваат и за другите процесни постапки со кои е уредена општата управна постапка, прекршочната постапка, кривичната постапка, постапката за издавање на нотарски платен налог, извршната постапка, итн.
 
Член од
26 септември 2017
Мислења
112
Поени од реакции
8
Таква работа не постои, нема субјективен и објективен рок за жалба, тоа го има само во материјалните закони при остварување на права кои се признати во закон, а кои права се врзани со рок во кои можат да се остварат.
Додека во процесните закони постои само еден рок за жалба во зависност за каков вид на постапка се работи, на пример, за општата граѓанска постапка рокот за жалба изнесува 15 дена, а за посебните граѓански постапки рокот изнесува 8 дена, исто овие рокови се применуваат и за другите процесни постапки со кои е уредена општата управна постапка, прекршочната постапка, кривичната постапка, постапката за издавање на нотарски платен налог, извршната постапка, итн.
Фала многу !!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.731
Поени од реакции
28.831
Има некој искуство со наследување (не знам кој термин да го користам) на право на семејна пензија, од татко на син со инвалидитет кој користи инвалидска? Татково е уште жив, во ЦСР му рекле да поднеси барање до суд, за да му припаднела пензијава на синот по неговата смрт. Па не ми штима ова со барањево, потребни документи или нема убаво разбрано човеков.
 
Член од
26 септември 2017
Мислења
112
Поени од реакции
8
Што ако од ОПРАВДАНИ ПРИЧИНИ НЕ ВИ Е ЗАПАЗЕН РОКОТ ???
1. Судот не сака да Ви даде препис на пресуда иако сте Странка ( тужен ) во постапката покрај тоа што сте го известиле навреме дека го ОТПОВИКУВАТЕ ДАДЕНОТО ПОЛНОМОШНО на адвокатот ???
?????
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.731
Поени од реакции
28.831
Ај мислење за една ситуација оти ова е хаос во државава.

Лице осудено во отсуство за обид за тешка кражба на ефективна затворска казна од 6 месеци, дознава дека е осудено откако од МВР му стига писмено да го достави пасошот в полиција, како мерка претпазливост што и го прави. Воедно му стигаат и трошоци за бранител по службена си ги плаќа и тие. Поднесува барање до суд, каде му издаваат препис од пресудата. Се поднесува барање за повторување на постапката за да му се суди во присуство, прифатено е барањето и за истото постои решение. Решениево е правосилно и во него не е побарана мерка притвор, туку само нахнадно ќе се закажи нова главна расправа. Во меѓувреме со упатен акт (недоставен нормално по закон) лицево е приведено и однесено на издржување казна затвор од 6 месеци за погорново дело, врз основа на погорнава пресуда.

Член 454 ст.5
„ Кога решението со кое се дозволува повторување на кривичната постапка ќе стане правосилно, ќе се запре извршувањето на казната, но судот по предлог од јавниот обвинител ќе определи притвор ако постојат условите од членот 165 на овој закон."

Се поднесува барање за да се стави печат за правосилност со назнака ИТНО поради тоа и тоа горе опишаново, еден обичен печат, и шетаат по тавани, не сакаат да го удрат печатот. Извршен е разговор со судијка од кривичен совет, која вели демек лицево е во затвор оти постои опасност од бегство, чекаме од обвинителство да се изјаснат за притвор. Кажано и е, во ред тоа е ваша работа за притвор не се мешаме тука, туку врз кој основ е ВО МОМЕНТОВ лицево во затвор, ако го имаме предвид членот и ставот од погоре? Плус одземена патна исправа, плус не е точно дека бегало при првата постапка, туку е неможност за достава на таа и таа адреса.
Таа пресуда вели е на сила.
А судија за извршување санкции бара еден помочан печат на решениево (пошто во друг град е пресудава и делово, а во друг издржување казна) за превосилност, еден писмен поднесок и ќе го пуштат од затвор оти нема основ да лежи.
Ако сакаат нека носат решение за притвор, на тоа има правни лекови и отом потом друг момент.
Во моментов лицево според мене не треба да е во затвор.
Станува збор за лице за кое е ангажиран технички советник за мислење и ќе се предложи распит на техничкиот советник - психијатар со лиценца, бидејќи лицето има трајно растројство, шизофренија, со терапија со инвалидска пензија од Германија, со сите нишани, лице кое од 2011 лежи Демир Хисар по неколку месециречиси секоја година.



 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
11.832
Поени од реакции
24.651
Не разбрав, лицето сега е во притвор или во затвор, затоа што нема основа за ниедно, нема решение за притвор, а правосилната пресуда за затвор повеќе не е во сила. Се користи некој правен вакуум дека ти немаш печат па затоа пресудата уште е во сила што нема врска, решението за повторување е веќе правосилно ако добро ја пратам приказнава, само ти на твојот примерок немаш печат?
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
13.731
Поени од реакции
28.831
Не разбрав, лицето сега е во притвор или во затвор, затоа што нема основа за ниедно, нема решение за притвор, а правосилната пресуда за затвор повеќе не е во сила. Се користи некој правен вакуум дека ти немаш печат па затоа пресудата уште е во сила што нема врска, решението за повторување е веќе правосилно ако добро ја пратам приказнава, само ти на твојот примерок немаш печат?
Лицево во моментот е во затвор на издржување затворска казна.
Тие велат дека се обратиле до обвинителство за одредување мерка притвор.
За тоа со притворот му се кажува дека никој не им се меша нивна работа си е тоа, нека донесат решение нека го приведат и нека биде во притвор 30 дена, па ние ќе си пуштаме жалби и тн за притворот.
Туку врз која основа во моментов е лицето во затвор?
Според цитираниот член и став, не може да се издржува казната затвор, бидејќи решението за повторување на постапката е правосилно, само што во мојот примерок нема печат за правосилност, а судија за извршување санкции ми вели нека стават правосилност на решението, еден поднесок и ќе го пуштиме лицево. Е сега овие не сакаат да стават печат, т.е како да ме шетаат по тавани и прават вакум намерно.
Налет друго, сугерираат демек ние сме тие кои носиме решение за запирање на извршување на пресудата, ако не одлучиме ние, судијата за извршување санкции не може да одлучува.
 
Член од
15 мај 2016
Мислења
116
Поени од реакции
43
Дечки ајде малку помош ако може. Незнам дали е право место да го поставам прашањето тука?

Брат ми отишол во банка да затвори стара трансакциона сметка, и му рекле дека е блокиран од УЈП заради неплатена радиодифузна такса од околу 8000 денари. Проблемот е што тој тогаш беше, и сеуште е студент без примања.

Дали има шанси некако да се поднесе барање, тоа да се укине. Колку помага ова?
Искуство од правници ако може? Благодарам
 
На врв Bottom