Правна помош

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Струмикс, 9 април 2006.

  1. Fredy Guarin

    Fredy Guarin Second to none

    Член од:
    20 јули 2009
    Мислења:
    3.305
    Допаѓања:
    4.859
    Другари како да дознаам дали должам пари за судски трошоци?Се работи за еден сообраќаен прекршок,си ја платив казната во рок од 7 дена,си бев уредно на суд,ми пресудија 3 месеци одземање возачка.
    Ми стаиа во мвр забрана и се како што треба.АМА не ми дојде никакво известување дека треба да платам судски трошкови.
    Сеа на еден другар му стигна 5280 да плати судски трошоци за истата казна.1000 денари се судските,3000и нешто за извршител и плус некои си такси.
    Едина разлика е во тоа што он не се ни појавил на суд,ако тоа мења нешто.
    Фала ви однапред за било каков совет.
    пс.Не се кузнае колку пари ама па за кој кур да им ги дадам?
     
  2. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    139
    Допаѓања:
    58
    Во пресудата на последна страница, или на првата страница од пресудата пишува сметка за уплата, на таа сметка уплати 1000 ден. и после уплатницата однеси ја во суд, на уплaтницата внеси го бројот на предметот, ако не платиш и ако те дадат на извршител ќе платиш и извршител и од 1000 ден. ќе треба да платиш 7000 - 8000 ден. зависи колку камата ќе ти пресметаат.
    Мој совет до тебе уплати 1000 ден. и преку адвокат со поднесок да ја поднеси уплатницата до судот, тоа ти е доказ за цел живот дека е уплатено во случај да биде изгубена уплатницата.
    Ако сакаш пиши ми во порака ќе ти објаснам.
     
    На Fredy Guarin му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Fredy Guarin

    Fredy Guarin Second to none

    Член од:
    20 јули 2009
    Мислења:
    3.305
    Допаѓања:
    4.859
    Друже фала на одговорот.
    На суд бев во март 2016та.Се здробив од барање поканата неможам да ја најдам,ниту па пресудата.Дури мислам дека на писмено не ми дадоа никаква пресуда.
     
  4. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    139
    Допаѓања:
    58
    Ајде пиши ми порака не можам да ти пишам, не ми ја дава опцијата за пораки, ќе ти објаснам како да се направи за да ги уплатиш парите и да завршиш работа, се додека не те дале на извршител, инаку уште не си даден затоа што ќе ти пристигнеше налог за извршување од извршител и ќе те блокираа во банка заради наплата, среќа што побавно ги пуштаат предметите, али за сето ова време требало да се уплатат тие 1000 денари и да се извести судот.
     
  5. Fredy Guarin

    Fredy Guarin Second to none

    Член од:
    20 јули 2009
    Мислења:
    3.305
    Допаѓања:
    4.859
    Ти пратив.
     
  6. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    11.490
    Допаѓања:
    5.355
    тој што живее на таа адреса треба да пријави со лична карта негова деа живее и дека бара да му се корегира...
     
  7. Erich Zann

    Erich Zann Модератор

    Член од:
    13 мај 2012
    Мислења:
    13.701
    Допаѓања:
    28.782
    Да прашам дали има некој искуство со нештово.
    Вработениов има договор за вработување. Фино лепо бара со писмена изјава истиот да се раскини. Станува збор за работно место во конфекција. Е сега типов што е директор, на вработениов што дава отказ му кажува дека го внесол во некоја програма до 29 години од Агенција за вработување и користел бенефити за компанијата. И му вика ако дајш отказ ќе си платиш казна за тоа што си внесен во програмата, а вработениов абер нема дека е внесен во програмата, ниту дал согласност за истото.Колку е правно издржано да му активира казна, ако вработениот е решен да дај отказ и напушти работа?
    Пошто колку што знам има рок колку што ео тказниот рок од 30 денар, работодавачот да си најди ново лице до 29 години што ќе влези на местото од овој кој дава отказ. И тоа си е негова работа пошто тој користи бенефити за фирмата а не работникот.

    Нештово можеби изгледа како глупаво прашање, ама пошто сме прилично луда држава и ништо не ме изненадува реков ќе го пишам.
     
    Последно уредено: 28 мај 2019
  8. LocoMartino94

    LocoMartino94

    Член од:
    24 април 2009
    Мислења:
    19
    Допаѓања:
    0
    Ми треба итно помош...

    Сметката ми е блокирана веќе 3 - 4 месеци.

    Сега се вработив, пријавен.

    Дали иако ми е блокирана сметката, фирмата ќе може да ми префрли пари на истата?

    И која би била постапката за да ми одбиваат од следните плати за долгот?

    Дали може да се одблокира сметката само со уплаќање на тоа што треба во банка за одблокирањето, па автоматски да си одбиваат понатаму?

    Фала луѓе.
     
  9. theprince

    theprince Fan of Irony

    Член од:
    3 февруари 2008
    Мислења:
    1.252
    Допаѓања:
    155
    Vcera na kredit napraviv naracka za lap top, deneska gledam deka cenata e padnata, so ista cena ima podobar lap top. Dali moze da se izvrsi zamena so poskapiot laptop. Lap topot sto go imam poracano na kredit seuste ne mi e podignat. Dali moze da se izvrsi izmena na fakturata i da go zemam podobriot so moja nadohnada.
    Za neptun stanuva zbor
     
  10. dastan

    dastan

    Член од:
    7 јуни 2014
    Мислења:
    624
    Допаѓања:
    569
    според закон имаш право во првите 14 дена да го вратиш уредот без образложение, земи го не се моли или расправај другиот ден викаш не ми одговара сакам да го вратам а они ќе ти ги вратат парите па после купи си го тој што го посакуваш.
    п.с ова е во теорија а како оди враќање на уред во пракса не знам најверојатно вака :duel:
     
  11. pozdrav eden topol

    pozdrav eden topol

    Член од:
    3 мај 2019
    Мислења:
    237
    Допаѓања:
    172

    Пари на сметка може да легнат иако ти е блокирана, но неможеш да ги подигнеш.
    Од фирмата ќе земеш потврда дека си вработен и ќе ја однесеш кај извршителот што ти ја блокирал сметката за да ја одблокира и ќе се договорите како ќе го враќаш долгот.
     
  12. theprince

    theprince Fan of Irony

    Член од:
    3 февруари 2008
    Мислења:
    1.252
    Допаѓања:
    155
    Не треба да ми враќаат пари само сакам да го земам подобриот и да си доплатам, уредот сеуште не р стигнат, а направено е на кредит да го плаќам...
     
  13. baramrabota1

    baramrabota1

    Член од:
    26 септември 2017
    Мислења:
    69
    Допаѓања:
    6
    ЗДРАВО . МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ т.е ДА МИ ПОМОГНЕ ИЛИ ДАЛИ ЗНАЕ ЗА СЛЕДНОВО :

    КОИ СЕ ОСНОВНИ ПРЕДУСЛОВИ ИЛИ УСЛОВИ Т.Е ПРИЧИНИ ПОРАДИ КОЕ МОЖЕ ТУЖБА ДА БИДЕ ОТФРЛРНА ИЛИ ОДБИЕНА ???? ГОВОРАМ - СОГЛАСНО ЗАКОН И СО КОЈ ЧЛЕН ОД З.П.П СЕ РЕГУЛИРА ОВА ПРАШАЊЕ ????
    БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД .....
     
  14. Erich Zann

    Erich Zann Модератор

    Член од:
    13 мај 2012
    Мислења:
    13.701
    Допаѓања:
    28.782
    Член 15 (1) Судот во текот на целата постапка по службена должност внимава дали решавањето на спорот спаѓа во судска надлежност и дали решавањето на спорот спаѓа во надлежност на суд во Република Македонија. (2) Кога судот во текот на постапката ќе утврди дека за решавање на спорот не е надлежен суд туку некој друг домашен орган, ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата. (3) Кога судот во текот на постапката ќе утврди дека за решавање на спорот не е надлежен суд во Република Македонија, по службена должност ќе се огласи за ненадлежен, ќе ги укине спроведените дејствија во постапката и ќе ја отфрли тужбата, освен во случаите во кои надлежноста на суд во Република Македонија зависи од согласноста на тужениот, а тој ја дал својата согласност.

    Член 75 (1) Кога судот ќе утврди дека лицето кое се појавува како странка не може да биде странка во постапката, а тој недостаток може да се отстрани, ќе го повика тужителот да изврши потребни исправки во тужбата или ќе преземе други мерки за да може да продолжи постапката со лице кое може да биде странка во постапката.
    (2) Исто така, кога судот ќе утврди дека странката нема законски застапник или дека законскиот застапник нема посебно овластување кога тоа е потребно, ќе побара надлежниот Центар за социјална работа да му постави старател на парнично неспособното лице, односно ќе го повика законскиот застапник да прибави посебно овластување или ќе преземе други мерки што се потребни за да може парнично неспособната странка да биде правилно застапувана. (3) Судот ќе и определи на странката рок за отстранување на недостатоците од ставовите (1) и (2) на овој член. (4) Додека не се отстранат овие недостатоци, во постапката можат да се преземаат само оние дејствија поради чие одлагање би можеле да настанат штетни последици за странката. (5) Ако наведените недостатоци не можат да се отстранат или ако определениот рок безуспешно истече, судот со решение ќе ги укине дејствијата спроведени во постапката, доколку се зафатени со овие недостатоци и ќе ја отфрли тужбата ако недостатоците се од таква природа што го попречуваат натамошното водење на постапката.

    Ако Тужбата ја поднесе адвокат, задолжително треба да содржи печат, односно електронски потпис од адвокатот и адвокатска маркичка предвидена со посебен закон, во спротивно поднесокот се смета за неуреден и судот ќе го отфрли. До донесување на посебен закон со кој се уредува адвокатската маркичка, поднесокот од адвокат задолжително треба да содржи печат, односно електронски потпис. (маркичка засега нема, се останато мора да има, чл.98 ЗПП)

    И можеби најбитниот член 101 од ЗПП
    (1) Поднесоците кои се поднесени од полномошник, а кои се неразбирливи или не ги содржат податоците од член 98 ставовите (3), (4), (5) и (8) на овој закон или не се поднесени во доволен број примероци кога тие се поднесени во писмена форма, судот ќе ги отфрли. (2) Ако поднесокот е неразбирлив или не го содржи сето она што е потребно за да може да се постапи по него, судот ќе му укаже на подносителот кој нема полномошник, да го исправи поднесокот. (3) Кога судот ќе му го врати поднесокот на подносителот од став (2) на овој член заради исправка или дополнение, ќе определи рок за повторно поднесување на поднесокот кој не може да биде подолг од осум дена. (4) Ако поднесокот што е врзан за рок биде исправен, односно дополнет и предаден на судот во рокот определен за дополнение или исправка, ќе се смета дека му е поднесен на судот оној ден кога прв пат бил поднесен. (5) Ќе се смета дека поднесокот е повлечен ако не му биде вратен на судот во определениот рок, а ако биде вратен без исправка односно дополнение, ќе се отфрли. (6) Ако поднесоците или прилозите во писмена форма не ги поднесе во доволен број примероци, судот ќе го повика подносителот од ставот (2) на овој член да ги поднесе во рок од три дена, а во спротивно поднесокот ќе го отфрли.

    Член 274 (1) На подготвителното рочиште претходно се расправа за прашања што се однесуваат на пречките за натамошниот тек на постапката, било претседателот на советот по испитувањето на тужбата да го одложи решавањето на овие прашања, било тие да се наведени во одговорот на тужбата или на подготвителното рочиште. За овие прашања на подготвителното рочиште можат да се изведуваат докази кога тоа е потребно. (2) Покрај решенијата што е овластен да ги донесува по претходно испитување на тужбата, на подготвителното рочиште, претседателот на советот донесува и решение за отфрлање на тужбата, ако утврди дека за тужбеното барање веќе тече парница, дека работата е пресудена правосилно, дека за предметот на спорот е заклучено судско порамнување или дека не постои правен интерес на тужителот за поднесување на тужба за утврдување.

    Судот ќе ја отфрли тужбата поднесена од полномошник, ако во неа не е назначена вредноста на спорот. Доколку тужбата е поднесена од тужител кој нема полномошник и во неа не е назначена вредноста на спорот, судот ќе го повика подносителот да ја уреди тужбата во определен рок, а во спротивно ќе се постапува како со неуреден поднесок.

    Има и друг момент. Ама ќе отвориш ЗПП и ќе пребаруваш збор „отфрла/отфрли, одбива одбие.
     

Сподели преку: