Правна помош

Член од
16 декември 2012
Мислења
1.454
Поени од реакции
974
Здраво ме интересира имам комшија кој нон стоп брчи со сателит , чука каде да се обратам да го пријавам ако некој знае? Фала многу
Кај мојата комшика што користи караоке звучник
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.774
Поени од реакции
31.563
Стан, родители го препишуваат на двете деца и од следната година се води на нивно име, ама од следната година добиваат решение за годишен данок на имот - дупло.
Ако станот бил секогаш со 1800 годишен данок, сега стигнува кај едното дете решение на 1800 на негово име, а и кај другото дете решение на 1800 на негово име.
Тоа е ОК или згрешиле овие у општина?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
15.082
Поени од реакции
7.872

Не може двапати за ист период за иста недвижнина да се плаќа ист износ утврден данок по пазарна вредност како за една целина. Има многу такви заеднички недвижнини, сосопственост, посебно меѓу сопружници или браќа сестри. Тоа во Законот види во Чл 2 сосопственост и 5, даночен обврзник, зависи што се. Во секој случај ќе треба да ја контактираат општината.
http://www.ujp.gov.mk/files/attachment/0000/0020/Zakon_za_danocite_na_imot_84_2012__od_04.07.2012.pdf
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
1.454
Поени од реакции
974
Стан, родители го препишуваат на двете деца и од следната година се води на нивно име, ама од следната година добиваат решение за годишен данок на имот - дупло.
Ако станот бил секогаш со 1800 годишен данок, сега стигнува кај едното дете решение на 1800 на негово име, а и кај другото дете решение на 1800 на негово име.
Тоа е ОК или згрешиле овие у општина?
Згрешиле. Приговор во општината
 
Член од
26 септември 2017
Мислења
112
Поени од реакции
8
Здраво. Дали има правен лек против одлука на ВЈО ????
 
D

denza

Гостин
Ако граѓанин има право да тужи правно лице , што приватно му прави проблеми не службени, но други правни лица не сакаат да се нафатат на случајот бидејќи му биле „колеги“ каде треба да се обрати личноста за следна постапка ? И кај кој адвокат воопшто гледано пошто се работи за ментално пореметена правна личност а не знам што толку акцент им ставиле само зш се правници се безгрешни кога се гмиждави гомна од луѓе
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
3.264
Поени од реакции
2.323

Малко си ги помешал правник со правно лице можам да забележам, но ако сакаш да тужиш некој адвокат како физичко лице, најбољи си најди адвокат од друг град.
 
Vargo _online

プレイステーション3
Член од
1 мај 2010
Мислења
465
Поени од реакции
39
Минат труд се пресметува по 0.5% годишно..... Секоја фирма обврзана ли е да ти плаќа за целиот стаж или само за времето додека си работел кај нив?..... И поточно дали е обврзана воопшто да ти плаќа?
 
Tomasino

Tomas Snow
Член од
19 март 2009
Мислења
9.099
Поени од реакции
17.936
Минат труд се пресметува по 0.5% годишно..... Секоја фирма обврзана ли е да ти плаќа за целиот стаж или само за времето додека си работел кај нив?..... И поточно дали е обврзана воопшто да ти плаќа?
Секоја фирма која уредно ги пријавила своите вработени има обврска да исплаќа додаток за минат труд, доколку има вработени кои ги исполнуваат условите за тоа, односно имаат најмалку 1 година работно искуство...
Минатиот труд е додаток на твојата плата кој се пресметува на основица од 0.5 % за секоја измината години работно ангажирање, од самиот почеток на твојот работен стаж, се додека си во работен однос без разлика колку работодавачи си променил во текот на твојота кариера.
Согласно Законот за работни односи, законска обврска на работодавачот е каде што работиш сега е да ти исплаќа додаток на плата на име минат труд на основица која одговара на бројот на одработени работни години, ако имаш 5 години работен стаж да ти плаќа 2.5% додаток на плата итн.
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
351
Поени од реакции
320
Во процедура сме за оставинска постапка за куќа, но излезе проблем дека куќата не била легална. Куќата е градена од мојот дедо 62 година, според план со градежна дозвола. Меѓутоа јас успеав да најдам само копија од тие дпкументи , а во катастар ми бараат оригинали. Како да дојдам до тие оригинали ? Исто ме интересира, пред 10 години доградена е тераса но искрено не знам како, немам никакви документи. Дали при нов геодетски план, ќе треба таа тераса да се легализира ?
 
Vargo _online

プレイステーション3
Член од
1 мај 2010
Мислења
465
Поени од реакции
39
Секоја фирма која уредно ги пријавила своите вработени има обврска да исплаќа додаток за минат труд, доколку има вработени кои ги исполнуваат условите за тоа, односно имаат најмалку 1 година работно искуство...
Минатиот труд е додаток на твојата плата кој се пресметува на основица од 0.5 % за секоја измината години работно ангажирање, од самиот почеток на твојот работен стаж, се додека си во работен однос без разлика колку работодавачи си променил во текот на твојота кариера.
Согласно Законот за работни односи, законска обврска на работодавачот е каде што работиш сега е да ти исплаќа додаток на плата на име минат труд на основица која одговара на бројот на одработени работни години, ако имаш 5 години работен стаж да ти плаќа 2.5% додаток на плата итн.
Отидов во HR во компанијата во која работам и ми рекоа дека политика на компанијата било да им де исплаќа минат друд на работниците само за времето кое работеле во неа. Мене не ми е јасно како политиката на една компанија може да биде над законот?
 
Член од
31 март 2008
Мислења
2.064
Поени од реакции
788
Дали УЈП би барала да се плати данок на годишно ниво ако отворам сметка во банка за да чувам пари заработени во странство? И колкава би била таа давачка во проценти? Дали ова истово би важело и за чување на пари во сеф ( ако ова е правиот назив?) во банка?

Или е можеби подобро да се орочат парите во банката за да се избегне данок?

Јас сум веќе над 10 години иселен од Македонија и немам ни сметка во банка во мкд ни пак негогаш сум работел во Македонија. Се иселив кога бев на факултет запишан.
 
Tomasino

Tomas Snow
Член од
19 март 2009
Мислења
9.099
Поени од реакции
17.936
Отидов во HR во компанијата во која работам и ми рекоа дека политика на компанијата било да им де исплаќа минат друд на работниците само за времето кое работеле во неа. Мене не ми е јасно како политиката на една компанија може да биде над законот?
Токму тие "ПОЛИТИКИ" кои ги водат нашите фирми не доведоа до ова дереџе:boksix:.( за жал таквите политики се покажаа како погубни, во однос на правата на работниците ).
Должни се според Закон за работни односи и Колективен Договор од приватен сектор да ти го исплаќаат додатокот за минат труд, непочитување на таквата законската одредба предвидена е глоба во износ од 3.000,оо евра.
Укажи им, најдобро писмено обрати се до работодавачот, до човечки ресурси, со напомена, односно писмен допис ОПОМЕНА, дека ако не ти исплатат додаток на плата ќе заведеш судска постапка за да си го оствариш твоето право на парично побарување од работен однос.
Имаш и други оружја на располагање, како работник имаш право да го пријавиш случајот телефонски или лично во надлежниот трудов инспекторат, кој има должност да постапи согласно Законот за инспекциски надзор, Законот за работни односи и останатите Закони, Подзаконски акти и Колективни договори кои се однесуваат на ваквиот прекршок и да спроведе инспекциски надзор во фирмата, нека им изречат глоби од по неколку илјади евра, па нека размислуваат работодавачите дали вреди и понатаму да се придржуваат кон своите политики.:tapp: ( нормално, под услов инспекторатот да си ја заврши својата обврска професионално ):...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
1.683
Поени од реакции
3.613
Стан, родители го препишуваат на двете деца и од следната година се води на нивно име, ама од следната година добиваат решение за годишен данок на имот - дупло.
Ако станот бил секогаш со 1800 годишен данок, сега стигнува кај едното дете решение на 1800 на негово име, а и кај другото дете решение на 1800 на негово име.
Тоа е ОК или згрешиле овие у општина?
Згрешиле. Приговор во општината
Можеби и не згрешиле.
Ако родителите имале адреса на тој стан - плаќале данок од 0,05% од вредноста.
Ако децата имаат друга адреса на живеење - тогаш ќе плаќаат 0,10% од вредноста.
 
Beric Dondarrion

Lord of Blackhaven
Член од
14 август 2006
Мислења
26.774
Поени од реакции
31.563
Можеби и не згрешиле.
Ако родителите имале адреса на тој стан - плаќале данок од 0,05% од вредноста.
Ако децата имаат друга адреса на живеење - тогаш ќе плаќаат 0,10% од вредноста.
Да, знам. Мада ми е чудно, како и двете плаќаат по 0,1%, а не вкупно 0,1%.
Сепак имало грешка, зашто едното дете живее на таа адреса, а другото не.
 
На врв Bottom