Правна помош

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Струмикс, 9 април 2006.

  1. Tomasino

    Tomasino Млаџи референт

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    9.027
    Допаѓања:
    17.604
    @baramrabota1

    Господине,
    Пак се враќаме назад, ако добро го прочиташ и протолкуваш мојот пост ќе добиеш одговор на повеќето од твоите прашања.
    Ќе пробам редоследно да ти одговорам или да ги дополнам веќе дадените одговори на некои твои прашања:
    1.Тоа дека доверителот/тужителот го повлекол предлогот за издавање платниот налог во 2015 година не значи дека се откажал од тужбеното барање.
    Тој може да се повика повторно на истото тужбено барање, односно во случајот да поднесе предлог за издавање на нотарски платен налог се додека не му застарат фактурите.
    Значи во 2015 година кога прв пат стигнал до тебе предлогот од судот, по моја претпоставка тие ( тужителите, Дајнерс ), констатирале дека испратиле против тебе два предлози за издавање на платен налог.
    Едниот го повлекуваат, а другиот го оставаат на натамошно одлучување пред судот.
    Што се случило со тој предлог по кој сега решава Апелација? И зошто не ти бил доставен? Ви објаснив која е најчестата причина заради која на многу луѓе како тебе им се случи ваква работа.
    Неажурноста на судовите, огромниот хаос со папирологијата при предавањето на списите на релација СУД- НОТАРИ- ИЗВРШИТЕЛИ доведе до ова ниво на кое е денес правосудството.

    2. Околу поднесениот предлог за извршување.
    Значи ова е друга работа и различна од предлогот за издавање на решение за нотарски платен налог.
    Сега тој предлог за извршување се нарекува барање за извршување.
    Порано до Основен Суд се поднесуваше предлог за извршување. со тоа што во прилог кон тој предлог се ставаше правосилна исправа, Пресуда, Решение за платен налог.
    Па судот ставаше печат за извршност на тој предлог и истиот имаше својство на извршна исправа, па потоа истиот се спроведуваше преку извршно одделение на судот на натамошна присилна наплата од должникот.
    Во твојот случај, со оглед дека кога доверителот го поднел предлогот во времето кога не беа стапени во сила измените во Законот за извршување доверителот поднел предлог за извршување.

    3. Околу полномошното,
    Ти објасни е еден член во некој претходен пост, ќе пробам и јас.
    Значи, во тоа време, кога се работеше за некој доверител/тужител кој во судот имал повеќе предмети каде води постапки, а во случајот со платните налози како кај тебе доверители кои имаа повеќе предмети како банките, телефонските оператори, ЕВН, Водовод итн, истите кога поднесуваа предлози за издавање на решенија до судот депонираа едно УНИВЕРЗАЛНО ПОЛНОМОШНО во кое беше наведено дека ТОЈ И ТОЈ АДВОКАТ, ИЛИ ТОА АДВОКАТСКО ДРУШТВО има овластување да поднесе предлози за издавање на решенија за платни налози, па од тие причини не си го видел полномошното кога си правел увид во списите на предметот.
    Така фунционираше судската пракса порано, за жал, сега со новите измени на ЗПП од 2011 година мора да има во секој предмет уредно заверено полномошно со потпис и печат од адвокат

    4. Околу тоа дека си го пропуштил рокот за жалба.
    Ти одговорив и претходно, сега само ќе дополнам,
    Без разлика на тоа што си го откажал полномошното дадено на адвокатот, си морал да инсистираш да ти биде даден препис од пресудата за да вложиш жалба.
    Не си одам од писарница и готово, само со писмено барање не се брка работа во писарница, ниту во државна институција. ДОКАЖАНО....Сепак за Македонија правиме муабет.
    Пак ќе ти кажам, усно си требало да инсистираш да ти биде даден примерок од пресудата, ова ти го кажувам од искуство, затоа што секој ден имам работа со судска писарница, и знам во детали како оди во пракса ова, доколку си инсистирал и да си бил упорен ќе си добиел препис од пресудата,
    Разбирам да си трето лице, ама на директен учесник, странка во постапка некој да не и даде препис од пресуда на нејзино инсистирање и на фактот што го откажала полномошното дадено на претходниот адвокат е нејасно.
    Фактот што си знаел дека има пресуда против тебе, и си бил свесен за рокот кој ти е даден да изјавиш жалба и пред се што не си ангажирал друг адвокат во рокот да поднесе жалба во твое име е твоја вина.
    И очекувај на тие аргументи да се базира и одлуката на Апелација, по твојата жалба за укинување на клаузулата за прависилност и извршност. ( дај боже да грешам и да досудат во твоја полза ).

    Поздрав, ти посакувам да успееш во постапката.
     
  2. sickjoce

    sickjoce Ненормален

    Член од:
    30 јуни 2007
    Мислења:
    1.181
    Допаѓања:
    264
    Дали некој има пример од Писмена одбрана за суд (за сообраќајен прекршок)? Дали е подобро да одам лично или исто ми се фака и по писмен пат? Искуства?
     
  3. AAbrat

    AAbrat *******

    Член од:
    28 октомври 2015
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    263
    Да прашам некој правник дали знае или дали може да ми одговори на следново прашање:
    - Во случај 2 лица да вршат полесен криминал, од видот пример крадење дрва или риби, дали трето то лице кое не е со нив ама ги известува за ситуацијата на патот, дали доаѓа полиција итн ке одговара доколку ги фатат првите 2 лица кои крадат ?
    - Друг пример. Риболов со мрежи не е дозволен, одат 2 ца да крадат, притоа третото лице не е со нив туку седи пред полициска станица и ги известува крадците . Дали во ваков случај ако ги фатат крадците одговара и третото лице кое не е со нив ??
    За убиства, кражби , трансфер на дрога итн јасно ми е дека е соучесник.. туку за првиве 2 случаи ме интересираше .
     
  4. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.388
    Допаѓања:
    906
    Помагање
    Член 24
    (1) Тој што на друг со умисла ќе му помогне во извршување на
    кривично дело ќе се казни како да го сторил самиот, а може да се казни и
    поблаго.
    (2) Како помагање во извршувањето на кривично дело ќе се смета
    особено: давање совети или упатства како да се изврши кривичното дело,
    ставање средства за располагање на сторителот за извршување на
    кривичното дело, отстранување на пречките за извршување на кривичното
    дело, како и однапред ветено прикривање на кривичното дело на
    сторителот, на средствата со кои е извршено кривичното дело, на трагите на
    кривичното дело или на предметите прибавени со кривичното дело.
    Граници на кривичната одговорност и на казнивоста на соучесниците
     
    На AAbrat и X3m им се допаѓа ова.
  5. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.388
    Допаѓања:
    906
    Да те прашам: Можеш ли ова што си го напишал да го избришеш, па повторно да го напишеш? Членот погоре праша, му одговорив со цитат од Законот. Ако имаш некакви замерки во врска со законската регулатива, поведи иницијатива, не го губи времето овде, на Форумот.
     
  6. Ireal

    Ireal

    Член од:
    12 март 2009
    Мислења:
    10.485
    Допаѓања:
    4.662
    ок е твојот одговор... немам намера да исправам криви дрини ( закони), но факт е дека и со истите закони има диаметрално различни толкувања, квалификации и пресуди, не само за лесни туку и за тешки кривични дела........
    тоа е стварноста и проблемот, ете ако смета ќе го избришам постот и ќе го ставам во друг Топик, на пример мислам имаше - македонска правда...
     
    Последно уредено: 1 декември 2018
    На AAbrat му/ѝ се допаѓа ова.
  7. AAbrat

    AAbrat *******

    Член од:
    28 октомври 2015
    Мислења:
    278
    Допаѓања:
    263
    Уште само ова прашање. Дали полицаец има право да ти го одземе мобилниот телефон, да проверува последни повици без налог ?
    Пример седам пред станица, да ме собере и да ми го земе телефонот.
    Благодарам на одговорите.
     
  8. X3m

    X3m Титула по желба

    Член од:
    20 јуни 2007
    Мислења:
    396
    Допаѓања:
    142
    кажи барем и каде ќе крадат тие што ќе ги пазиш
     
    На zelenko и A62 им се допаѓа ова.
  9. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.388
    Допаѓања:
    906
    Нема право
     
  10. Bubache

    Bubache

    Член од:
    27 октомври 2015
    Мислења:
    216
    Допаѓања:
    46
    дали некој може да ми каже која е процедурата за продажба на оружје-ловечка пушка (со дозвола) односно купувачот да има одобрение за набавка на оружје
     
  11. baramrabota1

    baramrabota1

    Член од:
    26 септември 2017
    Мислења:
    33
    Допаѓања:
    1
    Прво да Ви се заблагодарам за ОПШИРНОТО објаснување.
    Во глобала се согласувам со Вас, но ова последното во кое Велите дека сум знаел за пресудата и дека сум знаел за роковите,,,,,,, Вистина е дека знаев дека има пресуда. Се обратив до повеќе адвокати и сите ми рекоа дека треба да имаат пресуда за да можат врз основа на што да се повикаат во ЖАЛБЕНИТЕ НАВОДИ . А за она со писменото обраќање за препис на пресуда..... Вистина дека живеееме во Македонијаи , ама таквата упорност од типот : НЕ СИОДАМ ДОДЕКА НЕ МИ ДАДЕШ ПРЕСУДА или слично...не држи место. Кога јас во судот би постапил така арогантно..само би навлекол на себе уште некоја тужба за насилно однесување или богзнае за уште што не ?!?!
    Адвокатот ( без разлика што не сакам не можам да го замислам ) сепак , навремено со писмен ДОПИС ( ПОДНЕСОК ) уште на првиот ден од рокот за жалба го известил судот дека го откажува полномошното и дека пресудата ја враќа во судот со цел да ми се врати ( достави ) - овој поднесок фигурира во предметот ( при мојот увид во предмет ).

    Гледам не Ви се верува дека судијата не сакала да ми даде препис на пресуда ?!?!? Зошто тогаш , судијата не ми одговори на моето барање за препис на пресуда ( без разлика на исходот на тој одговор ) , притоа занемарувајки го Уставот на РМ како највисок законодавен акт во РМ т.е член 24 кој гласи : Секој граѓанин има право да поднесува претставки до државните органи и другите јавни служби и на нив да добие одговор. Граѓанинот не може да биде повикан на одговорност, ниту да трпи штетни последици за ставовите изнесени во претставките, освен ако со нив не сторил кривично дело.
    Затоа овој предмет е на разгледување во Судски Совет на РМ а наскоро и во СТРАЗБУР.. Не сум оптимист затоа што знам кој стои пред мене : ГОЛЕМИОТ ДАЈНЕРС ИНТЕРНАЦИОНАЛ. Во крајна линија ке ја тужам РМ затоа што толку години го "КРИЕЛА ПРЕДМЕТОТ" ИЛИ ПАК И БИЛ ИЗГУБЕН ВО СУДСКИТЕ АРХИВИ - мене лично не ме интересира.Судот , доверителот , имале милион начини во текот на овие 13/14 години барем еднаш да ме известат или да донесат пресуда против мене, Тие не ни покренале судска постапка , а сега треба да плакам камати за нивните грешки и пропусти.
    Пријателе , 2002 г тужев ЈП каде што работев,,,,, сите велеа дека немам шанси, ама имав некоја интиуција дека ке успеам и успеав , бев упорен и успеав, Само една дигресија : 6 години водев доказна постапка за отказно решение ( не сум се јавил 3 дена на работа ).......

    Се ке излезе на виделина ,,, некој ке одговара дебело пред законот
     
  12. darkwomen

    darkwomen

    Член од:
    4 декември 2018
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дали имам право да ја наследам семејната пензија од мажот ми која сега ја користи мојата ќерка,кога ќе наполнам 50 години старост.Бидејќи на денот на смртта на мојот сопруг немав ни 40 години. Ако некој знае да ми одговори, благодарам.
     
  13. Leeks

    Leeks

    Член од:
    6 декември 2018
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Имам едно прашање што ме држи од спиење со месеци и ми треба одговор ако некој знае.

    Ме имат фатено алфи со многу мало парче екстаза за самоупотреба прв пат што одлучив да пробам. Имам идено во полициска станица и во НТШ дадов записник и ме пуштиа без да ме сликат. Моето прашање е дали на некој му се случило истото и дали има некој ризик за казна или затвор? или дали ке дојде некоја покана за суд после неколку години? ми стои врз глава и немозам да функсионирам од што незнам што ке се случи.

    Ви благодарам однапред за одговори.
     
  14. pixa

    pixa

    Член од:
    19 септември 2009
    Мислења:
    3.098
    Допаѓања:
    2.105
    Од пракса слични случаи не ги процесуираат бидејќи количината е мала, евентуално може прекршочна казна да платиш и тоа е тоа, ич да не му се секираш тоа затвори идење нема теорија.
     
  15. Ljudmila

    Ljudmila

    Член од:
    сабота
    Мислења:
    1
    Допаѓања:
    0
    Ме интересира дали ќе има проблем доколку поведам судски спор со особа која е државјанин на МК а не живее тука (има лк и адреса на живеење во МК). Се работи за навреда во пишана форма (писмо) која е пратена на друга особа а се однесува на мене
     

Сподели преку: