Правна помош

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Струмикс, 9 април 2006.

  1. Tomasino

    Tomasino Млаџи референт

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    9.013
    Допаѓања:
    17.576
    Ќе одиш во Суд, во местото каде живееш.
    Ќе се обратиш до прекршочна писарница, ќе им дадеш твои лични податоци за да проверат официјално во системот дали против тебе се води прекршочна постапка по која одлучува/л Основниот суд, доколку се водела постапка и е донесена пресуда против тебе за сторен прекршок мора да те информираат.
    Ќе си побараш препис од Пресудата, мора да ти издадат на твое барање, па да знаеш на што си, доколку е осудителна пресудата и има сеуште рок за жалба да одлучиш дали ќе се жалиш, доколку е изминат рокот за жалба да постапиш по задолженијата во одлуката ( исплата на глобата и судските такси ).
     
    На Solaire of Astora му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Solaire of Astora

    Solaire of Astora

    Член од:
    30 јули 2014
    Мислења:
    2.740
    Допаѓања:
    6.352
    Нема ни постапка ни пресуда во системот, дечкото упорно ескивира да се видиме да ми ја покаже пресудата и инсистира да му дадам пари за да наводно уплател. Претпоставувам дека залудно би било и времето да си го трошам и да го пријавам во полиција.
     
  3. imortel

    imortel

    Член од:
    24 октомври 2011
    Мислења:
    121
    Допаѓања:
    11
    Другарче работи во угостителски објект. Имаше повреда (скршеница) и поради физичката работа која што ја извршуваше не беше попречен при што доби право на користење на боледување од 30 дена. Боледувањето повторно му беше продолжено од страна на 3 члиена комисија за уште 30 дена. По враќање на работното место добива известување (вербално) дека треба да ги го врати одреден паричен надоместок. Причината за тоа е: работодавецот не го завел боледувањето на вработениот. Што би бил следниот чекор ? Би ве замолил за совет. Ви благодарам однапред.
     
  4. Tomasino

    Tomasino Млаџи референт

    Член од:
    19 март 2009
    Мислења:
    9.013
    Допаѓања:
    17.576
    Да не имаш направено некој прекршок во друг град?
    Па да е формиран прекршочен предмет пред друг Основен Суд против тебе, па со издаденото полномошно адвокатот се легитимирал пред судот како твој бранител па со тоа му доставиле примерок од пресудата..
    Тоа треба да ти е разјаснето, иако без да те повикаат и тебе во својство на обвинет не поминува туку така процесот.
    Па дури потоа да си сигурен дека не блефира адвокатот.
    Во секој случај, доколку не презел одредени дејствија во твое име нема право да ти бара пари, освен за правен совет.
     
  5. gurman2

    gurman2

    Член од:
    16 декември 2012
    Мислења:
    1.382
    Допаѓања:
    902
    Бидејќи нема време да се видите, побарај му број на пресуда, износ и сметка на која ќе уплатиш
     
  6. baramrabota1

    baramrabota1

    Член од:
    26 септември 2017
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    0
    ЗДРАВО !! ДАЛИ МОЖЕ НЕКОЈ ДА МИ КАЖЕ ВО ВРСКА СО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ТУЖБА ЗА ДОЛГ ???
    ЗА АДВОКАТ ДА ПОДНЕСЕ ТУЖБА ВО ВАШЕ ИМЕ, ПОТРЕБНО Е ДА ДОБИЕ ПОЛНОШНО ОД ВАС ЛИЧНО????
    ДАЛИ СУДОТ МОЖЕ И СМЕЕ ДА ПРИФАТИ ТУЖБА- ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ БЕЗ ДА ИМА ЗАВЕРЕНО ПОЛНОМОШНО ОД ДОВЕРИТЕЛ ??
    ДАЛИ ДОКОЛКУ ИМА ЗАВЕРЕНО ПОЛНОМОШНО МОРА ДА БИДЕ ВО АРХИВИРАН СУДСКИ ПРЕДМЕТ ???
     
  7. lazar31

    lazar31

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    1.768
    Допаѓања:
    1.847
    Секако дека треба полномошно и истото стои во списите на предметот во судот. Полномошното го потпишуваш и тоа е тоа, освен потписот нема никаква друга ,,заверка,,.
     
  8. Филозофка

    Филозофка Amelie Poulain

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    1.638
    Допаѓања:
    489
    Те лаже, штом нема заведено, не му одговарај на повиците, трчи лажи врие овакви адвокатчиња бегај од таков....
    И да имаш прекршочна, тоа оди преку УЈП сега, ќе ти повлечат пари од сметка не мора ни да одиш да ја платиш..... така да не губиш ништо ако не ја платиш, а ако му дадеш пари а да немаш решение или пресуда против тебе(што е најверојатно случајот кај тебе) тогаш ти губиш... он добива
     
    На Solaire of Astora му/ѝ се допаѓа ова.
  9. baramrabota1

    baramrabota1

    Член од:
    26 септември 2017
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    0
    Благодарам многу , ама верувајте ....проблемот е толку комплексен да ретко кој може правно да го протолкува ?!?!? Замрсено е со толку намерни или ненамерни пропуштени дејствија да сега е многу тешко да се состави тој правен мозаик по овој случај. Не знам дали би можеле да ја скоцкате оваа ујдурма т.н измама ??!?!?

    Доверителот преку својот адвокат поднел предлог за извршување за долг од 2003г до судот. Одтогаш наваму до 2015, немам добиено ниту пресуда , извршно решение или било каков документ. Предлогот за извршуваање воопшто не е разгледуван процесиран . Во 2015г поднесен е предлог за Судски платен налог за иста фактура-долг од 2003 г ама по мојот поднесок за ЗАСТАРЕНОСТ , доверителот се повлекува од тужбеното брање во целост. После 2 г - повторно преку нотар се поведува тоа за НПН за истиот долг и иста фактура од 2003г . Постапката оди пред суд /парница и го губам спорот . Како клучен доказ- причина за донесување таква одлука , судот ја темели на ПРЕДЛОГОТ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ ОД 2003г и покрај тоа што Доверителот се повлекол од тужбеното барање од 2015 . Колку успеав да разберам од увидот во предметот што го направив, не видов некое полномошно , овластување или било каков документ со кој ДОВЕРИТЕЛОТ ГО ОВЛАСТИЛ тогашниот адвокат за поднесување ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ за кој сега судот го третира како УРЕДНО ПОДНЕСЕНА ТУЖБА??? Замрсено нели ????
     
    Последно уредено: 10 ноември 2018 во 00:29
  10. lazar31

    lazar31

    Член од:
    7 ноември 2011
    Мислења:
    1.768
    Допаѓања:
    1.847
    Претпоставувам дека се работи за фактура од некој доверител како ЕСМ, Телеком, Водовод..... компании кои своевремено масовно поднесуваа предлози за извршување, платни налози, тужби.... и кога тоа одеше преку адвокат, тој адвокат имаше генерално полномошно кое го депонираше во судот и немаше потреба со секој предлог да приложува и полномошно.
     
  11. baramrabota1

    baramrabota1

    Член од:
    26 септември 2017
    Мислења:
    24
    Допаѓања:
    0
    ,При увидот во предметот, не забележав ПОЛНОМОШНО кое дадено на Адвокат или има некакво овластување од доверителот ????
    Едноставно поднесен е ПРЕДЛОГ ЗА ИЗВРШУВАЊЕ .... нема никаква тужба ????
     
  12. elgerente

    elgerente

    Член од:
    23 јануари 2012
    Мислења:
    80
    Допаѓања:
    53
    Освен ваш совет на темата, слободно предложете ми и адвокат кој работи на тоа поле.

    Хипотетички, поседувам веб страна за чија содржина (слики / видеа) поседувам авторски права (ownership of copyright). И некој се дрзнал да ја стави таа содржина на некој торент сајт. Како оди постапката за copyright infringement ? Дали можам веднаш да тужам и да барам отштета или пак мора прво предупредување ? Слободно напишете се што знаете за таков хипотетички случај. Благодарам.
     
  13. sonite

    sonite

    Член од:
    18 декември 2014
    Мислења:
    90
    Допаѓања:
    15
    Здраво,

    дали можи да ми кажите за процедурата за пријавување дивоградба.

    Дали градежниот инспектор треба да ми даде некоја потврда дека е пријавено дивоградба?

    Кои се следните чекори доколку инспекторот НЕ ја спречува дивоградбата. Фала
     
    Последно уредено: 13 ноември 2018 во 17:23
  14. imortel

    imortel

    Член од:
    24 октомври 2011
    Мислења:
    121
    Допаѓања:
    11
    Не те разбирам... број на пресуда?
     
  15. Forca

    Forca

    Член од:
    2 март 2016
    Мислења:
    80
    Допаѓања:
    34
    Паметно е да се бара број на пресуда и од кој датум, после во судот може да провери дали таква пресуда постои и дали е прогласен за виновен за сторен прекршок или е ослободен од одговорност.
     

Сподели преку: