Правна помош

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од Струмикс, 9 април 2006.

  1. pixa

    pixa

    Член од:
    19 септември 2009
    Мислења:
    2.697
    Допаѓања:
    1.622
    Прво нели треба со медицинско вештачење, записник од сообраќајката да се обрати до осигурителна компанија и од нив да бара материјална и нематеријална штета. По мене така се наплаќа материјална и нематеријална штета.
     
  2. Silvio

    Silvio Strength And Honor

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    165
    Така е, доколку бил регуларно осигуран камионот. Законот ги обврзува оштетените прво да се обратат до осигурителната компанија кај која бил осигурано камионот за да бидат обештетени, а после им останува правото да бараат оштета во судска постапка доколку мислат дека не се во доволна мера обештетени.
     
  3. pixa

    pixa

    Член од:
    19 септември 2009
    Мислења:
    2.697
    Допаѓања:
    1.622
    Да де да, така и мислев камионот Да е регуларно осигуран при регистрација и обично осигурителни компании даваат мала сума , за да по приговор даваат поголема сума , за на крај ако не е задоволна странката оди судска процесна постапка во која тужена е осигурителна компанија ...
     
    На Silvio му/ѝ се допаѓа ова.
  4. WhiteLady

    WhiteLady

    Член од:
    12 мај 2017
    Мислења:
    2
    Допаѓања:
    0
    Дојде и полиција и брза помош затоа што не беше обичен удар или гребнатинка,со записник де. Најдовме и адвокат ни кажа дека од колата нема да земиме баш , проценета е тоталка. Е сега си одбива од нејзината вредност годишна старост и што можиш да искористиш и ке испадне некоја смешна цифра што ке немаш ни за половина кола.
    На мак. форуми многу малку можеш да најдеш за обештетување во ваков случај , срека што поминаме со лесни телесни повреди . Ке видиме и во однос на нематеријалната штета колку може да земиме кога веке сме поминале низ овој хорор ке размислуваш и за обештетување.
    Благодарам за одговорите!
     
  5. pixa

    pixa

    Член од:
    19 септември 2009
    Мислења:
    2.697
    Допаѓања:
    1.622
    Си требал да поднесеш барање до осигурителна компанија и тие ке ти пуштат понуда, имаш право ан приговор, за да после можеш и да ги тужиш ако не си задоволен од понудата и не би рекол ако е проценета тотална штета дека ке земете багателна сума, така да треба да си ја помаваш работата.
     
  6. Lurtz

    Lurtz

    Член од:
    28 март 2006
    Мислења:
    13.493
    Допаѓања:
    6.351
    Во кои закони може да се најде постапка за имотен лист на недвижнина, изведувач и стечајна постапка? Во законот за градење и з. за премер и катастар не најдов.
     
    Последно уредено: 17 мај 2017
  7. Silvio

    Silvio Strength And Honor

    Член од:
    21 јануари 2009
    Мислења:
    300
    Допаѓања:
    165
    За имотен лист конкретно - Закон за катастар на недвижностите и плус ќе те интересира сигурно и Закон за сопственост и други стварни права,
    Изведувачите се уредени во Законот за градење,
    Стечајна постапка во Закон за стечај.

    Закон за облигационите односи исто така види си.
     
    На Lurtz му/ѝ се допаѓа ова.
  8. dars

    dars

    Член од:
    9 јуни 2006
    Мислења:
    57
    Допаѓања:
    1
    Мала помош пријатели,
    Со закон за приватизација на сектор од здравството сегмент,во стоматологијата(2005 г) е приватизиран со регистрирана ПЗУ од страна на министерството за здравство,но во самиот старт со погрешна шифра на дејност која пак носи со себе поголем износ на придонеси.Фондот за здравство ја прифака таа шифра и не задолжува со тој износ,иако веднаш е сугерирано и побарано да се исправи.Во нјкраток рок шифрата на дејност е променета и новото судко решение со промена на шифрата им е доставено,а во мегувреме придонесот е уплатуван по новата шифра(помал износ на придонеси за здравствено осигурување).По три години(2008 г)фондот поднесува тужбено барање за наплата на разликата меѓу првата и втората(вистинската) шифра на дејност а судот го подржува истото,сметката е блокирана а побарувањето дадено на извршител.Со години потоа фондот е нем,нетранспарентен а сите барања за увид во досието и картицата за уплати и задолженија е криена и недостапна за нас.Дури сега по толку години ни беше дадена картицата со вкупно уплатените средства по тој основ како и со барањето на информации од јавен каратер висината на вистинскиот износ на придонес за здравствено осигурување одделно по месеци за оптужениот период.Математиката вели дека уплатените средства(за 4 години) одговараат на висината на вистинскиот износ на придонесите,а сме тужени за разлика која произлезе од нивно несовесно работење.

    - барам правен лек како да ја исправиме неправдата,можно ли е фондот да биде оптужен со оглед на тоа дека веке постои пресуда,можно ли е со парнична постапка побарување одштета од раководното лице во фондот

    Благодарам,
     
  9. neizvalkan

    neizvalkan

    Член од:
    28 февруари 2014
    Мислења:
    70
    Допаѓања:
    1
    Проблем од работни односи:
    Си заминав од фирмата кај што работев и сега сум во друга фирма, но веќе месец и пол , фирмата кај што работев не сака да ме одјави, поднесов и писмено барање за да ме одјави со препорачано писмо но истото фирмата не го прима, ми се враќа назад.Каква е постапката за да ме одјават, имам ли право на тужба и колку рок треба да помине и од кога ќе се смета тој рок кога не го прима писмото?
     

Сподели преку: