Правна помош и совети

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.223
Поени од реакции
78.802
Не знам баш прашањево дали е за тука или за во економија можда, ама ќе прашам:
По сменување на сопственсот на стан, зошто е битно да се известат фирми како ЕВН или МРТВ или Водовод или слични, за тоа дека е друг сопственик?
Што ако никад не ги известиш и сметките продолжат да си пристигаат на име на стариот сопственик?
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152

Јас мислам дека новиот сопственик сам го менува името со купопродажниот договор.
 
Мислиш дека со купопродажниот договор автоматски се известуваат ЕВН, БЕГ и слични?
Не.
Сметките продолжуваат да стигаат на име на стариот сопственик.
Ја прашувам зошто е битно новиот сопственик да ги извести фирмиве за промената?
Што со тоа што сметките продолжуваат да стигаат на име на стариот? Дали е задолжително новиот да ги извести овие јавни претпријатија? Рок некој да не има за тоа?
 
Ние продадовме кука пред две години и новите газди си го рагулирале тоа....сметките одат на таа адреса...
 
Член од
3 јули 2015
Мислења
5
Поени од реакции
0
Dobro, sto se slucuva dokolku ima zaostanati smetki koi ne se plateni (ili da receme ima tuzba ili nekoe drugo pravno dejstvie) Dali toa znaci deka nedviznosta nema da moze da se prodade? Ova mislam deka e taka samo ako ima hipoteka na nedviznosta a dolg po osnova na komunalii ne e hipoteka? Znae nekoj?
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Не знам баш прашањево дали е за тука или за во економија можда, ама ќе прашам:
По сменување на сопственсот на стан, зошто е битно да се известат фирми како ЕВН или МРТВ или Водовод или слични, за тоа дека е друг сопственик?
Што ако никад не ги известиш и сметките продолжат да си пристигаат на име на стариот сопственик?
Важно е од проста причина да се знае кој е корисник, т.е. потрошувач на енергија, вода, парно и слично на таа адреса, за да се знае кој е должен да плати.

Со договорот за купопродажба или друг основ на пренос на сопственост се иде до ЕВН, МРТВ и сегде кај што треба да се најави промена на потрошувач.

Во случај да настане спор со долг према некој од давателите на услуги а долгот гласи на име на претходниот сопственик/потрошувач, долгот може да оспори со приложување на купопродажен договор или историја на имотен лист. Али нормално, за да се скратат ваквите маки најубаво е да се среди оваа работа при промена на сопственик на недвижноста.[DOUBLEPOST=1436115121][/DOUBLEPOST]
Dobro, sto se slucuva dokolku ima zaostanati smetki koi ne se plateni (ili da receme ima tuzba ili nekoe drugo pravno dejstvie) Dali toa znaci deka nedviznosta nema da moze da se prodade? Ova mislam deka e taka samo ako ima hipoteka na nedviznosta a dolg po osnova na komunalii ne e hipoteka? Znae nekoj?
Вообичаено е ваквите заостанати долгови да се решат во моментот на предавање на сопственоста, односно непосредно пред тоа.

Недвижноста ќе може да се продаде и без да се решат овие односи (не може само ако има засновано некаков товар врз стварта како хипотека, залог и слично). Али вообичаено не се продава со долгови, се бара недвижноста да биде расчистена од долгови за да се направи пренос на истата, па така со преддоговор на пример може да се даде капар од страна на купувачот на продавачот за да ги расчисти долговите или слично.
 
Последно уредено:

Koj bara da e iscistena od dolgovi? Agencija za katastar ili mozniot kupuvac? Dali oni (katastar) smeat da odbijat da se napravi prenos na sopstvenost na nedviznosta ako nema zalog/hipoteka no predhodniot sopstvenik nema plateno komunalii?
 
Т

Триптико

Гостин
@aciii оди со 2 договори. Сигурно фрижидерот не е за една употреба :)
 
Член од
10 јули 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Дали како оштетена во судски спор во кој е подигнат обвинителен акт, имам право да направам приватно судско медицинско вештачење бидејќи немам доверба во вештаците кои ги предлага судот и доколку направам, дали судот би ми го уважил?
 
Да.
 
Член од
10 јули 2015
Мислења
2
Поени од реакции
0
Знаете ли го кој член во кривичниот закон е тоа, затоа што мене ми велат дека не можам и како оде постапката ако може да ми објаснете (дали треба од судијата да побарам одобрение да направам вештачење или треба само да го приложам)?
 
Silvio

Strength And Honor
Член од
21 јануари 2009
Мислења
311
Поени од реакции
166
Дали како оштетена во судски спор во кој е подигнат обвинителен акт, имам право да направам приватно судско медицинско вештачење бидејќи немам доверба во вештаците кои ги предлага судот и доколку направам, дали судот би ми го уважил?
Немаш право самостојно да преземаш дејствија во текот на кривичната постапка. Постапката е целосно во рацете на обвинителот, а ти како оштетена можеш само да даваш предлози за изведување на нови докази, вклучително и барање за изготвување на ново вештачење. Бидејќи постапката веќе се води, обвинителниот акт е стапен на сила, барање за ново вештачење се доставува до судот.

Законот предвидува дури и барање на дозвола од страна на судијата за да може да му поставиш прашање на вештакот. Во поглед на процесните можности на оштетените во кривичната постапка, законот е рестриктивен.

Член 64 од ЗКП
Право на предлагање докази, увид во списи и други права
(1) Оштетениот и приватниот тужител имаат право во текот на постапката да укажат на сите факти и да предложат докази што се од важност за утврдување на кривичната одговорност и имотноправното барање.
(2) На главната расправа тие имаат право да предлагаат докази, да им поставуваат прашања на обвинетиот, на сведоците и на вештаците, да изнесуваат забелешки и објасненија во поглед на нивните искази да даваат други изјави и да ставаат други предлози.
(3) Оштетениот и приватниот тужител имаат право да ги разгледуваат списите и да ги разгледуваат предметите што служат како доказ. На оштетениот може да му се забрани разгледувањето на списите додека не биде испитан како сведок.
(4) Јавниот обвинител и судот ќе ги запознаат оштетениот и приватниот тужител со правата наведени во ставовите (1), (2) и (3) на овој член.
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
641
Поени од реакции
510
не успеав да видам назад за ова шо ме интересира, па ќе пишам на ново
од ЕВН се јави долг од околу 600 денари од мај 2004 година (значи пред 11 години)
досега ниту известување ниту опомена, појма немавме дека постој вакво нешто. ме интересира дали морам да го платам долгот зошто мислам дека е период подолг од 10 години и како истиот да биде тргнат од евиденција? со барање, молба, адвокат....
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Види кога е утужен долгот ако е после една година можеш да истакнеш приговор за застареност...
 
Член од
20 јануари 2009
Мислења
641
Поени од реакции
510
Види кога е утужен долгот ако е после една година можеш да истакнеш приговор за застареност...
кај да видам? По пошта ништо нема стигнато воопшто, видов на електронската Capture.JPG
 
Kajgana Shop

На врв Bottom