Осуден бев на условна казна 6 месеци за кривично дело "учество во тепачка", за кое што немав никаква вина, точно пред една година и за истото платив казна околу 2000 евра со трошоци за адвокати и сл. Не се жалам, таква ни е државата и веднаш си фатив магла.
Но, сакам да го исчистам досието, автоматски мислам дека се чисти кога поминат 6 месеци + 1 година, дали се лажам (значи уште 6 месеци од сега)?
Има ли шанси порано да се исчисти, со оглед на тоа дека не сум направил никаков прекршок, а сум си ги подмирил сите долгови? Некаква молба, адвокат, што поточно, до сега само преваранти од адвокативе сретнав... значи помина точно 1 година откако ме осудија, и година ипол од самиот настан за кој бев осуден.
Ќе ве молам за помош, итно е!