Правна помош и совети

Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
Јас имам исти проблем,сосед ми узурпира 8м2 а неговиот брат 37м2 поднесов тужба и се реши во моја корист. судот двајцата ги задолжи да ми го вратет узурпираниот имот 37м2 едниот ми врати викнавме катастар и се оградивме. Братму негов не ги врати тие 8м2. Оградата од плетена жица ја отстрани и изгради бетонска ограда и узурпира плус 57м2, пријавив до градежен инспектор и тој донесе решение оградата веднаш да се отстрани и поднесе кривична пријава против инвеститорот. Напишав преставка до МТВ тие одговорија дека не се надлежни за таа работа. Напишав преставка до МИО тие предметот го определија до Државен Управен инспектор од Ресен, кој донесе решение со које ги задолжи градоначалникот и градежниот инспектор да си обезбедет сретства и да се отстранит оградата. Народниот Правобранител 2 години се допишуват со општината и ништо не прајт. Јавниот Обвинител постапи после 17месеци по кривичната пријава од градежниот инспектор дека исто така напишав преставка до Народен Правобранител. Јавниот Обвинител наместо да постапит по кривичната пријава од Градежниот инспектор за бесправна градба тој поднел пријава за узурпација??? Управниот Државен инспектор сега поднесол кривична пријава против Градежниот инспектор иако тој единствено чесно си ја завршил работата како требит, во овај случај неможит по магарето удри по самарот.
Еве ова се 4 години изгубени во потрага на правдата, јас требеше одма во почетокот да поднесам на Суд привремена мерка.
Од моје искуство Законот е убаво напишан но никој не го спроведуват, сега и јас можам да градам и узурпирам па нека ме казнет 1000 денари и 3 месеци условно, Закон или Правда не барај дека немат освен ако имаш пријатели. Поздрав
нејасно ми е дали ти го узурпиртале само физички или и во Катастар ?? Ако е твое по катастар, моли бога да се јави интерес од државата за земјиштето па ќе ви биде платено спрема сопственост по имотен лист а не по узурпација..
 
Член од
6 февруари 2010
Мислења
881
Поени од реакции
923
Дали законски има право водовод да ти ја исклучи водата? И ако нема по кој член од законот е тоа ?
Имено, во викендицата ми ја исклучиле водата иако не била користена. Ми стигал паушал кој не бил плаќан 2 години и за долг од 5000 денари ми го извадиле водомерот и го оставиле на страна.
Сега за да ми го приклучат водоводот ми бараат дополнителни 4800 за приклучок.
Предпоставувам дека исклучуваш некого за да се заштитиш да не троши повеќе вода. Јас вкупно имам 30 кубика потрошено за 5 години.
Дали имале право да ме исклучат?
Имам ли право да тужам ?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601

Друже, водата е ЕДИНСТВЕНТА работа која никој, во ниедна држава не смее да ти ја исклучи/ускрати. Ова стои во повелбата на Обединетите нации и сите замји кои се нејзини членки мора да го почитуваат. Да не развлекувам на долго и широко околу ова, зошто не смеат и сл, мислам дека ти дадов одговор на прашањето.
Правнициве овде ќе можат да те упатат на кои закони да се повикаш, иако и без тоа мислам дека ако отидеш кај правобранителот со ова за ОН ќе ти помогне.
 
Фала за одговорот. Претпоставував дела е така, но ми треба точно кој член од нашиот закон го кажува тоа за да можам да им треснам една тужба.
Однапред благодарност на тој што ќе проба да помогне.
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Еден совет ако може. При купување на градежен имот со маркица за куќа, самиот плац го поделиле на два дела физички. Маркицата сега се наоѓа на самата граница со другиот дел од плацот и тука настануваат проблемите. Имено не само маркицата туку и 3 метри околу неа требало да биде на мое име, а со тоа сега луѓето што ми го продадоа плацот ми стануваат косопственици на куќата. Веќе некое време се натегаме за решение некое но они несакаат да слушнат. Во купопродажниот договор стои дека имам исклучиво право на сопственост на недвижноста, дека недвижноста нема скриени фактички и правни недостатоци и дека во случај на трети лица да засноваат некое свое право врз недвижноста по вина на продавачот, продавачот се обврзува да го обештети купувачот. Е сега дали на сето ова подлежи и маркицата за куќата и како би можел да го решам овој проблем. Фала
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267

Јас имав сличен проблем, и колку што знам, градежн парцела не може да се дели, (демек пола градежна парцела со маркица, друга половина без) самото име кажува градежна. Може да се дели катастарски на колу сакаш делчиња, но за градежно само е една, така да било што да градиш, доградуваш дури и да санираш на објектот - ти треба дозвола од сосопственикот.
Ова од мое искуство го кажувам, можеби има некој друг поинакво мислење.
 
Член од
16 јули 2014
Мислења
842
Поени од реакции
573
Епа тоа зборам сега ми се сосопственици на градежната парцела. Куќата не е почната со градба сакам да средам доколку е можно пред да добијам дозвола за градба.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
Епа тоа зборам сега ми се сосопственици на градежната парцела. Куќата не е почната со градба сакам да средам доколку е можно пред да добијам дозвола за градба.
мојот случај беше вака, во 1966 година се направи куќа на парцела од 473 м2, куќата е легална, со имотен лист се е чисто, оломнани сакав да му докренам поткровје и испадна на мое огромно чудење дека сега парцелата е 600 квадрати и дека сопственик на тие плус 127 квадратии е Р. Македонија, имено со мерењата авионски во 90 сетите парцелите се корегирани порамнети и малце на оној ќош, малце на другиот, тро на горна страна.... ми се залепи сосптвеник, државата. И сега не смеам ништо, ни да доградувам, ни да санирам, ни да продавам, ни под хипотека да ставам, се додека не си ги купам тие 127 квадрати пацела. Џабе и шо е куќата изградена пред промените џабе и што е легална со имотен лист џабе и шо не ја ширам куќата џабе шо и по оДУП е предвидено да може да има поткровје..... мора да си ги купам тие 127 м2 по 25 евра квадрат, башка елаборати, вештачења, судски процеси и (како шо ми рекоа) годинаипол до две процедура.
Мора да е на едно име парцелата
 
Член од
28 февруари 2014
Мислења
87
Поени од реакции
1
Вака, еднаш прашав но сеуште сум во дилема , јас сум еден од наследниците на продавачот на недвижен имот од кој договор за купопродажба сеуште не се дадени парите.Сега дали јас можам да барам раскинување на тој договор поради тоа што нели не се завршени обврските од него, дали можам да барам мене да ми се плати или пак ништо неможам? И дали морам да сум наследник со решение или доволно е тоа што сум законски наследник поради тоа што нема никаков имот за расправа? Ве молам стручна помош и одговори.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.714
Поени од реакции
15.586
ми треба помош - консултација од адвокат за случај сличен како познатиот случај на работниците од Порцеланка Велес, кој добија против државата.
Може и на ПП порака
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
7
Поени од реакции
2
...moze li nekoj itno da postavi urnek za polnomosno za podiganje penzija zanemokno lice od banka?
 
kooperativa

Г-ин Пола Милениум
Член од
2 октомври 2012
Мислења
7.633
Поени од реакции
8.601
...moze li nekoj itno da postavi urnek za polnomosno za podiganje penzija zanemokno lice od banka?
Вероватно се работи да можеш ти да располагаш со средствата, така?
Тоа полномошно го прави самата банка. Битно е да е сопственикот свесен!!!
Има два начина да се направи истото, првиот е ако сопственикот на сметката е подвижен, заедно да отидете во најблиската банка и таму сами ќе ви објаснат што и како.
Вториот е малку покомллициран и се состои од тоа дека ако сопственикот НЕ е подвижен, тогаш ќе треба службеник на банката да дојде кај вас дома (ти го обезбедуваш превозот) и да го направи тоа ополномошување. НО, тоа чини пари, а колку е ...... појма немам.
Мал совет, ако правиш такво полномошно, обавезно направи го да биде на трансакционата сметка. Зошто? Па таквото полномошно нема рок на траење, додека ако правиш картичка за на банкомат, таа си има рок на траење и откако ќе истече рокот, ПАК ќе мораш повторно да го правиш истото со првото полномошно. Или пак,, направи го за почеток и за двете, па после тоа откако ќе истече картичката ќе си продолжиш со трансакционата
 
Член од
8 декември 2008
Мислења
7
Поени од реакции
2
blagodaram..
ispadna deka poradi nemoznost da se potpise e potreben "notarski akt" koj cinese 650 den i toa se napravi so ottisok od prst..... sluzbenickata od notarskata kancelarija izleze do parkingot kade sto liceto cekase vo avtomobil i se zavrsi procedurata..so toj notarski akt vo maticnata banka mi izdadoa nova karticka so istata transakciska smetka od nemoknoto lice no na moe ime..
mozebi nekomu ke pomogne ovaa informacija
 
badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Здраво.
Ми треба правен совет.
Како од ведро небо случајно дознав дека мајка ми и препишала недвижност на сестра ми со договор за дар без мое знаење, веројатно поради тоа што семејните односи ни се нарушени.
Што можам да сторам за ова да го оспорам?

Благодарам
 
ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Здраво.
Ми треба правен совет.
Како од ведро небо случајно дознав дека мајка ми и препишала недвижност на сестра ми со договор за дар без мое знаење, веројатно поради тоа што семејните односи ни се нарушени.
Што можам да сторам за ова да го оспорам?

Благодарам
Ако мајка ти недвижноста ја стекнала сама без татко ти (пр. ја наследила од нејзините родители или ја купила по смртта/развод од татко ти..) нејзино право е да располага како сака со таа недвижност. Доколку недвижноста ја стекнала во брак со татко ти, ти имаш право да бараш дел од делот на татко ти (во случајов 1/3 од неговиот дел доколку нема други деца освен ти и сестра ти).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom