Правна помош и совети

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
Здраво,
За да можеме да помогнеме со правен совет, потребни ни се повеќе информации. Прво, дали сте вработена во основно или средно училиште со оглед на тоа што важат посебни закони за основното и средното образование (како lex specialis на Законот за работни односи).
Второ, не е јасно врз основа на каква одлука во првиот случај не одите на работа, а примате 100% од платата, а врз основа на боледување. Секој адвокат или правник би морал да го види решението/одлуката пред да даде било каков совет (во таа одлула пишува врз основа на кои одредби е донесена истата, па може да се повикате на истите и во вториот случај). Во вакви случаи вообичаено е постапувањето на второто училиште, да се овозможи бремената работничка да се ослободи од физичко присуство од работното место и кај што има услови за тоа да и се овозможи од далечина исполнување на своите работни обврски, па затоа е неопходно да се види одлуката на првото училиште.
Врз основа на неа прв чекор, пред да ангажирате адвокат, би бил контакт со Државниот просветен инспекорат (просветниот инспектор) кој е овластен да врши надзор врз работата на воспитно-образовните установи.
Исто така немаме увид нити во одлуката на второто училиште кое Ве распоредило на онлајн настава како би можеле да утврдиме дали постои место за приговор, односно жалба против истото (доколку се сторени законски повреди). На дното на решението имате "правна поука" во која стои Вашето право на приговор/жалба против тоа решение, како и рокот во кој може да се служите со правниот лек, а кој рок не смее да го пропуштите за евентуални понатамошни оспорувања на одлуката.

За жал не успеав да проверам дали одлуката на владата која е со законска сила или само препорака, од шти зависи дали е задолжителна или не и за работодавачот.
... ние двете мислевме на правна помош базирана на вашето искуство и според одлуките на Влада и правото на вработената која е бремена според препорака од СЗО, а во тој правец донесени и од наша Влада, бидејќи се целосно ослободени од работа, а не да се базираме на тоа што ќе каже работодавачот т.е. директорот на училиштето што нормално ќе направи све да бидат активни сите вработени па и трудницата за да нема потреба од ново вработување со договор на дело или слично,

...прва одлука ја донесе Владата на 10 ти март 2020 година кога трудниците од прв ден на докажување на бременоста со гинеколошки документ се ослободени од работни обврски (освен онаму каде работниот процес може да се организира од дома),
https://vlada.mk/node/23684?ln=mk

,,...Владата на Република Северна Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.
Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.
Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.
Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести....,,

,,....Државниот инспекторат за труд по зачестените јавувања на граѓани околу мерката за ослободувањето од работа на бремените жени укажува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.

Отсуството од работа и работни обврски со физичко присуство бремените жени кај работодавачот го оправдуваат со приложување на потврда од матичен гинеколог.
Заштитата на бремените работнички ги опфаќа сите, без разлика дали се во приватниот или државниот, односно јавниот сектор. Мерката треба да ја почитуваат сите работодавачи, без исклучок, дури и ако работничката даде согласност за одење на работа, бидејќи доколку дојде до несакани последици поради непочитувањето на мерката, одговорноста ќе биде на работодавачот.
Секое непочитување на оваа мерка од страна на работодавачите, ќе биде санкционирано согласно закон.
Ги известуваме сите граѓани дека на веб страната на Државниот инспекторат за труд www.dit.gov.mk можат да пријават неправилности и непочитување на мерките за заштита од Корона вирусот донесени од Владата.
Оваа соопштение го објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени...,,

...доколку сте правници со искуство според горе наведеното да дадеме помош на @Ellen88 каде да се жали, како да постапи, никаде веќе не e спомнато „дека може онлајн од дома да се работи, а не можат да кажат дека „се подразбира“ на нешто што не е наведено, само затоа што така им одговара!

...ова второ известување е од 09.09.2021 година да втор пат се донесе одлука на Влада да се целосно ослободени додека трае пандемијата, е сега според „дупките“ во правното функционирање, сите се повикуваат на првата одлука каде е потенцирано и пишано со текст„ ослободена од физичко присуство ама со можност со онлајн работа“, односно со најновата Одлука каде е назначено со текст дека се ослободуваат од физичко присуство, ама за разлика од претходното нема со текст назначено „со можност на он лајн работа“, а работодавачот токму тоа го толкува како „се подразбира со онлајн работа“ што ја принудува трудницата од дома што всушност е целосно ослободена од работа додека не се породи, па тогаш да се префрли на породилно боледување!
Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19- во „spojler“
[Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19]

ice_screenshot_20211119-174819.jpeg ice_screenshot_20211119-175001.jpeg ice_screenshot_20211119-175022.jpeg ice_screenshot_20211119-175112.jpeg ice_screenshot_20211119-175510.jpeg ice_screenshot_20211119-175530.jpeg ice_screenshot_20211119-175131.jpeg ice_screenshot_20211119-175334.jpeg ice_screenshot_20211119-175409.jpeg ice_screenshot_20211119-175602.jpeg
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
Здраво,
За да можеме да помогнеме со правен совет, потребни ни се повеќе информации. Прво, дали сте вработена во основно или средно училиште со оглед на тоа што важат посебни закони за основното и средното образование (како lex specialis на Законот за работни односи).
Второ, не е јасно врз основа на каква одлука во првиот случај не одите на работа, а примате 100% од платата, а врз основа на боледување. Секој адвокат или правник би морал да го види решението/одлуката пред да даде било каков совет (во таа одлула пишува врз основа на кои одредби е донесена истата, па може да се повикате на истите и во вториот случај). Во вакви случаи вообичаено е постапувањето на второто училиште, да се овозможи бремената работничка да се ослободи од физичко присуство од работното место и кај што има услови за тоа да и се овозможи од далечина исполнување на своите работни обврски, па затоа е неопходно да се види одлуката на првото училиште.
Врз основа на неа прв чекор, пред да ангажирате адвокат, би бил контакт со Државниот просветен инспекорат (просветниот инспектор) кој е овластен да врши надзор врз работата на воспитно-образовните установи.
Исто така немаме увид нити во одлуката на второто училиште кое Ве распоредило на онлајн настава како би можеле да утврдиме дали постои место за приговор, односно жалба против истото (доколку се сторени законски повреди). На дното на решението имате "правна поука" во која стои Вашето право на приговор/жалба против тоа решение, како и рокот во кој може да се служите со правниот лек, а кој рок не смее да го пропуштите за евентуални понатамошни оспорувања на одлуката.

За жал не успеав да проверам дали одлуката на владата која е со законска сила или само препорака, од шти зависи дали е задолжителна или не и за работодавачот.
Средно училиште е работното место. Во решението не пишува боледување бидејќи јас и немам отворено боледување Решението вели дека е според одлуката на Владата, а со доставена потврда за бременост и имам право на 100% надомест. Така стои
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
... ние двете мислевме на правна помош базирана на вашето искуство и според одлуките на Влада и правото на вработената која е бремена според препорака од СЗО, а во тој правец донесени и од наша Влада, бидејќи се целосно ослободени од работа, а не да се базираме на тоа што ќе каже работодавачот т.е. директорот на училиштето што нормално ќе направи све да бидат активни сите вработени па и трудницата за да нема потреба од ново вработување со договор на дело или слично,

...прва одлука ја донесе Владата на 10 ти март 2020 година кога трудниците од прв ден на докажување на бременоста со гинеколошки документ се ослободени од работни обврски (освен онаму каде работниот процес може да се организира од дома),
https://vlada.mk/node/23684?ln=mk

,,...Владата на Република Северна Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.
Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.
Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.
Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Северна Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести....,,

,,....Државниот инспекторат за труд по зачестените јавувања на граѓани околу мерката за ослободувањето од работа на бремените жени укажува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.
Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.
Отсуството од работа и работни обврски со физичко присуство бремените жени кај работодавачот го оправдуваат со приложување на потврда од матичен гинеколог.
Заштитата на бремените работнички ги опфаќа сите, без разлика дали се во приватниот или државниот, односно јавниот сектор. Мерката треба да ја почитуваат сите работодавачи, без исклучок, дури и ако работничката даде согласност за одење на работа, бидејќи доколку дојде до несакани последици поради непочитувањето на мерката, одговорноста ќе биде на работодавачот.
Секое непочитување на оваа мерка од страна на работодавачите, ќе биде санкционирано согласно закон.
Ги известуваме сите граѓани дека на веб страната на Државниот инспекторат за труд www.dit.gov.mk можат да пријават неправилности и непочитување на мерките за заштита од Корона вирусот донесени од Владата.
Оваа соопштение го објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени...,,

...доколку сте правници со искуство според горе наведеното да дадеме помош на @Ellen88 каде да се жали, како да постапи, никаде веќе не e спомнато „дека може онлајн од дома да се работи, а не можат да кажат дека „се подразбира“ на нешто што не е наведено, само затоа што така им одговара!

...ова второ известување е од 09.09.2021 година да втор пат се донесе одлука на Влада да се целосно ослободени додека трае пандемијата, е сега според „дупките“ во правното функционирање, сите се повикуваат на првата одлука каде е потенцирано и пишано со текст„ ослободена од физичко присуство ама со можност со онлајн работа“, односно со најновата Одлука каде е назначено со текст дека се ослободуваат од физичко присуство, ама за разлика од претходното нема со текст назначено „со можност на он лајн работа“, а работодавачот токму тоа го толкува како „се подразбира со онлајн работа“ што ја принудува трудницата од дома што всушност е целосно ослободена од работа додека не се породи, па тогаш да се префрли на породилно боледување!
Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19- во „spojler“
[Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19]

Прегледај го приврзокот 313914Прегледај го приврзокот 313915Прегледај го приврзокот 313916Прегледај го приврзокот 313918Прегледај го приврзокот 313919Прегледај го приврзокот 313920Прегледај го приврзокот 313923Прегледај го приврзокот 313924Прегледај го приврзокот 313927Прегледај го приврзокот 313922
Повеќе од ова не може да се помогне преку форум! А во одлуката на Владата јасно стои дека бремените жени се ослободуваат од физичко присуство од работното место, не стои дека нема да извршуваат никакви работни обврски од далечина! Впрочем целта на оваа одлука е изолација на бремените жени од физички контакт со евентуално заразени лица со ковид 19, а не е целта бремената жена да не работи ништо во текот на целата нејзина бременост.
Тука на форум никој не може да и напише жалба против решението кое не и одговара, уште помалку пак, што не ја ни знаеме содржината на истото, па и нема што да спориме и напаѓаме.
А и дадов насоки до кого да се жали - тоа го пишува на дното од одлуката под правната поука: органот до кој може да се жали/приговара, како и рокот во кој тоа треба да се стори, пред решениети/заклучокот да стане правосилен.
Исто така и напоменав дека надлежен е просветниот инспектор.
Да се бара од адвокат вака на слепо, без да се има увид во целокупната документација која ја има, во најмала рака е неблагодарно и исто како да се бара интервенција од хирург без претходно поставена дијагноза.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
А во одлуката на Владата јасно стои дека бремените жени се ослободуваат од физичко присуство од работното место, не стои дека нема да извршуваат никакви работни обврски од далечина!
во првата Одлука од 2020год стои „ослободени од физичко присуство со можност на работа од дома“, а во втората Одлука од 2021 година стои „ ослободени од физичко присуство“ без да се назначи со можност на работа од дома!

така да не може работодавачот да се повика на крајната Одлука од 2021 каде не е назначено „можност за работа од дома“ да каже „се подразбира“, затоа што тоа „подразбирање“ беше точно и прецизно нагласено со текст во првата Одлука од 2020 година, но се измени во 2021 година!

ice_screenshot_20211119-170412.jpeg
ice_screenshot_20211119-170436.jpeg
ice_screenshot_20211119-170505.jpeg

@Ellen88 , пробај со овој образец напиши поплака во врска со односот на работно место, а поврзано со твојата состојба за време на пандемија со коронавирусот!
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Средно училиште е работното место. Во решението не пишува боледување бидејќи јас и немам отворено боледување Решението вели дека е според одлуката на Владата, а со доставена потврда за бременост и имам право на 100% надомест. Така стои
Со доставената потврда од гинеколог Вие докажувате дека сте бремена и имате право, според одлуката на владата, физички да бидете ослободена од работното место. Но тоа сепак не значи дека нема да извршувате никакви работни задачи се до моментот на отварањето на отсуството од работа поради породување и мајчинство. Очекувано е во решението кое го кажувате да има и образложение во кое ќе се појаснат околностите поради кои истото е донесено.
Користејќи го ова решение/одлука стапете писмено во контакт со просветниот инспектор и побарајте негова интервенција со вашите барања во второто школо. На таквото Ваше писмено обраќање инспекторот исто писмено ќе Ви одговори за неговите превземања.
Прочитајте го внимателно и второто решение (каде ви се определува работа со онлајн настава), проверете на кои членови и закони се повикуваат тие и ако има потреба, ангажирајте адвокат кој работи на предмети од областа на трудовото право кој ќе ви каже дали вреди или не да се покрене постапка пред надлежен суд или пак решението е на закон основано. Имајте на ум дека судската постапка за работни односи е доста скапа, едно судско рочиште ќе Ве чини околу 11.000 денари (и тоа доколку адвокатот не е ддв обврзник), меѓутоа, повеќето адвокати не наплаќаат за усмен совет и консултација, така да Ве охрабрувам да се консултирате со адвокат. Во секој случај решението на првото школо ќе Ви оди во прилог и во евенгуална жалбена постапка како веќе воспоставена пракса.
Најдобронамерно, што и да преземете, уште еднаш Ви предлагам да внимавате на роковите на решението кое сакате да го оспорите.
Тоа е најмногу што можам да Ви помогнам вака преку пишување без да имам увид во целокупната документација со која располагате.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.505
Поени од реакции
34.615
интервенција од хирург без претходно поставена дијагноза.
... понекогаш итноста не дозволува поставување на сигурна дијагноза, колку такви интервенции имало и ќе има, еххе ехее!
факт е дека нашата администрација располага со многу слаби соработници конкретно правници, нит закони знаат, нит се трудат да помогнат на вработените кои барат правен совет, нит пак добиле некој судски спор од што ги бива, @Ellen88 јас мислам да не попуштиш и да идеш до крај, секаде трудниците седат дома без обврска за работа, те најдоа таму, да се нема емпатија кон трудница во вакви времиња кога поголемиот дел од вработени си нишат врата и си седат дома и земаат плата, стварно срамота и греота, ќе одиме до крај, никако да не попуштиш!
Но тоа сепак не значи дека нема да извршувате никакви работни задачи
...а бе правник си, што значи ТОА НЕ ЗНАЧИ, кога не е назначено ништо друго, зашто читаш меѓу редови нешто што не пишува со текст? ослободена од физичко присуство и толку...нема ништо „не значи“ тоа е субјективно мислење, ете мене ми значи тоа целосно ослободување од работа!
 
Не знам зошто сметаш дека мојата намера не е најискрена? Јас сум приватник и лебот го вадам исклучиво од мојот труд и не зависам од никого за да заштитувам некого :) И јас како адвокат, секогаш своите клиенти ги охрабрувам да одат до крај и да се борат со сите правно дозволени средства, но по претходно мое убедување дека странката има шанси за победа. Во овој случај немам доволно увид во документацијата за да извлечам правно валиден заклучок што може да се стори повеќе од она што и го напишав, а како што кажав постапката е скапа.
Исто така не би се согласил со твоето толкување на она "физичко отсуство од работното место" дека подразбира и воопшто неизвршување на никакви работно задачи од далечина (за тие работни места за кои тоа е можно). Ако извршување на работните задачи од далечина е ризик по здравјето на трудницата или нејзиниот плод, тогаш се применуваат други правила, а не оние за заштита од ковид 19.
Ја разбирам твојата желба да помогнеп, сум ги читал повеќе пати твоите постови во медицински теми и генерално се согласувам со тебе, но сепак сметам дека треба да бидеш повнимателна со правните совети од причина што може да и бидат предизвикани финансиски трошоци доколку не успее во евентуален спор. А секогаш, баш секогаш, кај работните спорови, работникот може и неславно подоцна да заврши поготово ако е вработена со договор на определено работно време
Автоматски споено мислење:

...а бе правник си, што значи ТОА НЕ ЗНАЧИ, кога не е назначено ништо друго, зашто читаш меѓу редови нешто што не пишува со текст? ослободена од физичко присуство и толку...нема ништо „не значи“ тоа е субјективно мислење, ете мене ми значи тоа целосно ослободување од работа!
Тоа што тебе "ослободена од физичко присуство на работното место" ти значи "целосно ослободување од работа" е сосема ирелеватно и небитно. Ако веќе толку рестриктивно толкуваш, "ослободена од физичко присуство на работното место" тогаш тоа буквално значи дека бремената работничка е само ослободена од физичко присуство од работното место и ништо повеќе од тоа! Кога веќе инситираш се да пишувало со текст, тогаш каде пишува дека е целосно ослободена од вршење на работата??? Во правото секогаш има место за слободно толкување, па дури понекогаш, во одредени случаи е и неопходно тнр "автентично толкување" на одредени законски одредби. Затоа постои и изреката "колку правници, толку правни мислења", ако беше се кристално јасно во правото немаше нити да постојат парници. Се фаќаш за одлука на Влада, која не си ни проверила дали има сила на закон (дали е донесена во форма на уредба со законска сила или не), па да биде обврзувачка, а воопшто не ни помислуваш на другите закони и прописи кои важат во областа на трудовото право. Воедно даваш и некои обрасци кои немаат врска со решението кое треба да се оспори.
Сепак би ти препорачал да се држиш до твојата струка, не секој може да биде правник со прочитани извадоци од закони и други прописи.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2018
Мислења
109
Поени од реакции
32
Со доставената потврда од гинеколог Вие докажувате дека сте бремена и имате право, според одлуката на владата, физички да бидете ослободена од работното место. Но тоа сепак не значи дека нема да извршувате никакви работни задачи се до моментот на отварањето на отсуството од работа поради породување и мајчинство. Очекувано е во решението кое го кажувате да има и образложение во кое ќе се појаснат околностите поради кои истото е донесено.
Користејќи го ова решение/одлука стапете писмено во контакт со просветниот инспектор и побарајте негова интервенција со вашите барања во второто школо. На таквото Ваше писмено обраќање инспекторот исто писмено ќе Ви одговори за неговите превземања.
Прочитајте го внимателно и второто решение (каде ви се определува работа со онлајн настава), проверете на кои членови и закони се повикуваат тие и ако има потреба, ангажирајте адвокат кој работи на предмети од областа на трудовото право кој ќе ви каже дали вреди или не да се покрене постапка пред надлежен суд или пак решението е на закон основано. Имајте на ум дека судската постапка за работни односи е доста скапа, едно судско рочиште ќе Ве чини околу 11.000 денари (и тоа доколку адвокатот не е ддв обврзник), меѓутоа, повеќето адвокати не наплаќаат за усмен совет и консултација, така да Ве охрабрувам да се консултирате со адвокат. Во секој случај решението на првото школо ќе Ви оди во прилог и во евенгуална жалбена постапка како веќе воспоставена пракса.
Најдобронамерно, што и да преземете, уште еднаш Ви предлагам да внимавате на роковите на решението кое сакате да го оспорите.
Тоа е најмногу што можам да Ви помогнам вака преку пишување без да имам увид во целокупната документација со која располагате.
Благодарам

Ви првото училиште донеле РЕШЕНИЕ за отсуство од работа поради бременост со 100% надомест. И си најдоа замена наставник.

Од второто училиште добив ОДЛУКА која била донесена со гласање на наставнички совет. Значи ја прочитале потврдата дека сум бремена пред цел колектив (без да ме прашаат дали се согласувам, а тоа дополнително ме иритира) и сите вработени гласале ДА/НЕ за ми се одобри да работам од дома.
Испаѓа дека не се раководеле баш според одлуката на Влада, туку они сами си одлучиле.
Ајде мислење ако може за оваа нивна неетичка постапка?
 
Последно уредено:
Член од
28 септември 2021
Мислења
23
Поени од реакции
13
Што можам да направам во најмала рака за одредена особа што ме има измамено за изработка на семинарска , префрлив пари на сметка а не ја добив семинарската иако претходно океј соработувавме?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626

Во најмала рака можеш да се освестиш дека треба да седнеш сам да учиш и истражуваш.
Да ви се плукнам во тоа copy paste генерациите.
Ма ова е и полошо од копи пејст бре.

Дејанчо123. Дејанчо123. Дејанчо123...
 
Абе не ми се прави паметен тука на форумов. Ти да си бил некој учен нема да дремеш на форумов и да стискаш Ха-Ха реакција на секој што ќе напише нешто. Од каде знаеш дали е за мене или прашувам за некој друг?
Од каде знаеш дали јас работам по цел ден за да допринесам за денар повеќе дома па можеби немам време да ја направам и ред други работи. Можеби имам и други проблеми по дома .Седни и ти прочитај нешто за разлика од тебе паралелно и работам и студирам факултет . А паметен на друго место да се правиш и комплексите на друго место да си ги лечиш. Побарав одговор на моето прашање , а не да влагам во конфликти со тебе. Поздрав
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.823
Што можам да направам во најмала рака за одредена особа што ме има измамено за изработка на семинарска , префрлив пари на сметка а не ја добив семинарската иако претходно океј соработувавме?
Доколку си платил повеќе од 200 евра, можеш да пријавиш измама во полиција. Полициски службеник е должен да ја прими пријавата и да се гони делото по службена должност. Што напиша во уплатницата како цел на плаќање? Кога веќе има уплатница, има ли нешто како Договор?
Доколку си платил помалку, ќе бидеш поучен да ја гониш со приватна тужба.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Абе не ми се прави паметен тука на форумов. Ти да си бил некој учен нема да дремеш на форумов и да стискаш Ха-Ха реакција на секој што ќе напише нешто. Од каде знаеш дали е за мене или прашувам за некој друг?
Од каде знаеш дали јас работам по цел ден за да допринесам за денар повеќе дома па можеби немам време да ја направам и ред други работи. Можеби имам и други проблеми по дома .Седни и ти прочитај нешто за разлика од тебе паралелно и работам и студирам факултет . А паметен на друго место да се правиш и комплексите на друго место да си ги лечиш. Побарав одговор на моето прашање , а не да влагам во конфликти со тебе. Поздрав
Дејанчо, нема што да ти се правам паметен, јас сум паметен.
Јас сум учен. Не сум барал никогаш семинарски да ми прави друг, сам сум седнувал, сум истражувал, анализирал и составувал свои реченици.
Не е важно дали за тебе прашуваш или друг. Ако е за друг, препрати му го моето мислење.
Ти можеш до утре да ја релативизираш твојата сиромаштија и немање време и паралелно работа/студирање и не знам што, ама па имаш време да се замараш ОД ПРАВЕН АСПЕКТ СО АДВОКАТИ ТУЖБИ ШТО ТИ ЈА ЗНАМ за мочана семинарска?
Нема логика, Дејанчо123, нема логика.
Имам прочитано доволно ја.
Комплекси неам или барем не ги лечам тука.

Ова нека ти биде добра лекција дека треба да седнеш и да учиш. Не ми продавај финти дека си сиромашен и дека имаш други проблеми и дека паралелно работиш и дека немаш време во гужви си ќе ме бараш баце ќе средиме уживај иам чоек.
 
Браво ,навистина неможе никој да ти парира на форумов,признавам неписмен сум јас.
Се гледа дека твоето знаење и составување на реченици си го искористил во животот и твоето знаење го применуваш на вистински начин ... Овде на Кајгана форум да им паметуваш на сите. Еве , пошто си толку паметен и учен ,си составувал добро реченици, како и останативе што ми се смеат тука , а не ја знаат позадината зошто поставив такво прашање , дали е за мене или за друг или пак прашувам во име на повеќе луѓе небитно , еве ти како некој што го има достигнато врвот на човековата интелигенција , ќе те препорачам за изработка на научни трудови,семинарски само на тебе да ти ги праќаат темите барем ќе имаш некоја корист од твоето знаење и составување реченици. Поздрав и биди жив и здрав не сакам да се расправам повеќе бидејќи не сум учен како тебе.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom