Правна помош и совети

Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Освен кога располагал со имотот со тестамент па тогапш се применува нужен дел и поништување на подароците во последните 90 дена доколку е повреден нужниот дел :icon_mrgr:
Што значи дека слободно може без било какви ограничувања целиот имот да и го поклони на внуката. Тоа не е никакво ограничување, туку само можност во една друга постапка да се бара поништување на договорот за дар и тоа само ако дародавачот почине во рок од 90 дена откако го склучил договорот за подарок.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932

Затоа ке си направи договор за доживотна издршка и ке нема никакви проблеми.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Затоа ке си направи договор за доживотна издршка и ке нема никакви проблеми.
И со договор за поклон нема да има никаков проблем.
Со договор за доживотна издршка се сопственост ќе се стекне по смртта на дедо и (можда и после 10 и повеќе години), а со договор за дар веднаш.
Не знаеме што сака да прави со недвижноста (дали да ја продава, става под хипотека поради подигање на кредит и сл.).
 
Mundell

тој со бројките
Член од
24 септември 2014
Мислења
622
Поени од реакции
1.059
. . .
Мислам дека од ЕВН ми прават некои сплетки, дојдоа да направат контрола за двоење на саат/броило, видоа се' фино уредно со простор во старото сандачето за уште еден саат, арно ама по ново саатот морал да стои надвор или на граница со имотот. Операторот (мислам на типот од ЕВН што дојде да направи преглед на фактичката состојба) ме уценува дека за да ми монтираат т.е. да ме одвојат, мора и другиот саат да се извади надвор, со што ми се наметнува дополнителен трошок. За да се изведе тоа потребно е да се крши дел од оградата, да се копа бетонот и да се расипе фасадата на куќата.

Изговорот му беше дека многу краделе струја од пред саат, па затоа мора наново да се вадат сите саати надвор од имотите. Јас сум сигурен дека крадат и ради таквите си патат сите, ај што патат, трошокот што се наметнува е сериозен проблем. Моите на времето се истурија марки за комуналии и легализација, додека другиве комшии се шверцаа на уличното осветлување со години.

Инаку, типот имаше страшно арогантен однос, ги изреволтира сите со неговите лични комплекси што немаа допирна точка со случајов. Можам ли да го пријавам за непрофесионален однос? Второ, дали можам да побарам комисиски да се разгледа случајот? И, трето, имам ли некаква алтернатива?!
Секоја помош е добредојдена.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
za neprofesionalen odnos moes da go prijavis vo samoto evn, vo direkcija. Isto i za slucajot, moes da probas vo regulatorna.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
. . .
Мислам дека од ЕВН ми прават некои сплетки, дојдоа да направат контрола за двоење на саат/броило, видоа се' фино уредно со простор во старото сандачето за уште еден саат, арно ама по ново саатот морал да стои надвор или на граница со имотот. Операторот (мислам на типот од ЕВН што дојде да направи преглед на фактичката состојба) ме уценува дека за да ми монтираат т.е. да ме одвојат, мора и другиот саат да се извади надвор, со што ми се наметнува дополнителен трошок. За да се изведе тоа потребно е да се крши дел од оградата, да се копа бетонот и да се расипе фасадата на куќата.

Изговорот му беше дека многу краделе струја од пред саат, па затоа мора наново да се вадат сите саати надвор од имотите. Јас сум сигурен дека крадат и ради таквите си патат сите, ај што патат, трошокот што се наметнува е сериозен проблем. Моите на времето се истурија марки за комуналии и легализација, додека другиве комшии се шверцаа на уличното осветлување со години.

Инаку, типот имаше страшно арогантен однос, ги изреволтира сите со неговите лични комплекси што немаа допирна точка со случајов. Можам ли да го пријавам за непрофесионален однос? Второ, дали можам да побарам комисиски да се разгледа случајот? И, трето, имам ли некаква алтернатива?!
Секоја помош е добредојдена.
Мислам дека решение е да се монтира броило со далечинско отчитување. ЕВН ги монтира таму каде се сомнева за кражба, инаку не ги нуди, бидејќи се поскапи. Тие броила можат да се монтираат во објектот
 
Член од
23 февруари 2011
Мислења
1.058
Поени од реакции
1.624
Сакам да знам дали постои некои адвокат/нотар/посредник што би избркал работа за некоја личност да земе пензија?
Фалат некои документи-обрасци па место мене за одреден надомест да би го завршил сето тоа
 
Член од
4 октомври 2021
Мислења
4
Поени од реакции
7
Имам куќа на село направена пред 35 години
Е сега по новите мерења, влезено било во дворот кај комшиите 25-30 м2
А тие имаат постара куќа и оградата ја имаат 10 години пред ние да почнеме да ја градиме куќата, ние сме до нивната огграда не внатре
и никогаш не сме имале проблеми во врска со тоа.
Но сега се заканувале дека ќе ни ја рушеле куќата ако не сме им платиле
итн
Објектот сакаме да го легализираме
Што можат легално да направат ?
Ви благодарам
 
Тоа парче земја никако не можат да ви го земат. Прво, дека за период подолг од 10 години се грижите за него, инвестирате, а не сте знаеле дека не е ваше (Закон за облигациони односи, не се сеќавам кој член беше). И, второ, куќата ја надминува вредноста на земјиштето (истиот Закон). Значи, ако ве тужат, ќе изгубат. Во тој случај и вие можете со противтужба да го барате земјиштето.
Задача ви е, доколку не се разберете, да обезбедите било какви докази дека земјиштето го владеете непречено тој период совесно
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.960
Поени од реакции
3.667
Имам куќа на село направена пред 35 години
Е сега по новите мерења, влезено било во дворот кај комшиите 25-30 м2
А тие имаат постара куќа и оградата ја имаат 10 години пред ние да почнеме да ја градиме куќата, ние сме до нивната огграда не внатре
и никогаш не сме имале проблеми во врска со тоа.
Но сега се заканувале дека ќе ни ја рушеле куќата ако не сме им платиле
итн
Објектот сакаме да го легализираме
Што можат легално да направат ?
Ви благодарам
Ке имаш проблем за легализација, нема да ти го легализираат објектот без потпис од комшијата.... Најдобро е да се спогодите, да му платиш некоја реална цена за тие 30м2... Се друго е скапа варијанта за која ке треба подолго време да се влечкаш по судовите и на крајот ке се сведе пак на тоа да му ги платиш тие квадрати.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Ми треба предлог за добар адвокат со специјалност за имотно-правни односи
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.505
Поени од реакции
62.324
Имам случај каде што инвеститор на зграда има продадено стан на рандом лик(Миле), со усмен договор да ако рандом ликот(Миле) се реши утре да го продаде станот, да му каже на него првин, да процени дали ке сака да си го откупи станот назад.

Рандом ликот сега сака да го продаде станот на мене, но инвеститорот сега инсистира да се вметне клаузула во купородажниот договор меѓу мене и Миле со која ке мора него да прашам ако утре сакам јас да го продадам станот. Станот е на индивидуален имотен лист, и доколку не ја прифатам клаузулата, инвеститорот нема да му дозволи на Миле да ми го продаде станот, иако договорен е усмен меѓу нив двајца.

Трикот е во тоа што инвеститорот е и издавач на паркинг место долу во зградата и не го продава, па ако го одјебам за таа клаузула, ке останам без паркинг место.
 
Јас и поситна работа не би купил ако вака ме условуваат
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Имам куќа на село направена пред 35 години
Е сега по новите мерења, влезено било во дворот кај комшиите 25-30 м2
А тие имаат постара куќа и оградата ја имаат 10 години пред ние да почнеме да ја градиме куќата, ние сме до нивната огграда не внатре
и никогаш не сме имале проблеми во врска со тоа.
Но сега се заканувале дека ќе ни ја рушеле куќата ако не сме им платиле
итн
Објектот сакаме да го легализираме
Што можат легално да направат ?
Ви благодарам
Ако не можете да се спогодите, консултирајте се со адвокат околу можноста да се поднесе тужба за сопственост преку одржувачка.
 
Член од
4 октомври 2021
Мислења
4
Поени од реакции
7
Ке имаш проблем за легализација, нема да ти го легализираат објектот без потпис од комшијата.... Најдобро е да се спогодите, да му платиш некоја реална цена за тие 30м2... Се друго е скапа варијанта за која ке треба подолго време да се влечкаш по судовите и на крајот ке се сведе пак на тоа да му ги платиш тие квадрати.
Тоа било градено пред 40+ години
Нивната куќа ограда се 10+ години постари од нашата куќа,
тие први си обележале до каде е нивно
Никаков проблем немало 40+ години е сега да ќе бараат пари
Значи објектот е 30м2 ‘‘влезен‘‘ кај нив во двор, а уствари до ограда сме им.
Сега може да бараат колку ќе им текне, или има некој закон просечна цена за, 1м2 во тоа село,па според тоа да им се плати ?
Како оди тоа, ако бараат луди пари, што тогаш......
 
Kajgana Shop

На врв Bottom