Правна помош и совети

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Ај неколку прашања па кој знае и/или има искуство нека сподели...

Се смета ли за релевантен доказ скрин-шот од фејсбук разговор? Ќе се вештачи ли потоа телефонот/компјутерот?
Каде може да се жалиме за одлука донесена од апелација? Значи буквално е копија на првостепената одлука, сите точки по кои се приговара не се земени во предвид, а има огромни повреди на законот за кривична постапка, по два основи има и пребивање на рокови?
Ако покажам снимен разговор, кој се однесува на мене, конкретно убедувања а потоа закани, снимен со мој телефон, јавно необјавен, ќе ми се земе ли во предив?
Да
 
  • Хаха
Reactions: X3m
Член од
16 септември 2009
Мислења
64
Поени од реакции
87
Здраво, сакам да прашам дали доколку станот се води на две лица( пр. брат и сестра , дечко и девојка или слично) дали и двајцата ќе плаќаат дупло данок на имот или ке се подели данокот на двајцата?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706

Nema duplo danok
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049

Се дели според процентот што го поседуваат
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
Здраво правници,

сакам да склучам договор за купување на недвижност. Сумата е испод 5000 евра и сега продавочот ми го прати договорот и го прочитав и е во ред. Сега вели дека за сума под 5000 евра не треба адвокат да го составува и дека нема потреба од нотар туку откако ќе му уплатам и потоа со договорите да платам данок на промет, општина да ги завери и потоа кај нотар.
Дали е вака процедурата и која е важноста од тој договор што ќе е потпишан само од мене и него?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755

Никако! (Иако не сум правник)
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.408
Поени од реакции
5.049
Не е валидно законски или?
Можеби адвокат не мора, ама мислам дека нотар ви треба за заверка.
За кола, на пример, до одредена сума ако е (3 или 5 илјади евра, не памтам), директно на нотар се оди на потпис и после право на пренос.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Не е валидно законски или?
До 10 000 мислам дека не е обавезен Адвокатски договор, само на нотар, со нотарски акт може да помине! А нотар МОРА, дури и вие да го составите договорот, обавезна е солемизација од нотар, каде ќе се бара потврда за платени даноци.
 
Ние го составивме договорот, нотарката му рекла на продавачот дека можеме да потпишеме и да се уплати сумата и потоа данокот во општина и тогаш кај неа да го солемизора. Мене ме буни договор потпишан од мене и него без заверка на нотар како ќе ми го примат во општина за да се наплати данок на промет. Не дека се сомневам ама што откако уплатам и рече еве се предомислив. Договор незаверен на нотар , што ако сум платил и данок на промет. Што тогаш?
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.526
Поени од реакции
5.706
Pa, manje vise, toa e postapkata...
-Potpisuvanje dogovor (za vrednost nad 10.000 evra mora pecat od advokat)
- nosenje dogovorot vo opstina za presmetka na danok
- posle platen danok odi kaj notar za zaverka I solemizacija.

Edinstvena kade mozes da promenis redosled e moment na plakanje na prodavacot. Dali ke se dogivorite da mu platis vednas, vo moment na potpisuvanje na dogovorot, ili na kraj, na denot na solemizacija kaj notar
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Ние го составивме договорот, нотарката му рекла на продавачот дека можеме да потпишеме и да се уплати сумата и потоа данокот во општина и тогаш кај неа да го солемизора. Мене ме буни договор потпишан од мене и него без заверка на нотар како ќе ми го примат во општина за да се наплати данок на промет. Не дека се сомневам ама што откако уплатам и рече еве се предомислив. Договор незаверен на нотар , што ако сум платил и данок на промет. Што тогаш?
Ако е вредноста на имотот под 10 000 евра, може да помине и без адвокатски печат договорот.
Договорот во општина потпишан од тебе и од продавачот ќе помине. Потоа после плаќање данок го носиш на нотар за солемизација. Во никој случај не можиш да префрлиш недвижен имот или да купиш без да истиот договор биде солемизиран нотарски.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Ние го составивме договорот, нотарката му рекла на продавачот дека можеме да потпишеме и да се уплати сумата и потоа данокот во општина и тогаш кај неа да го солемизора. Мене ме буни договор потпишан од мене и него без заверка на нотар како ќе ми го примат во општина за да се наплати данок на промет. Не дека се сомневам ама што откако уплатам и рече еве се предомислив. Договор незаверен на нотар , што ако сум платил и данок на промет. Што тогаш?
Солемизација значи потврда! Нотарот потврдува дека вие двајца сте согласни со ставките наведени во договорот и дека давачките кон државата се намирени. Тоа е дефинитивна заверка на постапката врз основа на која Катастарот ќе ја изврши промената која настанала како последица на сите тие дејствија!
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Здраво правници,

сакам да склучам договор за купување на недвижност. Сумата е испод 5000 евра и сега продавочот ми го прати договорот и го прочитав и е во ред. Сега вели дека за сума под 5000 евра не треба адвокат да го составува и дека нема потреба од нотар туку откако ќе му уплатам и потоа со договорите да платам данок на промет, општина да ги завери и потоа кај нотар.
Дали е вака процедурата и која е важноста од тој договор што ќе е потпишан само од мене и него?
Ако предмет на договорот е со вредност до 10 000 евра, не е задолжително договорот да биде составен и заверен од адвокат но сепак е пожелно за твоја безбедност и некои нотари инсистираат на тоа, но конкретно вака составениот ваш договор не му треба адвокатски печат и потпис, доволно е само солемнизација.
Договорот не се потпишува однапред туку пред нотарот, договорот се носи претходно во општина или град Скопје зависи каде е недвижноста да се плати данок на промет на недвижности значи без да биде потпишан договорот, откако ќе ви биде ставена клаузула дека данокот е платен на примероците од договорот тогаш се оди кај нотар го потпишувате и нотарот го солемнизира договорот.

ПРАВЕН СОВЕТ ОД МЕНЕ ДО ТЕБЕ (ВАЖНО)!
Плаќањето ќе го извршиш на денот на солемнизација исклучиво на трансакциска сметка на продавачот во никој случај претходно, и ова да биде наведено во договорот како одредба или дел од одредба!
Данокот и трошоците по закон ги сноси продавачот, но во пракса ги плаќа купувачот затоа што е дозволено по закон да биде договорено така, слободно можеш да бараш продавачот да го плати данокот и трошоците.

Ова што ти пишувам е најосновно, затоа најдобронамерно те советувам дај го договорот со најнов имотен лист да го разгледа адвокат па дури и да состави нов договор, за да не бидеш утре изигран од продавачот, а по ова што пиша изгледа натаму иде работата штом ти бара да платиш однапред уште пред да биде платен данокот веројатно ти рекол (претпоставувам) на рака да му платиш за да не плаќа данок на приход (кое нема врска тие пари веќе би биле оданочени по друг основ промет на недвижност).
Затоа консултирај се со адвокат 100 евра плус е ништо во однос да се изгубат 5000 евра и на крај ем без пари ем без недвижност, се надевам да сум во грешка дека продавачот е ок. :)
 
Парите на трансакциска ќе бидат уплатени. Се работи за подрум, а претходно од него го купив станот каде помина се во најдобар ред каде и ми помогна за некој работи. Тогаш бев глуп и мислев не ми треба подрум, а сите ми велеа земи го. Ова ме интересираше што напиша ти и ти благодарам многу за деталниот совет. Сумата не е ни на пола од 5к евра, а продавчот испадна ептен принципиелен претходно и ептен а и си стоеше на зборот па најверојатно и сега така ќе биде.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom