Здраво правници,
сакам да склучам договор за купување на недвижност. Сумата е испод 5000 евра и сега продавочот ми го прати договорот и го прочитав и е во ред. Сега вели дека за сума под 5000 евра не треба адвокат да го составува и дека нема потреба од нотар туку откако ќе му уплатам и потоа со договорите да платам данок на промет, општина да ги завери и потоа кај нотар.
Дали е вака процедурата и која е важноста од тој договор што ќе е потпишан само од мене и него?
Ако предмет на договорот е со вредност до 10 000 евра, не е задолжително договорот да биде составен и заверен од адвокат но сепак е пожелно за твоја безбедност и некои нотари инсистираат на тоа, но конкретно вака составениот ваш договор не му треба адвокатски печат и потпис, доволно е само солемнизација.
Договорот не се потпишува однапред туку пред нотарот, договорот се носи претходно во општина или град Скопје зависи каде е недвижноста да се плати данок на промет на недвижности значи без да биде потпишан договорот, откако ќе ви биде ставена клаузула дека данокот е платен на примероците од договорот тогаш се оди кај нотар го потпишувате и нотарот го солемнизира договорот.
ПРАВЕН СОВЕТ ОД МЕНЕ ДО ТЕБЕ (ВАЖНО)!
Плаќањето ќе го извршиш на денот на солемнизација исклучиво на трансакциска сметка на продавачот во никој случај претходно, и ова да биде наведено во договорот како одредба или дел од одредба!
Данокот и трошоците по закон ги сноси продавачот, но во пракса ги плаќа купувачот затоа што е дозволено по закон да биде договорено така, слободно можеш да бараш продавачот да го плати данокот и трошоците.
Ова што ти пишувам е најосновно, затоа најдобронамерно те советувам дај го договорот со најнов имотен лист да го разгледа адвокат па дури и да состави нов договор, за да не бидеш утре изигран од продавачот, а по ова што пиша изгледа натаму иде работата штом ти бара да платиш однапред уште пред да биде платен данокот веројатно ти рекол (претпоставувам) на рака да му платиш за да не плаќа данок на приход (кое нема врска тие пари веќе би биле оданочени по друг основ промет на недвижност).
Затоа консултирај се со адвокат 100 евра плус е ништо во однос да се изгубат 5000 евра и на крај ем без пари ем без недвижност, се надевам да сум во грешка дека продавачот е ок.