Да се направи договор или во купопродажниот да стои дека мора ја заврши постапката (доколку е сигурно дека може)?
И тоа откупувањето е по цена на комуналии ии 1 евро?
гадни работи, а и самите општини го комплицираат... еве слично нешто, станбена зграда 2004 изградена во Охрид, за време на урбаната мафија на ехех градоначалникот.....
Системот беше сруши куќа и дигни 3+1...арно, ама Инвеститор се пишуваше газдата на куќата, НЕ фирмата. ВО Нотарски договор стои дека му е платено да изврши ПРИВАТИЗАЦИЈА на земјиштето... тој НЕ направил приватизација, парите ги потрошил, подоцна и починал. Неговите наследници НЕ направиле оставинска. Сега землиште под зграда и околу зграда се води на бившиот газда,
ама со право 0. Прашавме во општина дали може да му го одземат и самите станари да го купат од општината, т.е. да спроведат приватизација, не можело, да не имал наследници
. Во Судот немаат податоци за оставинска по тоа Лице, ама на писмено не даваат.. И сега Никој не плаќа Данок, дворното место сее користи за паркирање кој стигне, општините молчат, а веројатно има многу такви случаи. Патем, во оваа скапаница од држава кој знае колку пати се национализирани градежните земјишта.... има луѓе поединечни сопственици на куќи,па по 2-3 пати го купуваат истото дворно место.
Еве и во Скопје, кај многу станбени згради се води з
емјиште под зграда и дворно место дека е на РМ...викнавме еднаш Нотар, се направи што треба, АМА општината матеше со Дупови...
бај тхе веј,на времето пред 20-на години, во Хрватска ја дотераа работата до УСТАВЕН СУД, а тој реши дека ПО ДЕФАУЛТ земјиштето ПОД ЗГРАДА да припаѓа на сопствениците на зградата, барем тоа го решија...