Токму таму е проблемот, не може да сметаат дека дал позитивна наследничка изјава, никаде не е наведено дека во случај наследникот ако не даде наследничка изјава без разлика дали е позитивна или негативна дека ќе се смета дека дал позитивна наследничка изјава, и така нотарот да го огласи за наследник.Се рачуна како да дал позитивна наследничка изјава, односно исто како и да не се појавил уредно поканет при спроведување на оставинскаа постапка кога би бил жив...законот не регулира однос „ починал во оставинска постапка“ или „ починал по смрта на оставителот“, но регулараа во случај да не се појавиш во оставинска постапка... така да за други места незнам но нотарите во Куманово при овој однос сеекогаш ја повикуваат и сопругатаа на братот кој починал после оставителот... така да чл.14 од ЗН е неспроведлив во оваа ситуација, односно истиот е дециден „детето умрено пред оставителот“... е јасен и концизен.
И не само нотарите, туку и судиите го делат оваа мислење, односно по одлучување по тужби го усвојуваат тужбеното барање кое исто им се потврдува од повисокиот суд.
Без разлика дали наследникот е жив или починал во текот на постапката ако не сакал да даде било каква наследничка изјава не може негово ,,молчење" да се смета како да дал позитивна наследничка изјава, имено, во тој случај нотарот ќе ја расправа оставината врз основа на податоците кои ги има и во однос на другите наследници, а овој наследник едноставно нема да го прогласи за наследник се додека не даде позитивна наследничка изјава а тоа ќе го заведе во предметот, а во случај доколку е починат наследникот во текот на постапката се повикуваат внуците на оставителот за да се изјаснат по право на претставување дали се прифаќаат за наследници на делот кој им припаѓа согласно закон.
Али пак ќе кажам различно е секаде.