Правна помош и совети

Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Се рачуна како да дал позитивна наследничка изјава, односно исто како и да не се појавил уредно поканет при спроведување на оставинскаа постапка кога би бил жив...законот не регулира однос „ починал во оставинска постапка“ или „ починал по смрта на оставителот“, но регулараа во случај да не се појавиш во оставинска постапка... така да за други места незнам но нотарите во Куманово при овој однос сеекогаш ја повикуваат и сопругатаа на братот кој починал после оставителот... така да чл.14 од ЗН е неспроведлив во оваа ситуација, односно истиот е дециден „детето умрено пред оставителот“... е јасен и концизен.
И не само нотарите, туку и судиите го делат оваа мислење, односно по одлучување по тужби го усвојуваат тужбеното барање кое исто им се потврдува од повисокиот суд.
Токму таму е проблемот, не може да сметаат дека дал позитивна наследничка изјава, никаде не е наведено дека во случај наследникот ако не даде наследничка изјава без разлика дали е позитивна или негативна дека ќе се смета дека дал позитивна наследничка изјава, и така нотарот да го огласи за наследник.
Без разлика дали наследникот е жив или починал во текот на постапката ако не сакал да даде било каква наследничка изјава не може негово ,,молчење" да се смета како да дал позитивна наследничка изјава, имено, во тој случај нотарот ќе ја расправа оставината врз основа на податоците кои ги има и во однос на другите наследници, а овој наследник едноставно нема да го прогласи за наследник се додека не даде позитивна наследничка изјава а тоа ќе го заведе во предметот, а во случај доколку е починат наследникот во текот на постапката се повикуваат внуците на оставителот за да се изјаснат по право на претставување дали се прифаќаат за наследници на делот кој им припаѓа согласно закон.
Али пак ќе кажам различно е секаде. :)
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
не даде наследничка изјава без разлика дали е позитивна или негативна дека ќе се смета дека дал позитивна наследничка изјава, и така нотарот да го огласи за наследник.
Чл.129 од ЗН „Ако наследникот умрел пред да се заврши расправата на оставината, а не се откажал од наследството, правото на откажување преминува врз неговите наследници.“
Значи согласно оваа одредба, правото на откажување преминува врз неговите НАСЛЕДНИЦИ, не врз неговите потомци, не врз неговите деца, туку врз неговите нааследници, а меѓу нив во прв наследен ред е и сопругата.
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817

За ова со позитивнава изјава се согласуваме. Имаше постапка каде едниот наследник беше со непозната адреса на живеење во странство, објавија во службен весник за оставинската постапка, се чекаше една година да се јави, не се јави, потоа му назначија по службена адвокат, и му доделија дел, како да дал позитивна наследничка изјава. Беше во прашање 1/9 од куќа, сосема доволно за да не можат да ја продаваат куќата останатите наследници, заебување до коска.

п.с Проверив за една оставина каде починал синот пред оставителот (татко му) и по право на претставување дошле само внуките, т.е ќерките на починатиот син. Ама тука имаме примена пошто е умрен пред татко му, на членот за претставување. Држи логика последниов член што си го пишал за да се јави како наследник и снаата, покрај двете деца.
 
Така е и во пракса, а и не само што е правно засновано туку е и праведно, неможе ако не се јави или ако е починат после смрта на оставителот да се лиши од наследство сопругата која доколку би се отворила оставинска постапка и би била завршена пред да почине наследникот истата би имала дел доколку истиот дал позитивна наследничка изјава.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Чл.129 од ЗН „Ако наследникот умрел пред да се заврши расправата на оставината, а не се откажал од наследството, правото на откажување преминува врз неговите наследници.“
Значи согласно оваа одредба, правото на откажување преминува врз неговите НАСЛЕДНИЦИ, не врз неговите потомци, не врз неговите деца, туку врз неговите нааследници, а меѓу нив во прв наследен ред е и сопругата.
Се согласувам дека постои недореченост во ЗН, но во пракса е различно толкувано ова наследници во конкретниот случај, го поврзуваат со правото на претставување и ги сметаат само внуците на оставителот, искрено треба Врховен суд да донесе начелен став по однос на ова затоа што секој нотар и суд различно си работи.
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Се согласувам дека постои недореченост во ЗН, но во пракса е различно толкувано ова наследници во конкретниот случај, го поврзуваат со правото на претставување и ги сметаат само внуците на оставителот, искрено треба Врховен суд да донесе начелен став по однос на ова затоа што секој нотар и суд различно си работи.
За други градови незнам, но во Куманово и нотарите и судиите се на мое мислење.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Едно прашање до правниците-
Пример, дали јас ако купувам куќа, истата може да се префрли на име на мајка ми и да гласи дека таа ми ја купува како поклон за мене или мора прво на мајка ми да биде преведена па после на ново таа на мене да ми ја преведе како поклон?
И дали кога се потпишува купопродажен договор на нотар и се даваат уплатници на нотарот дека куќата е платена на продавачот, дали одма нотарот дава примерок од договорот на двете странки или прво мора во Град Скопје да го даде договорот па после да им даде примерок?
 
Ако сакаш да ти ја даде мајката поклон, мора прво таа да стане сопственик (во смисла да ја купи, да се јави како купувач) па потоа со друг договор за дар кој ќе се склучи меѓу неа како дародавач и ти како даропримач (да ти ја поклони). И така ќе имаш трошоци за двата договори. Не навлегувам во желбата за тој начин на реализација, но тоа изгледа вака. Можеш да се спасиш од трошоците за дар, ако ти се јавиш директно како купувач, без да ја инволвираш мајката.

Договорот го прави адвокат, го носите во Град Скопје, ви пресметуваат таму данок за плаќање, па после обработка на договорот во Град Скопје, го носиш на нотар и тогаш се потпишувате и се солемизира договорот. После тоа ви дава нотарот примероци.
 
Член од
24 април 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, пред 3 месеци бев физички нападната пред моите деца, истиот ден бев извадов лекарско и од психијатрија и од хирургија, иако се поминати скоро 3 месеци не ме имаат повикано на суд, стгна само известување од полиција дека предметот е во постапка. Сега решив да поднедам и приватна тужба, сакав да прашам колку би чинел целиот тој процес?
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.698
Поени од реакции
27.624
Здраво, пред 3 месеци бев физички нападната пред моите деца, истиот ден бев извадов лекарско и од психијатрија и од хирургија, иако се поминати скоро 3 месеци не ме имаат повикано на суд, стгна само известување од полиција дека предметот е во постапка. Сега решив да поднедам и приватна тужба, сакав да прашам колку би чинел целиот тој процес?
750 евра
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Здраво, пред 3 месеци бев физички нападната пред моите деца, истиот ден бев извадов лекарско и од психијатрија и од хирургија, иако се поминати скоро 3 месеци не ме имаат повикано на суд, стгна само известување од полиција дека предметот е во постапка. Сега решив да поднедам и приватна тужба, сакав да прашам колку би чинел целиот тој процес?
Јави се во понеделник во Македонско здружение на млади правници на 02 3 220 870, може ќе може некако да ти помогнат.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Здраво, пред 3 месеци бев физички нападната пред моите деца, истиот ден бев извадов лекарско и од психијатрија и од хирургија, иако се поминати скоро 3 месеци не ме имаат повикано на суд, стгна само известување од полиција дека предметот е во постапка. Сега решив да поднедам и приватна тужба, сакав да прашам колку би чинел целиот тој процес?
За насилство се поведува по службена должност со кривична пријава од страна на полициската станица каде што е пријавен настанот, или директно кај јавен обвинител во Основно јавно обвинителство, одете и барајте средба со јавен обвинител, носете документација со себе и барајте на записник кај јавниот обвинител по службена должност да поведе кривична постапка, или поднесете лично кривична пријава до јавниот обвинител за да поведе кривична постапка, не преку полиција.
 
Последно уредено:
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.634
Поени од реакции
1.489
Ако сакаш да ти ја даде мајката поклон, мора прво таа да стане сопственик (во смисла да ја купи, да се јави како купувач) па потоа со друг договор за дар кој ќе се склучи меѓу неа како дародавач и ти како даропримач (да ти ја поклони). И така ќе имаш трошоци за двата договори. Не навлегувам во желбата за тој начин на реализација, но тоа изгледа вака. Можеш да се спасиш од трошоците за дар, ако ти се јавиш директно како купувач, без да ја инволвираш мајката.

Договорот го прави адвокат, го носите во Град Скопје, ви пресметуваат таму данок за плаќање, па после обработка на договорот во Град Скопје, го носиш на нотар и тогаш се потпишувате и се солемизира договорот. После тоа ви дава нотарот примероци.
Ova obicno se pravi dokolku liceto ne e vo MK koa se kupuva, mozebi zatoa prasuva. Jas ovaka ja kupiv mojata. Majka mi ja kupi na nejzino ime pa lani mi bese 'podarena' na moe ime. Mada za ova mora dvajcata roditeli da potpisat, taka da u nekou slucaevi moze da bide problem. Ocigledno dogovorot se plakja dva pati.
 
Член од
26 април 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0
Здраво, на апелација е донесена одлука дека лицето се осудува а оштетениот се праќа за оштета на граѓанска парница, пресудата не е правосилна бидејќи на оптужениот како правна поука му се укажува дека против таа пресуда е дозволена жалба преку тој суд до врховен во рок од 15дена. Лицето се жали и врховниот суд ја потврдува пресудата и лицето се упатува на издржување затворска казна, е мене ме интересира правото на тужба за матерјална оштета на граѓанска парница после која пресуда се поднесува (апелација или врховен) односно од која пресуда почнува да тече правото на тужба за материјално побарување и најдоцна за колку временски период може да се поднесе за да се запазат роковите, извинете за долгиот пост
 
Kajgana Shop

На врв Bottom