kalimero456
Имам 100 проблеми а 1 ми е пари а пари немам 1312
- Член од
- 7 ноември 2019
- Мислења
- 3.504
- Поени од реакции
- 3.727
ке замолам ако може некој итно да ми помогне и да ми ги каже законите. се работи за следното: непосредниот комшија почна да гради но од мојата страна испушти стреа која не му е во проектот. Се обратив кај градежниот инспектор градежниот инспектор излезе на лице место и со решение му наложи во рок за 30 дена да ја отстрани вонпроектанската градба и го стопира со градење. тоа беше на 24 мај. поминаа 30 дена тој не градеше ниту отстрануваше пред една недела почна повторно да гради кога отидов кај градежниот инспектор тој ми рече дека направил измена во планот и може да гради но стреата сепак ќе ја отсече и решението сепак важи. случајот поради одолговлекување со слики и сите работи е пратен и до народниот правобранител но еве веќе пола година ниту од едните ниту од другите нема коректен одговор ниту отстранување. од логична гледна точка иако има решение за отстранување на градба што не го испочитувал иако е пријавен во сите надлежни институции тој сепак почна да гради од пред една недела бидејќи наводно имал измена во планот. ве молам кој може да ми одговори пошто сите ако што ви објаснив се прават наглуви некој да има решение за отстранување наложено од градежен инспектор делото да е и под надзор на народен правобранител а тој сепак гради а не ја отстранува стреата која што мора да ја отстрани законски. Дали воопшто законски на него треба да му дадат временски лимит што е логично или се работи за подигрување корупција.. ве молам кој знае нека ми одговори веднаш бидекќи тој може и да ја изгради до крај во овој случај(народски кажано кога му е неу кејф да ја отстрани) дали е тоа по закон и каде да се обратам? благодарам однапред