вака дечки мене ми треба една правна помош
пред 7-8 месеци почина таткоми пред да почини имаше отворено фирма (кафана) која пропадна е сега кога веќе јас сум наследник на се тоа шо беше негово ми стигна од суд дека треба да платам 50.000 денари за да ја нема фирма повеќе и некакви придонеси ме интересира мене сега дали сум јас обврзан да го платам тој долг и дали овај долг се води на име на фирма или на име на таткоми пошто ако се води на име на фирма мислам дека не сум обрзан
Вака сеа.
1.Во оставинската постапка кај шо те прогласиле тебе за наследник,провери во документот од нотарот дали татко ти имал ДОЛГ.
2..Прочитај во документот од судот за шо се тие 50 илјади денари?
За стечајната постапка?Или по некој друг основ ти ги бараат парите.?Штом е затворена веќе фирмата значи завршил стечајот,и сеа ти ги бараат парите за затворање на фирмата..
Се ти пиши на докоментот ПО КОЈА ОСНОВА ТИ ГИ БАРААТ ПАРИТЕ,со болдирани букви,не мора за ова адвокат да прашаш.
Ако не ти е нешто јасно,оди во судот,кажи му бројче од документот кој ти го пуштиле(горе десно)ќе ти го отворат предметот и ќе ти кажат подетално.
3..За долговите на татко ти шо ги имал како физичко лице одговораш,но најмногу до висина на наследен дел,значи ако татко ти должел 100 илјади ,а тебе ти оставил во наследство да речиме 50 илјади (без друг имот,кола,куќа,стан и слично),ти одговораш пропорционално до висина на наследен дел,значи најмногу до 50 илјади,не за остатокот.
За долговите на татко ти како газда на кафана(правно лице),исто треба да се провери дали газдата(управителот) на фирмата(кафаната)одговара за сите долгови со целиот свој имот,или само со основачкиот влог(ова провери го во документите за основање на фирмата,или кај сметководителот шо ви бил).
А ако имаш документи од суд(ако се водела стечајна постапка пред суд)мора да има и овде објаснето.
Ама штом викаш дека ти ги бараат пари за затворање на фирмата најверојатно сите овие работи се веќе завршени.
Значи, во суд прашај најдобро да ти објаснат подетално,и во Централен Регистар,со УЈП немаш работа,после откако ќе завршиш работа на суд треба да се затвори фирмата во Централен Регистар