Зависи од многу работи, има посебни тарифници за вешти лица во зависност од областа од која се експерти, ама не би можел да ти кажам вака премногу општо ти е прашањето.
Пример ќе ти кажам, не знам дали ќе ти помогне нешто: Во тоалетот во еден локал преку плафонот тече вода од горниот локал, вештак излегува на лице место, врз основ на тоа прави вештачење за настаната штета и за самото доаѓање и изготвување на вештиот наод и мислење наплати 9.000 денари. После во текот на постапката, ако се добие постапката во своја корист, трошоците кои настанале за вештачењето треба да ги надомести спротивната странка.[DOUBLEPOST=1486735979][/DOUBLEPOST]
Facebook, поголем пазар и муштерии на едно место мислам дека не наоѓаш
[DOUBLEPOST=1486736522][/DOUBLEPOST]
Зависи дали извршителот почнал со присилна наплата на средствата. Ако почне со наплатата, т.е. ако ти ја блокира сметката значи дека може да ти ги блокира сите сметки кои се на твое име. Ако успее да го наплати долгот од нив, ќе го наплати со се камата и трошоци и сметките и решен проблем. Ако немаш средства на сметките доволно, може да ти бидат блокирани сите сметки на твое име и да ти останат блокирани се додека не се наплати долгот. Што значи дека сите пари што би ти пристигнале на сметките ако ти се блокирани ќе бидат одземени од извршителот, а ти секако во меѓувреме нема да можеш никако да ги користиш сметките. Постои единствен регистар на трансакциски сметки во кој се евидентирани сите сметки кои се отворени на твое име во сите банки во РМ.[DOUBLEPOST=1486736729][/DOUBLEPOST]
Како мислиш да го пријавиш, во која смисла?