Почитувани, ќе ве молам за консултација, односно за толкување на Закон за градење.
Во член 59а стои дека за право на градење, меѓудругото, треба: "-договор со заедницата на сопственици на посебни делови на објектот или писмена согласност од мнозинството сопственици на посебните делови од објектот кои претставуваат повеќе од половината од вкупната површина на објектот со имотни листови за посебните делови на објектот, доколку се работи за доградба и надградба на згради во етажна сопственост".
Прашањето ми е дали ова значи дека согласноста треба да оди според квадратура, односно дали ако станарите што поседуваат поголема квадратура, без разлика колку станови се, се сметаат за мнозинсвто од правен аспект и согласно законот.
Значи, дали е пресуден бројот на стабени единици или површината за да се смета дека има 51%?
Дали ова значи дека ако има 51% во смисла на број на станбени едници, а се помали од половина од вкупната површина (квадратурата) може да не е валидно, па и обратно ако има согласност на два од четири станбени единици, а површината е дупло поголема на тие два што дале согласност дали е во важност и ќе се смета дека има 51% согласно закон? И дали сосема се изземени од процедурата оние што немаат имотен лист или нема законски наследници со направена оставинска? Може ли со неотпочнување на оставинска постапка да се одложува процедурата до недоглед?
Станува збор за доградба.
Благодарам на сите за мислењето, толкувањето и одвоеното време.