Правна помош и совети

Член од
16 јули 2021
Мислења
12
Поени од реакции
2
Види во полномошно ќе си бараш да се наведе за што точно го даваш значи за застапување пред суд до правосилно завршување на постапката, и може да се преземат само оние правни дејствија кои се потребни заради водење на постапката.
Застапување пред други и физички и правни лица и институции може да биде само за потребите на постапката.
Празни линии во полномошно може да има само во уводниот дел за име и презиме, ЕМБГ, живеалиште, бр. на лична карта, плаќањето е по адвокатската тарифа, но напоменувам во адвокатската тарифа е наведен минималниот износ, бранителот може да побара и повисок износ што е предвиден во тарифата, тоа е дозволено, но за да нема недоразбирање, прашајте однапред колку ќе чини писмената одбрана, секој друг поднесок, застапување на рочиште, застапување пред други институции, па после договорете го начинот дали однапред или авансно плаќање па на рати или на крај доплаќање на цел износ. :)
Ви благодарам на одговорот! Јас го потпишав полномошното. Немаше ЕМБГ или пак број на лична карта, само име и презиме и адреса. Кај празните места стоеше К.бр, прек.бр. итн, веројатно исто им е полномошното за било каков предмет (тука не пишуваше ништо, не беше наведен бројот на предмет). Во предметот има правосилна пресуда и јас сакам да барам повторување на постапката. Од судот добив позитивно мислење базирано на медицинската документација дека делото ќе се повтори и дека ќе се изрече симболична казна. Сумата за целото застапување ја договорив и платив однапред затоа што не беше којзнае каква. Адвокатот ми рече дека тоа е сума за целата постапка. Секако, ова е усмен договор. Читам секакви хорор приказни по интернет, па си велам, немој да испадне после бев на рочишта, дневница, ова, она. Поубаво да му ја платам казнава на брат ми. Инаку, ми рече дека со барањето и поднесувањето на докази нема потреба од дополнителен негов ангажман. Ме интересира и кога завршува ова дадено полномошно. Со завршувањето на предметот или...? Дали да си го барам назад по завршување на постапката? Се извинувам, многу прашања поставив.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
386
Поени од реакции
328

Завршува со завршување на постапката носење на пресуда/решение, првостепена во конкретниот случај, назад полномошно не може да барате затоа што истото адвокатот го доставува до судот, за да се има евиденција дека бранителот уредно бил ангажиран, за плаќање тоа зависи како сте се договориле меѓусебно, правилото е дека се наплаќа секое дејствие одделно, колегата ви кажал вкупна цена, можел да ви каже во ставки (единечна) цена за секое дејствие или за секој вид на поднесок.
Така што кај вас се е во ред, не се грижите нема да ви побара други пари. :)
 
Ви благодарам многу на исцрпниот одговор! Човекот можеби и ми прави услуга, ама кога го погледнав Адвокатскиот тарифник, почнаа да ми се вртат секакви суми. Ништо лично против него, едноставно такво ни е општеството, полно со измами врз обичниот граѓанин. Инаку, дефинитивно цениве на адвокатските услуги се превисоки за обичниот граѓанин. Со ова им се прави лоша услуга на адвокатите, многу малку луѓе би се осудиле да побараат правда на суд со вакви цени.
 
Да сфаќам, ама што да правиме ние сме задолжени да ја почитуваме тарифата, но пак затоа ако се работи за поголем износ секогаш постои разбирање од наша страна и може на рати да се договори плаќањето, еве да речеме месечно, или на 2 месеца, без камати, сепак не сме банки, али работата е што има и од луѓето кои ќе платат една - две рати и после ги нема а со тоа прават недоверба, како и да е, да не должам со долги постови :)
 
Да, ве сфаќам. Ама вака многу помалку клиенти имате. Инаку, ако е за утеха, не има и такви што не би ни помислиле да не си го платиме договореното. :)
 
Член од
22 јули 2011
Мислења
919
Поени од реакции
1.076
Каде има да се најде табела или шема или некоја ранг листа со одредби, на кој работник колку точно му следуваат денови на годишен одмор според износот на работен стаз?

Нели 20 денови е минимумот на годишен одмор, но пример ми треба за некој кој има 25 години работно искуство колку му следува, а колку му следуваат слободни денови на некој со пример 37 години работно искуство?

Молам одговор.
 
Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.043
Поени од реакции
26.475
Каде има да се најде табела или шема или некоја ранг листа со одредби, на кој работник колку точно му следуваат денови на годишен одмор според износот на работен стаз?

Нели 20 денови е минимумот на годишен одмор, но пример ми треба за некој кој има 25 години работно искуство колку му следува, а колку му следуваат слободни денови на некој со пример 37 години работно искуство?

Молам одговор.
На секои 10 години стаж се добиваат +2 дена, или така нешо беше.
 
Член од
8 јуни 2010
Мислења
99
Поени од реакции
260
Дали личност која не може да оствари пензија (нема 15 години стаж, туку 7-8 години да речеме) има право на некаква социјална пензија или некаков надоместок од државата? И дали има услови што треба да се исполнат за да се стекне тоа? Сигурно има повеќе вакви случаи во државата, знае ли некој што им прават?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.361
Поени од реакции
4.469

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.584
Поени од реакции
18.535
Каде има да се најде табела или шема или некоја ранг листа со одредби, на кој работник колку точно му следуваат денови на годишен одмор според износот на работен стаз?

Нели 20 денови е минимумот на годишен одмор, но пример ми треба за некој кој има 25 години работно искуство колку му следува, а колку му следуваат слободни денови на некој со пример 37 години работно искуство?

Молам одговор.
Основните одредби за траењето на годишниот одмор се содржани во ченот 137 ставови 1 и 2 од ЗРО (Законот за работни односи). Според нив, работникот има право на платен годишен одмор од најмалку 20 работни дена, со тоа што со колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи до 26 работни дена.

Во членот 138 од ЗРО, се нагласува дека траењето на годишниот одмор во секој одделен случај се определува според времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор. ОКД за приватниот сектор во членот 40 став 2 и ОКД за јавниот сектор во член 27 утврдуваат некои од основните критериуми според кои се определува траењето на годишниот одмор на работникот. Тоа се:
а) Вкупен работен стаж:
- до 5 години - 1 работен ден;
- од 5 до 10 години - 2 работни дена;
- од 10 до 15 години - 3 работни дена;
- од 15 до 20 години - 4 работни дена;
- од 20 до 25 години - 5 работни дена;
- над 25 години - 6 работни дена

б) Сложеност на работата според степенот на стручната подготовка:
- за високо стручна подготовка - 3 работни дена;
- за виша стручна подготовка или ВКВ - 2 работни дена;
- за средна стручна подготовка - 1 работен ден

Има и други критериуми како Условите за работа и одговорност, Тешка (хронична) здравствена состојба, Три или повеќе деца и така натаму. Но, по сите можни критериуми, збирно, работникот има право на годишен одмор само до 26 работни дена. Доколку работникот го надминува максимумот по основ на критериумите во овој член има право на годишен одмор само до 26 работни дена.

ЗРО во членот 137 став 2 определил неколку групи на вработени на кои поради одредени причини им го зголемува трањето на годишниот одмор за уште 3 работни дена. Тоа се:
- повозрасен работник (жени над 57 и мажи над 59 години - член 179 од ЗРО),
- инвалид,
- работник со најмалку 60% телесно оштетување и
- работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток.

Овие вработени имаат право на уште 3 работни дена годишен одмор, што значи дека минималната граница на годишниот одмор за нив изнесува 23, односно максималната 29 работни дена.

Се надевам дека ти бев од помош. :)
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
6.853
Поени од реакции
790
Сакам да купам куќа во градба (карабина) ама дворот се води на РМ.
Куќата е легализирана (1спрат) а вториот не е вселив па не го легализира. (мислам дека нема да биде проблем да го легализира кога ке излезе новиот закон)
Е сега дворот е на РМ, а сопственикот поднесе барање за приватизација во локална самоуправа (му кажале ке биде 1м2 за 1 евро). Документите се комплетни, ама помина скоро месец, а тешко дека и ке биде за брзо (од искуства од други)... Потоа оди кај правобранител па тешко се гледа крајот.

Дали можам јас да ја купам куќата и да го преземам барањето кое е веќе поднесено?
Има доста работа во неа, а не ми се чека толку време.
 
Не сум сигурен дали е точно, ама пред неколку години во општина ми беше речено дека не може да се презема барањето. Чекав да се заврши легализацијата (тераса), па потоа го продадов станот
 
Член од
29 јануари 2007
Мислења
147
Поени од реакции
20
Дали Со Договор за Подарок, може во иднина брат или сестра да бара нужен дел, до колку татко ми ми ја препише куќата со Договор за Подарок дали може брат ми утре да бара нужен дел? Ајде некој правник ако знае да ми одговори
 
Член од
3 март 2020
Мислења
1.579
Поени од реакции
3.159

Колку што знам јас може да бара, доколку не добил веќе наследство во вредност од 30% од твојот подарок. Така некако е, ама не сум правно лице :)
 
ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
7.584
Поени од реакции
18.535
Дали Со Договор за Подарок, може во иднина брат или сестра да бара нужен дел, до колку татко ми ми ја препише куќата со Договор за Подарок дали може брат ми утре да бара нужен дел? Ајде некој правник ако знае да ми одговори
Доколку има дадено Согласност заверена на нотар при солемнизирањето на Договорот за дар дека се согласува цела куќа татко ти да ја подари на тебе, тогаш не може да бара нужен дел.
Во спротивно, може да го спори Договорот за дар, да отидете на суд и судот да донесе пресуда во негова полза, односно тој договор да го поништи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom