Каде има да се најде табела или шема или некоја ранг листа со одредби, на кој работник колку точно му следуваат денови на годишен одмор според износот на работен стаз?
Нели 20 денови е минимумот на годишен одмор, но пример ми треба за некој кој има 25 години работно искуство колку му следува, а колку му следуваат слободни денови на некој со пример 37 години работно искуство?
Молам одговор.
Основните одредби за траењето на годишниот одмор се содржани во ченот 137 ставови 1 и 2 од ЗРО (Законот за работни односи). Според нив, работникот има право на платен годишен одмор од
најмалку 20 работни дена, со тоа што со
колективен договор или договор за вработување годишниот одмор може да се продолжи до
26 работни дена.
Во членот 138 од ЗРО, се нагласува дека траењето на годишниот одмор во секој одделен случај се определува според времето поминато во работен однос, условите за работа и други критериуми утврдени со колективниот договор. ОКД за приватниот сектор во членот 40 став 2 и ОКД за јавниот сектор во член 27 утврдуваат некои од основните критериуми според кои се определува траењето на годишниот одмор на работникот. Тоа се:
а) Вкупен работен стаж:
- до 5 години - 1 работен ден;
- од 5 до 10 години - 2 работни дена;
- од 10 до 15 години - 3 работни дена;
- од 15 до 20 години - 4 работни дена;
- од 20 до 25 години - 5 работни дена;
- над 25 години - 6 работни дена
б) Сложеност на работата според степенот на стручната подготовка:
- за високо стручна подготовка - 3 работни дена;
- за виша стручна подготовка или ВКВ - 2 работни дена;
- за средна стручна подготовка - 1 работен ден
Има и други критериуми како Условите за работа и одговорност, Тешка (хронична) здравствена состојба, Три или повеќе деца и така натаму.
Но, по сите можни критериуми, збирно, работникот има право на годишен одмор само до 26 работни дена. Доколку работникот го надминува максимумот по основ на критериумите во овој член има право на годишен одмор само до 26 работни дена.
ЗРО во членот 137 став 2 определил неколку групи на вработени на кои поради одредени причини им го зголемува трањето на годишниот одмор за
уште 3 работни дена. Тоа се:
- повозрасен работник (жени над 57 и мажи над 59 години - член 179 од ЗРО),
- инвалид,
- работник со најмалку 60% телесно оштетување и
- работник кој негува и чува дете со телесен или душевен недостаток.
Овие вработени имаат право на
уште 3 работни дена годишен одмор, што значи дека минималната граница на годишниот одмор за нив изнесува 23, односно максималната 29 работни дена.
Се надевам дека ти бев од помош.
