Правна помош и совети

Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Битна е изјавата во полициска станица, не може во полициска станица една изјава, кај обвинител друга, во суд трета изјава.
Одма има нешто сомнително, затоа во полициска станица не се дава изјава, туку се согласувам, кај јавен обвинител се дава изјава и во суд се потврдува истата.
Воопшто не е битна изјавата дадена во полициска станица, нити пак има некаква правна сила! И од каде тврдењето дека обвинетиот мора да ја потврди истата изјава во суд која што ја дал пред јавниот обвинител?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467

За да не си наштети сам на себе, не може еднаш обвинетиот да вели едно, во друг момент да вели спротивно, али зависи на која страна си дали на оштетениот или на обвинетиот, ако си на страна на оштетениот и тоа како внимаваш на изјавите на обвинетиот и на сведоците доколку има :)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Битна е изјавата во полициска станица, не може во полициска станица една изјава, кај обвинител друга, во суд трета изјава.
Одма има нешто сомнително, затоа во полициска станица не се дава изјава, туку се согласувам, кај јавен обвинител се дава изјава и во суд се потврдува истата.
Изјавата во полиција е битна само за полицаецот, за да изготви пријава. Да беше битна, немаше пак да се бара, туку ќе беше единствена. Обвинетиот најчесто ја негира таа изјава, бранејќи се дека ја дал под присила. Од друга страна, твоето советување обвинетиот да се брани со молчење, најчесто резултира со притвор на обвинетиот, што е логично. Ама, така има повеќе работа за тебе
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.817
Изјавата во полиција е битна само за полицаецот, за да изготви пријава. Да беше битна, немаше пак да се бара, туку ќе беше единствена. Обвинетиот најчесто ја негира таа изјава, бранејќи се дека ја дал под присила. Од друга страна, твоето советување обвинетиот да се брани со молчење, најчесто резултира со притвор на обвинетиот, што е логично. Ама, така има повеќе работа за тебе
Пред скоро на судење, сакав да се направам на „будала" и побарав од судијата да се прочита изјавата дадена во полиција и да се спореди со исказот кој го дава сведокот сега на рочиште, бидејќи се разликуваат. Категорично ми даде „по капа" дека не е таа од полиција битна пред судот, туку е битно тоа што се изнесува пред суд :D
Вредеше обидот, оти ми одеше во прилог, ама тоа е.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Изјавата во полиција е битна само за полицаецот, за да изготви пријава. Да беше битна, немаше пак да се бара, туку ќе беше единствена. Обвинетиот најчесто ја негира таа изјава, бранејќи се дека ја дал под присила. Од друга страна, твоето советување обвинетиот да се брани со молчење, најчесто резултира со притвор на обвинетиот, што е логично. Ама, така има повеќе работа за тебе
Јас сум трудољубив човек :D

Шала на страна, зависи од предметот, во некои предмети против некои обвинети се зема во предвид се' што е кажано било каде, а за некои не се зема ништо во предвид па макар и да признал кривично дело, остајте сите знаеме кај живееме, али да не должам со долги постови :)
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Јас сум трудољубив човек :D

Шала на страна, зависи од предметот, во некои предмети против некои обвинети се зема во предвид се' што е кажано било каде, а за некои не се зема ништо во предвид па макар и да признал кривично дело, остајте сите знаеме кај живееме, али да не должам со долги постови :)
Ти навистина си адвокат?
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.709
Поени од реакции
15.578
Затвореник од затворот во Штип подигнал кредит со податоци на друго лице

и што к*р ако МВР поднесе кривична ??? парите се земени !!!
Оштетениот треба да ја тужи РСМ и Народна Банка што воопшто дозволуваат ДАВАЊЕ кредити во КЕШ !!!... Само на Трансакциска од лицето што се земаат податоци и КОЈ што ќе го враќа кредитот !!!
Башка нели треба ЛИЧНА Карта за подигање пари, ТУКА МВР не спомнува фалсификување лична карта ???
А исто нели се бараа и платени сметки од комуналии ??
 
Последно уредено:
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.702
Поени од реакции
6.755
Сакаш да кажеш поима неам? :D :D :D

Ако навистина сакаш да дознаеш дали навистина сум или не сум прашај ме во порака. :D
Јас такво нешто не реков. До скоро, сите твои мислења беа коректни. Не ми е јасно зошто се заинати на крај, сакаќи нешто да докажеш. Впрочем, прочитај ги уште еднаш твоите неколку пораки. Затоа и тука ти пишувам
 
Член од
2 март 2016
Мислења
479
Поени од реакции
467
Јас такво нешто не реков. До скоро, сите твои мислења беа коректни. Не ми е јасно зошто се заинати на крај, сакаќи нешто да докажеш. Впрочем, прочитај ги уште еднаш твоите неколку пораки. Затоа и тука ти пишувам
Немав лоша намера извини, инаку и за понатаму ќе останам коректен. :)
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.514
Поени од реакции
34.557
Дали може примател на пензија да работи дополнително со договор на дело, и ако ДА дали има лимит до која сума месечно? (пензијата е стекната како семејна пензија по смртта на партнерот).
 
Сладоледџија

Ванила & Чоколадо
Член од
8 декември 2009
Мислења
14.458
Поени од реакции
11.914
Автоматски споено мислење:

Битна е изјавата во полициска станица, не може во полициска станица една изјава, кај обвинител друга, во суд трета изјава.
Одма има нешто сомнително, затоа во полициска станица не се дава изјава, туку се согласувам, кај јавен обвинител се дава изјава и во суд се потврдува истата.
druze, osomnicen/obvinet moze da dade milion razlicni izjavi i vo policija i vo OJO i vo sud.. apsolutno nebitna mu e izjavata negova ako ima dokazi protiv nego... od druga strana, svedok mora da vnimava so izjava vo sud, posto nego moze da go gonat za davanje lazna izjava..
 
Член од
27 декември 2008
Мислења
1.507
Поени од реакции
678
Ве молам за една информација што означува Даночен гарант и какви последици по неговиот имот тој може да има ,доколку некаде е поставено однсоно одговорено прашањето јас се извинувам но има премногу страници за да го најдам тоа.
 
X3m

Титула по желба
Член од
20 јуни 2007
Мислења
445
Поени од реакции
177
Ве молам за една информација што означува Даночен гарант и какви последици по неговиот имот тој може да има ,доколку некаде е поставено однсоно одговорено прашањето јас се извинувам но има премногу страници за да го најдам тоа.
Даночен гарант - Лице кое одговара за плаќање на даночен долг на даночниот обврзник во случај кога даночниот обврзник тој долг не го плати во рокот на пристигнување.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
1.137
Поени од реакции
163
Ај неколку прашања па кој знае и/или има искуство нека сподели...

Се смета ли за релевантен доказ скрин-шот од фејсбук разговор? Ќе се вештачи ли потоа телефонот/компјутерот?
Каде може да се жалиме за одлука донесена од апелација? Значи буквално е копија на првостепената одлука, сите точки по кои се приговара не се земени во предвид, а има огромни повреди на законот за кривична постапка, по два основи има и пребивање на рокови?
Ако покажам снимен разговор, кој се однесува на мене, конкретно убедувања а потоа закани, снимен со мој телефон, јавно необјавен, ќе ми се земе ли во предив?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom