Правна помош и совети

Член од
30 декември 2014
Мислења
105
Поени од реакции
71
Rokot e 3 meseci od pravosilnosta na postapkata. Pojdi vo prvostepen sud, neka stavat pravosilnost na presudata, na pecatot za pravosilnost ima datum. Od toj datum vo rok od 3 meseci imas pravo da povedes gragjanska postapka. Za podetalni informacii pisi mi vo inbox.
 
Член од
26 април 2021
Мислења
2
Поени од реакции
0

Почитуван, благодарам што се потрудивте да одговорите, јас мислам дека не ми дадовте точен одговор бидејќи според член 365 и 366 не е така, имам многу нејаснотии околу членовите како на пример дали самото судење се брои во прекин на застареност, зошто некои адвокати велат дека е три години откако е добиена правосилната пресуда? Исто имам нејаснотии околу тоа што веќе го прашав претходно, после која пресуда почнува правото на поднесување тужба за оштета, дали после пресудата на апелација или врховен? поздрав
 
Член од
30 септември 2015
Мислења
277
Поени од реакции
390

После пресудата на Апелација. Врховен постапува по правосилна пресуда по вонреден правен лек. Тебе ти е доволна Апелација и правосилност на основен суд. Внимавај на Општа застареност по ЗОО и посебна у рок од 3 месеци од правосилност на пресудата.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
353
Поени од реакции
262
Почитуван, благодарам што се потрудивте да одговорите, јас мислам дека не ми дадовте точен одговор бидејќи според член 365 и 366 не е така, имам многу нејаснотии околу членовите како на пример дали самото судење се брои во прекин на застареност, зошто некои адвокати велат дека е три години откако е добиена правосилната пресуда? Исто имам нејаснотии околу тоа што веќе го прашав претходно, после која пресуда почнува правото на поднесување тужба за оштета, дали после пресудата на апелација или врховен? поздрав
Една грешка кои ја прават сите е дека пресудата од кривичната постапка е предуслов за барање на надомест на штета во граѓанска постапка, значи кривична постапка и граѓанска постапка се две одделни, независни постапки уредени со одделни процесни закони, и материјални закони кои исклучиво се применуваат во едната тоест во другата постапка.
Конкретно надомест на штета може да се бара во рок од 3 години од денот кога оштетениот дознал за штетата и штетникот.
Некои кривични постапки траат со години и во тие години може да застари правото за надомест на штета, затоа истовремено (паралелно) се покренува и граѓанска постапка но со оглед дека во исто време се води и кривична истата може да се стави во мирување (ова од пракса) за да се почека исходот од кривичната постапка дали обвинетиот ќе биде прогласен за виновен или не, затоа што граѓанскиот суд само во тој случај е врзан со кривичната пресуда доколку му биде доставена, во спротивно не е исклучено во граѓанска постапка на штетникот да му биде утврдена вина, а да биде ослободен од вина како обвинет во кривична и обратно доколку на граѓанскиот суд не му биде доставена пресудата од кривичниот суд, не е едноставна проблематика, те советувам консултирај се со адвокат овде на форум не може да добиеш точна информација без притоа да се разгледаат списите од предметот. :)
 
Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
7.903
Поени од реакции
11.833

Ај вака едно мислење ме интересира, ако во кривична постапка оштетениот не пријави оштетно побарување и на крајот обвинетиот е осуден, дали може оштетениот да си поведе класична граѓанска постапка за надомест на штета, без разлика на тоа што не пријавил оштетно побарување во кривичната постапка?
 
Може, затоа што надомест на штета се регулира со материјален закон чија заштита се остварува првенствено во граѓанска постапка, се разбира во одредени случаи по исклучок може да се оствари и во кривична постапка но кривичниот суд не е задолжен да пружи цивилна заштита по однос на граѓанско материјално право туку скоро секогаш го упатува оштетениот своето право за надомест на штета да го оствари пред граѓански суд дури и кривичниот суд да не го упати оштетениот и дури да го ослободи обвинетиот од вина, тоа не значи дека оштетениот го губи правото за надомест на штета и истото може да го остварува во граѓанскиот суд, дотолку што штета може да се бара и да се докажува по повеќе основи.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.071
Поени од реакции
11.027
Прашање за Правници !!
Има ли правен Основ овој релативно нов ( од лани мислам) арамиски намет, што го измислија осигурителните компании, па сопствениците на возила кој се постари од 70 години плажаат +832мкд годишно ??? Во свет има да се плаќа поскапо, ама рент а кар, каско и слично, ако најмувачот е ризична категорија, ама овдека се работи за ЗАДИЛЖИТЕЛНО осигурување !!! Не се гледа дали сопственикот како возач има воопшто направено ШТЕТА... Не само тоа, НЕ се гледа дали сопственикот ВООПШТО има возачка и дали воопшто вози !!!
Башка имаме сопственици Инвалиди, кој не возат но увезле возило, а ги вози друг... што е ва=но колку години имаат тие како сопственици ??
Дали има чаре да се покрене против ова работа преку АвтоМото или до Уставен суд ??
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.435
Поени од реакции
15.398
Дечки ми треба мала консултација доколку некој претходно сте го имале овој проблем. Треба да префрлам на мое име во ЕВН броило за објект кој го имам добиено во оставинска постапка. Кога направив профил електронски на ЕВН видов дека освен последната сметка која треба да ја платам има неплатени фактури од 2004та и 2005та година со мали суми. Пријател ми кажа дека имал сретнато вакво нешто и дека ваквите фактури биле за радифузна такса, и веројатно не се плаќани во 2004та и 2005та година.
Дали може некако да проверам дали овој долг е застарен или има и камата и е сеуште активен?

Ако пробам да го плаќам електронски ми ја дава само сумата од сметката без камата. Но ако е застарен не гледам зошто би ги почастил ЕВН 50-60 евра :D

1620933072345.png 1620933090406.png
 
meazza

lo §ono in†eri§†a
Член од
30 јануари 2007
Мислења
6.812
Поени од реакции
756
Сакам да купам куќа (карабина) ама газдата иа проблем со документите.

Дворот е на РМ, некогаш бил на име татко му кој е починат.
Првиот спрат е на него и легализиран, а вториот не постои, не е легализиран.

Бил во општина не знам во која канцеларија за да го легализира дворот евро за 1м2, му рекле да спроведе остависка и да се врати да поднеси барање, ама во меѓувреме добил совет дека нема да има ефект осавинската бидејќи дворот е на РМ на не на родителот, и осавинската би била само за другиот имот и нема да му користи за легализирање на дворот.
Има начин? Да бара адвокат, да знам дали да чекам или да барам нешто друго.
 
Треба да среди прво со оставинската, па после како наследник на татко му да го откупи дворот, па тек на крај да легализира, ќе има да поминат неколку години додека да заврши се како што треба, мој совет до тебе не чекај барај друг имот со среден и чист имотен лист. :)
 
Да се направи договор или во купопродажниот да стои дека мора ја заврши постапката (доколку е сигурно дека може)?
И тоа откупувањето е по цена на комуналии ии 1 евро?
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
1.270
Поени од реакции
1.090
Да се направи договор или во купопродажниот да стои дека мора ја заврши постапката (доколку е сигурно дека може)?
И тоа откупувањето е по цена на комуналии ии 1 евро?
Ja uopste ne bi pomisluval na toa. Od koa ke napravus dogovor kukata ke bide tvoja i dodatno eden ton glavobolki ke si imas. Za on da ja zavrsi postapkata treba kukata da bide na negivo ime. Batali ja i baraj so cist imoten list ko sto te sovetuvaa, inace ke si ostanis bez pari i bez kuka.
So ogled na toa sho epten si zapnal za taa kuka izglea eftino ja dava ali namerno bidejki saka da zaebe nekoj.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
8.435
Поени од реакции
15.398
Сакам да купам куќа (карабина) ама газдата иа проблем со документите.

Дворот е на РМ, некогаш бил на име татко му кој е починат.
Првиот спрат е на него и легализиран, а вториот не постои, не е легализиран.

Бил во општина не знам во која канцеларија за да го легализира дворот евро за 1м2, му рекле да спроведе остависка и да се врати да поднеси барање, ама во меѓувреме добил совет дека нема да има ефект осавинската бидејќи дворот е на РМ на не на родителот, и осавинската би била само за другиот имот и нема да му користи за легализирање на дворот.
Има начин? Да бара адвокат, да знам дали да чекам или да барам нешто друго.
Дворот веројатно не бил никогаш на татко му, односно татко му во катастар фигурирал како корисник, а катастар ги избриша корисниците и сега е на РМ.
Со приватизација на земјиште (не сум во тек дали уште може да поднесеш барање за приватизација на земјиште по 1 евро за м2) би требало да може да се реши ама има замаранции и трошоци (елаборати, комунална такса, дневници во растрчување по врати). Ќе си прашаш во Општината или во локални геодетски фирми каква е приказната во моментов. Друга битна работа ти е дали ќе се преклопи со деталниот урбанистички план за таа локација и дали ќе може да го приватизираш целиот или дел ќе отпадне поради планирани улици и сл.

Горниот кат ако не постои е доградуван на диво (или после легализацијата на првиот кат), иста приказна, ако може да поднесеш барање за легализација ќе може да добиеш правен документ (пак трошоци за елаборати, дневници, замаранции и кон општината (1 евро по квадрат идеална ситуација, комплет комуналии полошата)).

Се на се:
  • една опција да се обврзи тој во купопродажен договор да си истурка приватизација на земјиште и легализација на вториот кат;
  • втора опција да му намалиш на цената драстично заради овие две работи и да те боли глава тебе со трчање по институции (јас за приватизација на дворот чекам повеќе од 4 години, деталниот си е ок, во општината си го ладат и ги заболе да го решат предметот, а сум човек од принцип и нема да фаќам врски и да давам мито за нешто што им е работа па и никогаш да не земам пусулче);
  • трета опција да си бараш чист објект;
П.С се ова е по основ дека во оставинска тој ќе добие комплет се што поседувал татко му, ако таму се вмешаат и други наследници бегај подалеку.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
353
Поени од реакции
262
Да се направи договор или во купопродажниот да стои дека мора ја заврши постапката (доколку е сигурно дека може)?
И тоа откупувањето е по цена на комуналии ии 1 евро?
Може со преддоговор за продажба, и таму да се наведат условите, ако успее да го приватизира земјиштето и легализира објектот тогаш да се пристапи кон склучување на главен договор, и сето тоа да биде во одреден временски рок, во спротивно преддоговорот отпаѓа.
Преддоговорот може да го заверите кај нотар само потписи, али јас те советувам ништо да не заверуваш туку нека биде тоа само приватна исправа, за да утре ти биде полесно тебе да се откажеш ако ти излезе нешто подобро, за да не ти бара утре продавачот надомест на штета доколку биде заверено на нотар, а пак од друга страна со еден преддоговор ќе го мотивираш да проба да ја заврши работата, али пак ќе ти кажам барај недвижнина со среден и чист имотен лист, сигурно си е сигурно.
Ако те интересира нешто дополнително пиши ми во порака.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
16.071
Поени од реакции
11.027
Да се направи договор или во купопродажниот да стои дека мора ја заврши постапката (доколку е сигурно дека може)?
И тоа откупувањето е по цена на комуналии ии 1 евро?
гадни работи, а и самите општини го комплицираат... еве слично нешто, станбена зграда 2004 изградена во Охрид, за време на урбаната мафија на ехех градоначалникот.....
Системот беше сруши куќа и дигни 3+1...арно, ама Инвеститор се пишуваше газдата на куќата, НЕ фирмата. ВО Нотарски договор стои дека му е платено да изврши ПРИВАТИЗАЦИЈА на земјиштето... тој НЕ направил приватизација, парите ги потрошил, подоцна и починал. Неговите наследници НЕ направиле оставинска. Сега землиште под зграда и околу зграда се води на бившиот газда, ама со право 0. Прашавме во општина дали може да му го одземат и самите станари да го купат од општината, т.е. да спроведат приватизација, не можело, да не имал наследници :facepalm: . Во Судот немаат податоци за оставинска по тоа Лице, ама на писмено не даваат.. И сега Никој не плаќа Данок, дворното место сее користи за паркирање кој стигне, општините молчат, а веројатно има многу такви случаи. Патем, во оваа скапаница од држава кој знае колку пати се национализирани градежните земјишта.... има луѓе поединечни сопственици на куќи,па по 2-3 пати го купуваат истото дворно место.
Еве и во Скопје, кај многу станбени згради се води земјиште под зграда и дворно место дека е на РМ...викнавме еднаш Нотар, се направи што треба, АМА општината матеше со Дупови...
бај тхе веј,на времето пред 20-на години, во Хрватска ја дотераа работата до УСТАВЕН СУД, а тој реши дека ПО ДЕФАУЛТ земјиштето ПОД ЗГРАДА да припаѓа на сопствениците на зградата, барем тоа го решија...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom