Правна помош и совети

G

Gjoksi

Гостин
има ли во оваа квази држава искусен правник или адвокат стручен околу примената на Законот за Домување ???
Пишав порано, согласно Законот се обидов пред 5-6 години да поднесам писмено Барање во Основен суд Скопје 2 , судот да ни одреди управител, така пишува во Законот ... Архивата на Судот НЕ САКАШЕ воопшто да го прими Барањето, ме праќа УСНО кај општински инспектор за Домување, а тој кажува треба да се добие Согласност од 51% станари...
Па ако има согласност од 51% станари сам ќе дојде Управителот...
Другарче, еве ти убаво објаснување околу изборот на начинот на управување со зграда:
Член 10 ставови (1) и (2) од Законот за домување гласат: „(1) Управувањето со станбените згради претставува следење и спроведување на одлуките донесени од собирот на сопствениците на посебните делови во зградата, застапување во правниот промет и во постапките пред надлежните органи со цел за функционирање, одржување и зачувување на заедничките делови на станбената зграда. (2) Работите на управување од ставот (1) на овој член може да ги врши управител или заедница на сопственици за што сопствениците на посебните делови се должни да донесат одлука со која ќе одлучат овие работи да ги врши управител или заедница на сопственици.“.
Член 18 став (1) од истиот Закон гласи: „Ако во станбена зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сопствениците на посебните делови можат да определат со станбената зграда да управува управител. Одлуката за определување на управител е донесена кога за неа гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови.“.
Член 54 став (1) од истиот Закон гласи: „Ако во станбена зграда има повеќе од двајца сопственици на посебни делови и повеќе од осум посебни делови, сопствениците на посебните делови можат да донесат одлука за формирање заедница на сопственици како правно лице за управување со станбената заграда. Одлуката е донесена кога за неа гласале повеќе од половина од сопствениците на посебните делови.“.
Член 18 став (3) од истиот Закон гласи: „Во станбените згради во кои не е определен управител ниту е регистрирана заедница на сопственици до определувањето на управител или регистрирање на заедница на сопственици, сопствениците на посебните делови се должни самите да обезбедат извршување на сите работи што според овој закон спаѓаат во делокругот на управувачките услуги.“.
Конечно, согласно одредени членови од истиот Закон, Судот е единствено надлежен:
- да го менува или дополнува планот за одржување на станбена зграда,
- да донеси одлука која го заменува договорот за заемни односи,
- да одлучува за работи што не се предмет на договорот за заемни односи,
- да донесе одлука за сосопственички удели,
- да донесе одлука за интервенција во стан,
- да донесе одлука за поправки и подобрувања во стан,
- и друго.
Судот нема надлежност да назначи Управител на станбената зграда.
Народски кажано, додека не назначите управител на зградата или не регистрирате заедница на сопственици, а за тоа е потребно да гласат повеќе од половина од сопствениците на становите и деловните простории во зградата или кажано во бројки 51%, сопствениците на становите и деловните простории во зградата, независно од тоа дали истите се издадени под закуп или не, сами ќе си ги вршат работите на управување на зградата, на пр. тековно одржување на зградата, разни преправки, поправки, инвестиции, интервенции и сл. Ако не можат да донесат одлука за одредени работи, тогаш Судот е надлежен да донесе долука наместо нив. Конечно, секоја интервенција или друга одлука во врска со станбената зграда си е посебно регулирана во Законот за домување, кој има околу 140 членови.
Се надевам дека ти помогнав, а се надевам дека ова објаснување ќе им помогне и на сите кои го имаат овој проблем во управувањето на станбените згради.
Поздрав.
Адвокат Ѓорѓи Павлов Кавадарци
 
Последно уредено:
Член од
17 јули 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво ми треба во законот за наследување. Кој има право на наследство со отварање на оставинска постапка на имот во овој случај брачни другари без потомство, прво починува жената па мажот. Од страната на мажот двајца браќа и една сестра (ова пред 17 години) во моментов само еден брат жив. Од пред 17 години сеуште не е спроведена оставинската постапка. Ме интересира дали наследува само живиот брат. Искуство некое дали имате
поздрав Благодарам
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
227
Поени од реакции
135
Dali lice koe e krivicno osudeno moze da bara brisenje na presudata I so toa prakticno da bide neosuduvano?
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
Dali lice koe e krivicno osudeno moze da bara brisenje na presudata I so toa prakticno da bide neosuduvano?
ако има законска можност за ваква глупост ни закони ни требаат ни некој да ги спроведува, подобро див запад да сме таму барем секој може да се брани.
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
227
Поени од реакции
135
ако има законска можност за ваква глупост ни закони ни требаат ни некој да ги спроведува, подобро див запад да сме таму барем секој може да се брани.
Imale:) za zal samo potrebno mi e advokat da mi kaze,doznav denes spored advokatot na nedopirlivion https://www.pravdiko.mk/rokovi-za-brishene-na-osudite-od-kaznenata-evidentsija/
 
Член од
3 март 2020
Мислења
2.413
Поени од реакции
5.062
Здраво ми треба во законот за наследување. Кој има право на наследство со отварање на оставинска постапка на имот во овој случај брачни другари без потомство, прво починува жената па мажот. Од страната на мажот двајца браќа и една сестра (ова пред 17 години) во моментов само еден брат жив. Од пред 17 години сеуште не е спроведена оставинската постапка. Ме интересира дали наследува само живиот брат. Искуство некое дали имате
поздрав Благодарам
Од искуство, ние во фамилија имавме сличен случај, но човекот не беше женет и немаше потомство. Наследници се неговите браќа и сестри, доколку се живи, а ако не се живи, нивните деца (ова беше мој случај). Значи, двајца браќа и една сестра, имотот се дели на три еднакви дела, ако сестрата не е жива, нејзините деца ја добиваат таа третина, итн.
Во случај на брачен пар, претпоставувам дека и од страна на жената може да се појават законски наследници.

Плус, ќе мора да ангажирате адвокат, нас нè советуваа еден адвокат за сите засегнати, така и направивме
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
Imale:) za zal samo potrebno mi e advokat da mi kaze,doznav denes spored advokatot na nedopirlivion https://www.pravdiko.mk/rokovi-za-brishene-na-osudite-od-kaznenata-evidentsija/

ненормална работа,

ако се бара документ за неосудуваност а лицето било осудено како може да му се издаде документ дека не е било осудувано,

ај да се пише бил осуден пред 5-10 год за тоа и тоа дело но никогаш не го повдорил делото ќе разберам ама ова по неколку години да му се брише од евиденција како никогаш да не го направил е во најмала рака срамота и брука, колку и да е законски.

ова е бетер од онаа бугарскана "тазе дупка не е дупка" брука.
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Здраво ми треба во законот за наследување. Кој има право на наследство со отварање на оставинска постапка на имот во овој случај брачни другари без потомство, прво починува жената па мажот. Од страната на мажот двајца браќа и една сестра (ова пред 17 години) во моментов само еден брат жив. Од пред 17 години сеуште не е спроведена оставинската постапка. Ме интересира дали наследува само живиот брат. Искуство некое дали имате
поздрав Благодарам
Од ова што го имаш пишано, ако добро имам сфатено, би требало и потомците на починатиот брат и сестрата да се јават како наследници преку правото на претставување, со тоа што нормално би наследиле помали делови од живиот брат. Е сега, тоа што има поминато 17 години, а никогаш не била спроведена оставинска постапка по смртта на жената, ја комплицира работата, и затоа не сум 100% сигурен во горново.

ненормална работа,

ако се бара документ за неосудуваност а лицето било осудено како може да му се издаде документ дека не е било осудувано,

ај да се пише бил осуден пред 5-10 год за тоа и тоа дело но никогаш не го повдорил делото ќе разберам ама ова по неколку години да му се брише од евиденција како никогаш да не го направил е во најмала рака срамота и брука, колку и да е законски.

ова е бетер од онаа бугарскана "тазе дупка не е дупка" брука.
Убаво си пишува и во статијата дека ова е рехабилитација.
Идејата позади ова е дека после издржувањето на казната (да речеме) и протокот на одреден временски период, лицето ја има сфатено негативноста од неговото постапување, знае дека таквото однесување е недозволено и казниво и по протокот на тој период е целосно реинтегриран во општеството и затоа нема потреба да биде цел живот жигосан.

Ова твоево е „еднаш криминалец, секогаш криминалец“...
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
еден глуп пр имам 20 год. убивам некој лежам 6-7 год. затвор и на 35-40год. ми издаваат потврда дека не сум осудуван така, е така е ама не е така убиец ќе сум цел живот и мора да бидам жигосан затоа што таа фамилија останала засекогаш без човек.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.818
еден глуп пр имам 20 год. убивам некој лежам 6-7 год. затвор и на 35-40год. ми издаваат потврда дека не сум осудуван така, е така е ама не е така убиец ќе сум цел живот и мора да бидам жигосан затоа што таа фамилија останала засекогаш без човек.
Сличен пример: те фатиле на 16 години како си украл сладолед. Цел живот ли ќе бидеш криминалец?
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
227
Поени од реакции
135
Imam I jas primer,samo izgleda ste premladi,nekoj ludak brat mu sto e dzandar ti ja Siluva 12 godisna kerka se smee na sudenje celo vreme.Go osuduvaat na 10 godini po 3 I pol godini e pusten.A potoa bara I da mu se izbrise.Welcome to our country
 

Bojan Van Buuren

Колектор
Член од
11 април 2008
Мислења
8.394
Поени од реакции
12.058
Не знам зошто се фативте за индивидуални предмети, ако одиме по оваа логика, зошто се работи за субјективно чувство на жртвата, дури и да се работи за најмала кражба, тоа е најголемиот криминал за жртвата.
Општествената идеја позади рехабилитацијата ја кажав, така што доколку ресоцијализацијата е целосно реализирана, ако лицето ја одлежало казната/платило паричната казна, сфатило дека тоа што го сторило е лошо, дека е казниво и дека не треба да се повтори, да, треба да му биде избришана казната од евиденцијата за да може и целосно да се реинтегрира во нормалното општествено живеење.

У целиов процес, најмал проблем е самото бришење на казната од евиденција, многу поголем проблем е третманот во затвор да речеме и колку тоа се посветува внимание на затворениците или колку се работи со нив, за после затворот да може да ги сфатат овие работи што ги пишав погоре.
 

ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
628
Поени од реакции
618
Здраво ми треба во законот за наследување. Кој има право на наследство со отварање на оставинска постапка на имот во овој случај брачни другари без потомство, прво починува жената па мажот. Од страната на мажот двајца браќа и една сестра (ова пред 17 години) во моментов само еден брат жив. Од пред 17 години сеуште не е спроведена оставинската постапка. Ме интересира дали наследува само живиот брат. Искуство некое дали имате
поздрав Благодарам
По текстов, имотот на починатиот маж треба да се подели на 3 дела (без оглед што еден брат и сестра се починати). Право на наследување имаат децата на починатите.
Можат и да се откажат од правото на наследување или можат својот дел да го поклонат на друг (пример на живиот брат)
 
Член од
7 јуни 2014
Мислења
1.055
Поени од реакции
1.177
Не знам зошто се фативте за индивидуални предмети, ако одиме по оваа логика, зошто се работи за субјективно чувство на жртвата, дури и да се работи за најмала кражба, тоа е најголемиот криминал за жртвата.
Општествената идеја позади рехабилитацијата ја кажав, така што доколку ресоцијализацијата е целосно реализирана, ако лицето ја одлежало казната/платило паричната казна, сфатило дека тоа што го сторило е лошо, дека е казниво и дека не треба да се повтори, да, треба да му биде избришана казната од евиденцијата за да може и целосно да се реинтегрира во нормалното општествено живеење.

У целиов процес, најмал проблем е самото бришење на казната од евиденција, многу поголем проблем е третманот во затвор да речеме и колку тоа се посветува внимание на затворениците или колку се работи со нив, за после затворот да може да ги сфатат овие работи што ги пишав погоре.
самото име си кажува "потврда дека не си бил осудуван или не се води постапка против тебе во моментот"

и како ќе издаде органот потврда дека не е некој осудуван кога бил и суден и осуден?

пишав и погоре и пак ќе пишам: украл тоа и тоа тогаш, убил некој кога бил тинејџери, силувал пред 10-15 год...и никогаш повеќе е многу по фер а не вака како што е сега законсково решение, бруки☹
 
Член од
21 јули 2010
Мислења
227
Поени од реакции
135
Ne e za individualni slucai, vo Amerika Avstralija Nov Zeland ima registar na pedofili so ulica I broj koj sto dokolku se preselat vednas treba da ja navedat novata adresa.Kaj nas ostaj sto ja zatvorija web stranicata so istite,duri I eden od niv podnese za brisenje I momentalno e vo EU zemja.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom