Правна помош и совети

chef_cook

milf's hunter
Член од
25 октомври 2011
Мислења
1.402
Поени од реакции
3.626
Какви документи се потребни,за странец за добивање на Македонско државјанство,ако не живееме во Македонија.
Сајтот на МНР не им работи,а од амбасада тој што ми се јави,на телефон незнаеше два збора да сврзе на Маледонски.Фала
 
Член од
25 ноември 2013
Мислења
848
Поени од реакции
548
Ne znam dali e bas za tuka prasanjevo ali ne najdov soodvetna tema. Dali dolg od roditel/i se prefrla na decata? Znam deka od eden sopruznik se prefrla na drug ali ne sum siguren dali avtomatski se prefrla na decata.
 
Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.129
Поени од реакции
18.071

Ако децата во оставинското решение се прогласени за наследници на родителот, во тој случај да, долгот се префрла врз децата.
Долгот на родителот се префрла врз нив како наследници, но во висина на вредноста од наследениот дел.
На пример, ако родителот должел некому 100 илјади денари, а вредноста наследениот имот што го наследиле децата не ја надминуваа таа сума и е проценет на сума од 70 илјади денари.
Во тој случај наследниците одговараат со својот наследен имот за вкупна сума од 70 илјади денари, за останатите 30 илјади не може доверителите да бараат наплата од наследниците.
Автоматски споено мислење:

Fala mnofu. Sto dokolku nema ostaven imot. Primer roditelite go prefrlat imotot porano i decata nema sto da nasledat. Dali vo ovoj slucaj se nasleduva dolg?
 
Tomasino

Semper etiam ubique superiores
Член од
19 март 2009
Мислења
9.129
Поени од реакции
18.071
Fala mnofu. Sto dokolku nema ostaven imot. Primer roditelite go prefrlat imotot porano i decata nema sto da nasledat. Dali vo ovoj slucaj se nasleduva dolg?
Секој одговара за своите обврски, правата и обврските се врзани за личност.
Не може децата ако не се наследници и не наследиле ништо да бидат одговорни за долговите што ги оставиле родителите.
Ако нема наследен имот нема ни одговорност за долг.
 
Член од
4 март 2011
Мислења
587
Поени од реакции
423
Здраво. Може ли некој да ме упати каде да се обратам која постапка и слично за да ги тужам тутунска за претрпен стрес и животна опасност затоа што бев жртва за време на грабежот вчера во населба хром?
Kaко беше жртва, тебе ли непосредно те ограбија? :eek:
НЛБ не можеш да ги тужиш, ќе треба да ги тужиш разбојниците, а зошто они сега се непознати, фактички сеа за сеа не можеш да тужиш.
Консултирај се со адвокат, не знам дали можеш кога ќе те викнат во обвинителство да дадеш изјава како сведок, дали тогаш можеш да пријавиш оштетно побарување или понатаму во кривичната постапка.

Sent from my SM-G965F using Tapatalk
Обрати се кај адвокат! Секако дека и ти си бил жртва, не постои такво нешто како "непосредна жртва" во правото.
И секако дека можеш да ја тужиш и банката доколку критичниот настан се случил во просториите на банката. Мој совет е да ги опфатиш со тужбата за надомест на нематеријална штета и банката и сторителите солидарно. А ако не се откријат сторителите можеш да ја тужиш и само банката, па банката потоа има можност да поднесе регресна тужба против сторителите.
 
ahil

м-р
Член од
11 јули 2005
Мислења
451
Поени од реакции
367
Имам едно прашање до подобро упатените правници:
Како самостоен вршител на дејност (пр. Нотар), може да наплати побарување после пензионирање. При тужба, тужениот приговара на немање активна легитимација, зошто не постои тужителот како субјект. Самостоен вршител на дејност не е трговско друштво да се повикаш на член за наследување на правата и обврските од ЗТД. ???
 
Член од
22 февруари 2008
Мислења
376
Поени од реакции
15
Почитувани правници, имам неколку прашања до вас:

Случај: татко ми е 70 години, но нема пензија. Неколку години плаќал земјоделско осигурување, а потоа беше вработен неколку години во продавница. И од двете места нема 15 години. Кога законски требаше да оди во пензија, требше да се доплати 300 000 денари за да оствари право на пензија (пари кои ни тогаш ни сега ги имаме).

Во тоа време и мајка ми отиде во пензија (минимална) која тогаш беше околу 7500 денари. Разбрав дека имало некој закон според кој, ако двајца брачни другари заедно не остваруваат некој (според закон) приход (мислам дека беше 10 000 или 10 500 денари), тогаш на едниот брачен другар требало да му се даде некој социјален додаток за да се добие таа сума од 10 000+.

Бев во управата за социјални работи и го изнесов случајот на моите родите и одговорот на еден од раководителите таму беше:
*татко ти има имот (ниви+куќа)
Му одговорив дека може да ми ги даде мене или на БИЛО кој... Одговорот беше дека тој што ќе го добие имотот треба да се грижи за нив (смешно)
А што ако татко ми ги продаде нивите...? Одговорот беше дека во времето кога тој стапил во пензија имотот бил на негово име и работата била завршена...

Моите прашања се следниве:
1. како НАВИСТИНА гласи законот?
2. Има ли шанси татко ми да добие некоја социјална помош и како? (Мајка ми сеуште ја има минималната пензија 9700 денари)

Ви благодарам
 
Член од
10 декември 2012
Мислења
14
Поени од реакции
1
Почитувани
Дали сте запознаени со тоа дали може да се бара оштета и кому,поради поминување на телефонски жици/далеководи
над вашиот плац,нива..(градежно земјиште у секој случај). ?
 
Може, контактирајте со адвокат, ќе биде потребно да се изврши вештачење за тоа каква и од колкав обем предизвикуваат штета жиците од далекуводот, а тужбата ќе биде вперена спрема оној кој ги поставил тука
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
699
Поени од реакции
1.770
Ме интересира што доколку вработен од една фирма не го почитува отказниот рок од еден месец ?

Што ако во една фирма вработен кој има заосновано редовен работен однос на неопределено работно време дојде и каже од утре не доаѓам на работа?

Кои се реперкусиите за работникот ?
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
601
Поени од реакции
776
Какви документи се потребни,за странец за добивање на Македонско државјанство,ако не живееме во Македонија.
Сајтот на МНР не им работи,а од амбасада тој што ми се јави,на телефон незнаеше два збора да сврзе на Маледонски.Фала
Мораш да имаш основа на која ќе барате државјанство, ама без престој во Мк не сум упатен дали воопшто може!
 
Член од
24 февруари 2013
Мислења
433
Поени од реакции
248
сите услови ги исполнуввме
Државјанството на Република Македонија се стекнува со:
1) потекло,
2) раѓање на територијата на Република Македонија,
3) природување и
4) меѓународни договори.
Тоа се 4те услови за стекнување на државјанство. Секој услов си има свои, како да кажам, подуслови, односно подточки. За поконкретно види во Законот за државјанството на РМ, таму е регулирана таа материја. Или пак уште подобро, ако не сакаш да се замараш со закони, правилници, документи, постапки, папири и сл., тогаш паричникот во џеб и правец кај адвокат.
 
Претпоставувам дека сопругата му е русинка, а тој е македонец кој работи во Русија, па сака за нејзе да земе Мк пасош за полесно патување!
 
На врв Bottom