Правна помош и совети

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
Првата потврда ја вадите од Централен регистар, а втората од судот.
Можеш да ги извадиш двете потврди лично или преку адвокат.
Потврдите ги вадиш од одделението на Централен регистар, и судот според вашето запишано живеалиште во лична карта, на пример ако според лична карта живеете во Куманово, тогаш во одделението на Централен регистар во Куманово, и во Основен суд Куманово може да ги извадите потврдите.
Ви благодарам за брзиот одговор, онлајн нема можност да се нарачаат овие потврди како што може пример извод?
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Ви благодарам за брзиот одговор, онлајн нема можност да се нарачаат овие потврди како што може пример извод?
Онлајн може само потврдата од Централен регистар преку овластен регистрационен агент, но пак треба да го овластите со полномошно регистрационениот агент.
Од судот не може оналајн да се извади.
Најдобро е лично да ги извадите или да овластите адвокат од вашиот град за да ги извади потврдите.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.699
Поени од реакции
27.626
Аман не си персирајте.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Ви благодарам за брзиот одговор, онлајн нема можност да се нарачаат овие потврди како што може пример извод?
За да нема забуна на информации видов во друга тема е одговорено дека двете потврди се вадат во судот, што е точно, се мисли за потврдата за казнена евиденција, како што напишав таа можеш да ја извадиш директно и од Централен регистар односно потврда дека немаш забрана за вршење професија, дејност, или должност.
Ова е така затоа што системот е поврзан меѓу институциите и заради различни потреби да можеш да извадиш потврда од две различни институции, да не биде само од една единствена институција.
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.630
Поени од реакции
34.884
За да нема забуна на информации видов во друга тема е одговорено дека двете потврди се вадат во судот, што е точно, се мисли за потврдата за казнена евиденција, како што напишав таа можеш да ја извадиш директно и од Централен регистар односно потврда дека немаш забрана за вршење професија, дејност, или должност.
Ова е така затоа што системот е поврзан меѓу институциите и заради различни потреби да можеш да извадиш потврда од две различни институции, да не биде само од една единствена институција.
Касно видов, веќе го имав вчера извадено од Централен регистар, сега ќе треба пак од суд.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
За виза ми треба, дали е меѓународно признаена?
Ако ти треба за странство тогаш најдобро прашај во амбасадата дали прифаќаат така, или ќе треба судски превод заверен на нотар, плус претходно апостил во судот да ти стават на оригинал потврдата од Централен регистар, само таму кај што ќе поднесуваш ќе ти кажат што точно бараат.
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Првата потврда ја вадите од Централен регистар, а втората од судот.
Можете да ги извадите двете потврди лично или преку адвокат.
Потврдите ги вадите од одделението на Централен регистар, и судот според вашето запишано живеалиште во лична карта, на пример ако според лична карта живеете во Куманово, тогаш во одделението на Централен регистар во Куманово, и во Основен суд Куманово може да ги извадите потврдите.
Ништо од ова не е точно, чисто да си знаете.
Во Централен ми кажаа дека кај нив се вадела само прекршочна, а не казнена. Двете во суд.
Башка што се вадат од судот на местото на раѓање, а не на местото на живеење. Кај мене се различни, ме натераа да вадам од место на раѓање.
 
Член од
2 март 2016
Мислења
481
Поени од реакции
468
Ништо од ова не е точно, чисто да си знаете.
Во Централен ми кажаа дека кај нив се вадела само прекршочна, а не казнена. Двете во суд.
Башка што се вадат од судот на местото на раѓање, а не на местото на живеење. Кај мене се различни, ме натераа да вадам од место на раѓање.
Напротив точно е, четвртиот пост од странава објаснив, но сепак не велам дека не си во право, затоа што низ Македонија има различна практика, инаку, системот е поврзан секаде во секоја институција, на пример за деловна способност потврда можеш да извадиш и во Центарот за социјална работа, или во граѓански суд на шалтер. :)
 
Член од
14 октомври 2010
Мислења
5.122
Поени од реакции
15.937
Напротив точно е, четвртиот пост од странава објаснив, но сепак не велам дека не си во право, затоа што низ Македонија има различна практика, инаку, системот е поврзан секаде во секоја институција, на пример за деловна способност потврда можеш да извадиш и во Центарот за социјална работа, или во граѓански суд на шалтер. :)
Па добро, али мене не ми треба за деловна способност.
И исто мислев дека ќе извадам од судот кајшто живеам, али ете, излезе дека не бивало, што не е едноставна работа кога излегува дека ќе чекаш цела недела за нешто што може да се искуца за 5 минути.
 
Член од
4 мај 2014
Мислења
322
Поени од реакции
35
Преку инспекторот за труд и социјална политика барав да ми се исплате плата и к-15 за 2018-2019 година за во фирмата која што работев, газдата ми пушти 1000денари на сметката ме бараше да потпишам спогодба дека се согласувам на 1000денари но јас не потпишав, и сега што да очекувам? к-15 ке има? за газдата ке има казна? ( колку е минималната?) ако нема к-15 каде можам да се жалам?
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Преку инспекторот за труд и социјална политика барав да ми се исплате плата и к-15 за 2018-2019 година за во фирмата која што работев, газдата ми пушти 1000денари на сметката ме бараше да потпишам спогодба дека се согласувам на 1000денари но јас не потпишав, и сега што да очекувам? к-15 ке има? за газдата ке има казна? ( колку е минималната?) ако нема к-15 каде можам да се жалам?
Поднеси писмен допис до газдата со барање да ти исплати К-15 за тие години.
Нека биде во вид на опомена пред тужба.
Или најдобро побарај некој адвокат нека ти ја состави опомената.
Ако нема ефект, ќе мора со туѓба пред надлежен суд.
Адвокатот нека поднесе поднесе барање до вешто лице, од областа на сметководствено и финансово работење, па потоа тоа ќе се обрати до газдата да му дозволи увид во книговодствената и сметководствена евиденција на фирмата за да се изготви вештачење, во однос на тоа дали ти бил исплатен регрес, доколку бил во која висина и колку изнесува сумата за К-15 за тие години.
Доколку газдата од било која причина одбие да го дозволи увидот тогаш адвокатот во тужбата ќе наведе дека не бил дозволен увидот во сметководствената евиденција на тужениот и ќе побара од судот да го задолжи газдата да го дозволи увидот и да се направи вештачењето.
Добиен предмет на суд.
Единствено треба да е исполнет условот од непрекината работа кај ист газда најмалку 6 месеци во тековната година.
 
Член од
6 февруари 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Zdravo edno prasanje za Firma ko ja nema nikakvi ama bukvalno nikakvi aktivnosti a ne e podnesena zavrsna smetka stigma kazna, e sea prasanjeto e dali pravno moze da se izbori nesto za da ne de platinkazna posto de e na nula pozzz
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.058
Поени од реакции
11.027
Дали имаат право инспектори за наркотици да те приведат онака од нигде никаде? Значи седиш некаде на позатскриено место во кола со другар, си вртат тие со службеното возило, ти идат на прозор со значката, и после рутинското земање на податоци да те поведат со тебе на испрашување и давање мокрача итн?
Значи без ништо сомнително, без досие и без најдување на некаква супстанца во тебе.
Онака чисто на среќа, ако убодат нешто со мокрачата,арно, на тепка.

Без разлика што си чист, масажата е не потребна. Да бидеш третиран како криминалец оти нив така им прднало.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom