Правна помош и совети

Член од
24 јули 2008
Мислења
658
Поени од реакции
134
Се работи за еден другар. Тој е примател на социјална помош. Пред некој месец во кафе му се падна телевизор. Овие од кафево му пријавиле приход од 15 000 денари колку што наводно чини телевизорот а тој не знаел за тоа. Сега му кажале во УЈП дека мора да поднеси пријава за тој приход а откако ќе го направи тоа, ќе му ја прекинат социјалната помош. Дали е ова точно? Дали по закон телевизорот мора да се пријави како паричен износ? И тој да биди пријавен како приход? И дали социјалната помош навистина се прекинува во тој случај? Дали можеби има лимит до колку пари месечно можеш да добиваш без да ти ја прекинат социјалната помош?
Ако е така, тогаш социјалциве ни кафе не треба да купуваат...... барем не со награди :confused:
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
3.204
Поени од реакции
1.514

Ако му го забележале како приход мислам дека сигурно ќе му ја укинат,
но добрата работа е што ако било пред некој месец, значи 2016, а пријавите до УЈП се доставуваат до март, а извештај со новите примања ми се чини излегува април-мај,
ако ги обновува документите со примања од 2015 нека поднесе документи, а следната година ИЧ да не поднесува нови, во спротивно ако поднесе сигурно ќе му ја укинат, а можеби и ќе бараат да ги врати парите (не сум сигурен за ова оти не е ист случајот),
пр. на една пријателка, маж и зема пензија ноември месец, а она поднесе нови документи околу март, убаво и објаснивме дека нема шанси да и продолжат кога ваму ќе поднесе документ дека маж и зема пензија (значи не е невработен), ама оваа лакома, поднесе документи и место да и продолжат и стаса решение да ги врати сите пари од ноември до март.
 
Член од
24 јули 2008
Мислења
658
Поени од реакции
134
Значи целиот проблем настана заради тоа што телевизорот бил пријавен како приход. Дали тоа е единствен начин или можело и поинаку да биди пријавен?
 
Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
3.204
Поени од реакции
1.514
Значи целиот проблем настана заради тоа што телевизорот бил пријавен како приход. Дали тоа е единствен начин или можело и поинаку да биди пријавен?
На тоа би можел да ти одговори само некој од УЈП, но не верувсм дека има некој што знае и таму.

Во денешно време се живо ти сметаат за приход, да отидеш да продадеш скапано шпоре во старо железо ти го рачунаат за прихот, овие квизовите што се, исто плаќаат данок, за Лила знам, за кај Вучиќ незнам како им е регулирано,
така и оние од кафето веројатно да ги оправдаат парите каде се потрошени имаат забележано дека дале некоја вредност од 15 илјади, а оние од УЈП ги заболе дали е награда и дали ќе му смета на пријателот.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
671
Поени од реакции
137
Каде можам да пријавам дека на вработениот му се укинати придонесите, односно повеќе не му се исплаќаат, а тој оди на работа сеуште?
 
Член од
6 април 2015
Мислења
387
Поени од реакции
126
Вака ... Како што пишав во друга тема дека без да знам сум дадена на извршител , но моментално не сум во мк , и мајка ми ги проверила картичките на банкомат ( во нив имам нешто минимално парчки) и не ми биле ниту одземени ниту блокирана сметката.... Како оди понатака со процедурата за блокирање на сметката? И дали доколку би сакала да подигнам кредит на свое ( комплицирано е да објаснувам во детали ) би ми правело тоа проблем ? На која листа на должници би ме имало ?
Многу прашања , уште ништо не ми е јасно како функционираа таа да ја наречам држава ...
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.479
Не се разбирам нешто многу во правниве работа, па мислам дека прашањево е за тука. Ми стигна писмо од претходното работно место во кое се напишани остварените приходи од бруто плата, придонеси од плата, даночно ослободување, персонален данок од плата и нето плата. Под тоа пишува дека потврдата е издадена за да послужи во целите на УЈП. Дали со оваа потврда/писмо треба да отидам во УЈП да пријавам и нешто треба данок да платам или ништо не треба да се прави, пратено е чисто ради реда?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.171
Поени од реакции
3.729

Само ако си имал дополнителни приходи покрај платата. Во образецот се наведуваат и се прилага известувањето кое си го добил
 
Член од
27 октомври 2015
Мислења
244
Поени од реакции
54
дали дополнителни приходи се пари добиени од ангажман на изборно место и пари добиени од оставина!?
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.479
Само ако си имал дополнителни приходи покрај платата. Во образецот се наведуваат и се прилага известувањето кое си го добил
Не сум земал никакви дополнителни приходи. Имам само потпишано договори за плата и единствено бакшиш што сум земал кој се дели на сите вработени, ама тоа биле некои мали пари и истите ни се пријавуваат, ни ништо. Дали доволно е само да се однесе потврдата во УЈП или не ни мора?
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.171
Поени од реакции
3.729
Не сум земал никакви дополнителни приходи. Имам само потпишано договори за плата и единствено бакшиш што сум земал кој се дели на сите вработени, ама тоа биле некои мали пари и истите ни се пријавуваат, ни ништо. Дали доволно е само да се однесе потврдата во УЈП или не ни мора?
Ako nemas dopolnitelni trosoci na smetka (baksisot ne se racuna) nema potreba da odis vo UJP

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
31.900
Поени од реакции
36.479
Ako nemas dopolnitelni trosoci na smetka (baksisot ne se racuna) nema potreba da odis vo UJP

Sent from my SM-A510F using Tapatalk
Бев во УЈП и ми рекоа чим не сум добил дополнителни други примања немало никаква потреба од ништо дополнително, тогаш ништо не сум требал да правам.
 
Indigo

баниран/а
Член од
8 септември 2012
Мислења
763
Поени од реакции
414
Нотар од охрид/струга што ќе ми напише купопродажен договор за автомобил во недела (05.02.2017) ќе биде награден со 30 евра. Ако познавате некој таков ве молам известете ме.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom