Правилник за подфорум „Религија“

Статус
Затворена за нови мислења.
D

Daedalus

Гостин
Поради расправии од различен карактер на форумов кој воедно е еден од „пожустрите“ и во кој припадници на различни религии, атеисти и други групи дебатираат и се препукувааат, решив да ја отворам темава која воедно би требало да ја прочитате, за да се добие општа претстава што треба да биде форумов.
Луѓе кои доаѓаат тука, може да доаѓаат од различни причини, започнувајќи од љубопитност и потреба да научат нешто повеќе за специфична религија/верување и слично, до тоа да сакаат да дебатираат со луѓе од друга религија или со атеисти. За да се направи јасна дистинкција помеѓу поривите на членовите и да се задоволи сечија потреба, постојат повеќе теми кои за жал се погрешно сфатени и злоупотребени од одредени членови, а поентата на истите се губи.

Темите „Прашања до...“, се специјално дизајнирани за луѓе кои се љубопитни и сакаат да знаат повеќе за одредена религија/верување. Истите не се наменети за поставување на „прашања“ кои се дизајнирани за расправии и најчесто преминуваат во истото. Темите не се направени за на нив да се препукувате, да пуштате слики со трол материјал и други ствари. Тие теми се само и само за луѓе кои се љубопитни, сакаат да знаат одредени работи за религијата и воедно дури и ако сакаат да постават прашање кое на некој начин може да ја прикаже контрадикторноста во рамките на религијата, треба да го постават, да добијат соодветен одговор од припадниците на истата, а потоа да постават чат пат уште некое прашање со нејасни работи и тука да заврши се'. Нит развивање на дискусија нит бутур.

Темите кои се во стилот на „Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања“, „Креационизам вс еволуција“ итн. се токму тие теми на кои членовите со спротиставени ставови можат да дебатираат и да се исправаат криви дрини за тоа што е правилно, а што не е.

Ако сакаш да дебатираш за валидноста на одредена религија, ги имаш тие теми. Ако си љубопитен за одредени аспекти од религијата и сакаш да поставиш прашање, ги имаш „Прашања до...“.
Држете се до тоа ако сакате да го одржувате квалитетот на форумов.

апдејтнато на 15. 01. 2015
Да напоменам нешто важно. Кога постирате вести на темата „Верски Вести“, постирајте ја само веста, не се толерираат лични коментари за веста и кое е значењето кое го има истата од повеќе причини. Ако сите коментирааат, неминовно постои шанса да дојде до дебата, расправии и злоупотреба на тоа со постови у стилот на 10000 збора коментар и линк до новоста со 2 реченици поврзани со новоста.
Така да, само новост постирајте, препишете ја и по можност преведете ја на македонски ако сте ја препишале од одреден портал кој не е македонски јазик.

апдејтнато на 15. 04. 2015

Исто така, на темата „Верски Вести“, не се толерираат „новости“ без наведен извор на инфо и не се толерираат „новости“ коишто не се некако поврзани со религијата самите по себе како настани.
Значи, ако некој педофил силува дете во Долно Родудагдхше и некој го толкува тоа како „доказ дека човекот е опседнат со демони и потребен е егзорцизам или дека тој е новиот Антихрист, доказ за доаѓањето на Судниот Ден“, а потоа го пише тој свој став како интерпретација на новоста на „Верски Вести“, не зборуваме за верска вест.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.920
дополнeто на 30. 12. 2015
На темата „Верски Вести“, нема да се толерираат коментари и “суви“ линкови, без цитати од истиот. Веќе нема толеранција за “негативни“ вести од типот... христијани срушиле џамија или муслимани извршиле масакр..... и тн.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom