Правила на композиција

Член од
4 јули 2008
Мислења
14
Поени од реакции
3
Бидејќи моето искуство од фотографирање е сиромашно и она што би го кажал би било цитирање на други најдобро е да си прочитате сами, со други зборови ви ја препорачувам книгата Bryan Peterson - Learn To See Creatively.
 

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
А да се обноват сликите од Мистичен? Вака ги немаме примерите и не се сваќа баш најдобро.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
15.698
Поени од реакции
8.125
дајте сликите средете ги ова вака се супер ама сликата ја нема
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Што е композиција? За да одговориме на ова, треба прво да се запознаеме со плановите (или кадри). Кога се фотографира, се фотографира според план, а плановите се точно дефинирани во фотографијата (и во филмската индустрија) и од кои нема отстапки. Какви планови постојат?

- тотал (максимално широк агол на објективот). На пример, ако влезете во театар, се што гледа вашиот објектив (сите елементи на композицијата) кој е максимално собран и со најширок агол би било тотал.

- укроен тотал - ако го стесниме аголот на објективот (или народски кажано пукнеме со зум) на пример до бината (како предмет на интерес во композицијата), тогаш имаме укроен тотал.

- фигура би било кога едниот од актерите би го фатиле од пета до глава.

- америкен - интересното кај овој план е што почнал да се практикува во времето на вестерн филмовите поради проблемот со висината на Џон Вејн кој бил грамада од човек и пиштолот кој бил обесен и висел од половината надоле, а морал да биде фатен во кадар. Им текнало да измислат нов кадар кој го опфаќа елементот на композицијата неколку прсти од колениците па нагоре.

- средина - самото име кажува, од половина нагоре.

- биста - од гради нагоре.

- глава - обично се оставаат неколку прсти под брадата.

- детал - кога од различни причини сакаме да прикажеме дел од елементот на композицијата. На пример, Џон Вејн се фаќа за пиштолот (дел од раката и дел од пиштолот, кај што се спојуваат), Џон Вејн е нервозен (во план ја фаќаме само устата која е стегната и напната).

Ви помогна и ви разјасни барем малку? Ако да, мило ми е. Погледнете некој филм (холивудски препорачливо) и ќе видите колку се прецизни во плановите до милиметар. Нема отстапки, секој кадар е по план.

Ќе поставам и фотографии за да се доразјасни. Прашувајте слободно, ќе ја надополнуваме темава.
Мала коеркција, нема да ми замериш ама *Глава* е КРУПЕН кадар :)
 
Член од
8 декември 2009
Мислења
70
Поени од реакции
22
Еве уште нешто дополнително случајно ги најдов.

Како да фотографирате

1.Пазете на позадината
Гледај те позадината со својата содржина да не го одвлекува вниманието од објектот на снимање.
Едноставна и ненаметлива позадина го истакнува објектот.Некогаш поради тоа се исплатува да се најди некој нов ќош или едноставно да се промени местото
2.Приближете се
По правила што сте поблиску до предметот на снимање,фотографијата е подобра.Приближувањето ја елиминира непожелната позадинакоја го одвлекува вниманието на предметот кој се снима.Снимете така да сликата ја исполните со јасен и интересен мотив.Погледнетего упатството на вашиот фотоапарат за да дознаете колку можете да се приближите за да би добиле остра фотографија.Многу едноставни фотоапарати немозат да снимаат на дистанца помала од 1,2-1,5m
3.Објектот не мора секогаш да е во средина
Нема ништо лошо во тоа ако особата која ја снимате е во средината на фотографијата,сепак,пробајте понекогаш да ја поставите на една страна и со тоа ке постигнете динамична композиција која за окото е поинтересна .
4.Фатете и дел од околината
Кога снимате одалечени објекти,вклучетеги во фотографијата и предметите кои ви се блиску.Тие на фотографијата ке му дадат длабина и перспектива

5.Бидете “невидливи
Кога снимате луѓе,настојувајте тие да се занимаваат со некоја активност!Тогаш нема да обрнуваат внимание на вас и на фотографијата ке се осети спонтаност. Зафатете ги со нешто и нивните изрази ке бидат поприродни и опуштени.
6.Добро анализирајте го светлото!
ДОВОЛНО светло е потребно за експонирање на филмот во вашиот фотоапарат,но ДОБРО светло прави успешна фотографија!Светлото е заслужно за да фотографијата изгледа пластична,колористичка и привлечна за тој што го снимавме.Запамтете дека јаката сончева светлост не е секогаш најдобро светло за фотографијата.Многу ке се изненадат кога ке откријат дека покриеното сонце со облаци дава најдобро осветлување за снимање на луѓе.Многу јакото сонце дава оштри сенки на лицето и прави личноста да жмирка.Облачното време дава меко светло кое е идеално за портрети
7.Држете го фотоапаратот цврсто и мирно
Понекогаш потенциално добра фотографија не успева бидејки се заборават некои основни правила.Мирното држење на фотоапаратот е дефиниција за оштра фотографија.Кога го притискате откинувачот направетего тоа нежно,бидејки и мало помрднување на фотоапаратот може да биде причина за неоштра фотографија.Најдете погоден потпирач(стол,ограда,покрив на автомобил)за вашата рака или употре*ете мал статив.Блицот кој е вграден во вашиот фотоапарат не е корисен само по ноќе и затворена просторија.Користете го и во самрак и по јако сонце за да би ги ублажиле оштрите сенки.Проверете во упатството колкава е јачината на вашиот блиц,од неа зависи просторот во кој објектот ќе биде правилно осветлен обично се движи од 1,5m до 4,5m.
8. Фотоапаратот нека ви е прирака
Сите овие совети нема да ви помогнат доколку вашиот фотоапарат сте го оставиле дома.Колку неповратни моменти сте изгубиле поради тоа?Спонтаните моменти снимени на филм се непроценливи фото-спомени.За да ги фатите фотоапаратот мора да биде покрај вас.Ако вашиот стандарден фотоапарат е преголем,набавете дџепен модел кој денес го има многу во понуда
9. Без „ампутации“
[FONT=M_Swiss]Edna od naj~estite gre[ki e [FONT=&quot]“[/FONT][FONT=M_Swiss]odse~uvawe[/FONT][FONT=&quot]”[/FONT][FONT=M_Swiss] na ne~ija glava (ili drug vitelen del od teloto) . Toa voobi~aeno se slu~uva koga ste koncentrirani na ne[to drugo vo kadarot i ne vnimavate na subjektot vo pozadina[/FONT][/FONT]


10.Слаб или Силен блиц
[FONT=M_Swiss]Ova se slu~uva koga se slika na rastojanie pogolemo ili pomalo od ona potrebnoto blicot da go osvetli objektot.

edit: Napraviv gre[ka ako mo\i da se premesti postot vo temata ,,За Почетници"[/FONT]
Во некои случаи добро е и позадината да биде бурна, исполета со милион елементи, детаљи, полна со хаос, со самото тоа позадината ке ги замара очите и самите тие ке бараа место каде ке може да изуживаат - одмараат а тоа место е местото каде е елементот кој е сфера на интересирање :)
 
Член од
23 мај 2012
Мислења
21
Поени од реакции
7
Сте го чуле и терминот "гро план" сигурно. Што е гро план? Гро план не постои, а како термин се користи од неукост.
Постои. Гро план доаѓа од Gros-plan, француски за Close-up или кај нас правилно би било Крупен кадар.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom