Правила за Кајгана-фото натпреварите

Статус
Затворена за нови мислења.

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
1. Кајгана-фото натпреварите пред се' претставуваат игра и занимација и се наменети за поттикнување на креативноста на членовите на форумов кои се љубители на фотографијата. Имајте на ум дека тука не се доделуваат никакви парични и материјални награди (освен ако не биде наведено поинаку), па затоа не ги сфаќајте премногу сериозно и при срце прогласувањата за „надобар фотограф“ :);

2. Фотографиите со кои членовите учествуваат во натпреварите мора да се лично дело и сопственост на членот кој ги објавува истите. Прикачување на туѓи фотографии се казнувава со трајна забрана за учество во натпреварите;

3. По првата зададена тема, секоја наредна тема (или тема и техника) ја задава победникот на претходниот фото-натпревар;

4. Натпреварите ќе траат една недела (7 дена). Темата се задава во недела и приемот на фотографии ќе трае се' до крајот на следната недела;

5. Секој учесник има право на учество со само една фотографија;

6. По затворањето на приемот на фотографии, се преминува на гласање за најдобрата темата фотографија (кое трае од понеделник до сабота) и прогласување на победникот на фото-натпреварот;

7. Право на гласање имаат сите членови на форумот. Стручни и нестручни.

8. Победникот на фото-натпреварот е должен од неговото прогласување (во сабота) до почетокот на следниот натпревар (недела) да смисли тема и да го постави следниот натпревар;

9. Доколку победникот на натпреварот не може да избере соодветна тема за следниот натпревар или му е потребна било каква помош околу поставувањето на натпреварот, може да ги исконтактира модераторите на подфорумот за да добие соодветни насоки;

10. Иако димензиите на фотографиите не се битни, сепак, обидете се да се придржувате до непишаните правила за естетика и прикачувајте фотографии со соодност кој е лесно виднив на форумов. На пример, ширина од најмногу од 1600px.

ПРИЈАВУВАЊЕ И ПРИКАЧУВАЊЕ - БИТНО:
- Пријавените фотографии мора да се прикачени во ГАЛЕРИЈАТА;
- Потоа, на темата се објавува BB кодот од сликата, кој може да го добиете со кликнување на опцијата „Сподели“, кој се пастира во темата:

(ќе добиете нешто вакво)
Код:
[URL=http://forum.kajgana.com/gallery/photos/ryan-giggs.3219/][IMG]http://forum.kajgana.com/data/photos/l/3/3226-1392885657-b5c996ace7d91cda75e5344ad08a10c0.jpg[/IMG]
Ryan Giggs[/URL] by [URL=http://forum.kajgana.com/gallery/authors/acid.1/]Acid[/URL] on Кајгана форум
Мислам дека нема потреба да го ставам ова како посебна точка од правилата, ама за сите што се во недоумица: Да, дозволени се било какви фотографии направени со било каква опрема. DSLR, компактен, идиотче, мобилен телефон, пазарски филм апарат, компир... Не е битно, фотоапарат си е фотоапарат. И да, дозволена е манипулација на фотографиите во пост-продукција, дозволено е користење на Photoshop, Lightroom или било која друга апликација за обработка на дигитална или аналогна фотографија.
 
Последно уредено:

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.171
Поени од реакции
34.298
Правилата се надополнети (делот за пријавување и прикачување на фотографии преку новата галерија).
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.267
ДОПОЛНУВАЊЕ НА ПРАВИЛА ЗА ФОТО НАТПРЕВАРИ:
Поставувачот на нова тема (задача) е обврзан со отварање на пријавување да пријави и своја фотографија на зададената тема
 

коцка

Curiouser and curiouser!
Член од
12 јули 2005
Мислења
7.054
Поени од реакции
13.551
Дојде врем да ги обновиме правилата на фото натпреварите :)

ПРИЈАВУВАЊЕ: од понеделник до четврток

ГЛАСАЊЕ: од петок до недела. За колку фотографии ќе се гласа зависи од бројот на пријавените: од 2-5 пријавени се гласа за 1, 6-10 се гласа за 2, 11-15 се гласа за 3 итн.

Бидејќи сите сме веќе искусни натпреварувачи, мислам дека дојде момент да се стави и минимум на димензии кои што се прифатени (1280х720, 1MP приближно)

ОТВАРАЊЕ НА ТЕМА: сите знаете како се отвара тема, со гласањето е исто!!! Ако не знаете како се прави анкета, отворете тема и контактирајте го модераторот да ви помогне, ама НА ВРЕМЕ!

Секој што ќе се пријави на натпреварот треба да си има спремно нова тема во случај да победи, ТУКА ги имате сите претходни наслови од кои можете да се инспирирате.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom