Правилата на Erepublik на македонски

Статус
Затворена за нови мислења.
А

Ајсшутер

Гостин
Ги преведов правилата со цел да може сите македонци да ги погледаат што е дозволено а што не е дозволено да знаат какви им се правата и обврските во играта и нормално што повеќе да ги почитуваат.

1. Сите граѓани се родени слободно и заради тоа имаат исти права
1.1. Секој граѓанин има право да бира во која компанија
1.2. Секој граѓанин има право да одбира дали ќе се бори во битките или не

2. Ни еден граѓанин не треба да малтретира друг граѓанин
2.1. Расизам, есктремизам, тролување, провоцирање и порнографија не се дозволени
2.2. Навреди, јавни оптужби без докази како и индиректен напад на друг граѓанин не се дозволени

3. Слободата на медиумите е безгранична (освен во кршењето на точките 2, 2.1, 2.2, 3.1 и 3.2)
3.1. Вулгарности, вреѓање, спам како и рекламирање на производи надвор од eRepublik не се дозволени.
3.2. Цитирање приватни разговори без дозвола од сите страни кои учествувале во неа не се дозволени. Доколку граѓанинот пријави цитирање на приватен разговор во кој тој учествувал значи дека цитирањето не е предходно дозволено од двете страни на граѓаните кои учествувале во разговорот.

4. Имотната сопственост ќе биде запленета доколку се утврди дека е стекната со нелегален и неправеден начин. Таквите постапки може да доведат и до крајно исклучување од играта.
Доколку имотната сопственост е стекната по овој пат накнадно префрлена или продадена на друг играч или организација, двете страни кои се вмешани во трансакцијата исто така може да бидат трајно исклучени од играта.

5. Секој играч може да контролира само еден граѓанин во играта.
5.1. Креирањето и управувањето со повеќе граѓани (налози) е забрането и резултира со трајно исклучување од играта, употребата на исти IP адреси не се смета за критериум за употребување повеќе кориснички имиња.
5.2. Креирање или употреба на нелегални или неприлично аватари или имиња на граѓани е забрането и резултира со трајно исклучување од играта. Употребувањето на брендови од вистинскиот живот како аватар или име граѓанин не е препорачлива пошто сте во обврска да го промените аватарот или пак да го проммените името доколку сопственикот на брендот тоа го побара.

6. Секој играч е должен да на администраторите веднаш ги пријави секаквите системски греши или критични грешки.
6.1. Употребата на пропустите во системот е забранета, секој потег кој дава незаслужена предност на граѓанинот над друг граѓанин или граѓани е исто така забранет.
6.2. Употребата на скрипти, алатки или софтвер (која не ги користи јавно достапните API-ја или фидови (feeds) развиени од Erepublik тимот може дректно да влијаат на вашиот граѓанин или се дизајнирани да извршуваат одредени акции кои вас може ама не мора да донесат непоштена предност не е дозволена.

7. Канал за конектирање на Ерепублик тимот е јавниот Ерепублик форум.
7.1. Праќањето тужби и жалби упатени до Ерепублик тимот на каналите кои не се официјални е забрането и нема да биде земено во обзир.
7.2. Јавни дебати во новиот свет се пожелни, ама јавните дебати или жалби поврзани за акции на Ерепублик тимот од еден граѓанин или група граѓани не е дозволено, само Ерепублик тимот има потребен алат да одлучи да ли граѓанинот или групата граѓани направила прекршок, и јавните расправи кои се креирани за цел на рушење на авторитетот на Ерепублик тимот се забранети.

8. Сите предходни закони може да се променат и се истакнати на Erepublik Wiki и Forum-от.
8.1. За кршењето на законите следи привремена или трајна забрана на Wiki или форумот ќе биде применета, а казната може да се пренесе и на Ерепублик корисничкото име.

9. Секоја казна се рачуна како казнени поени на граѓанинот (анг. FP).
9.1. За секое кршење на законите се добива предупредување од 0.5 FP, а трајното исклучување се применува доколку се утврди константност кршењето на законите или ако прекршокот е голем.
9.2. Трајно исклучување доколку биде применето доколку граѓанинот добие 5 или повеќе FP.
9.3. Секој FP се брише два месеци после откако е заслужен или одобрен.

10. Корисникот на Ерепублик мора да биде постар од 14 години.
10.1. Корисниците на корисничкото име имаат право за гасење (деактивирање на акаунтот), или пак да се изгаси доколку е утврдено дека е креиран од член помлад од 14 години.
 
Статус
Затворена за нови мислења.
На врв Bottom