Права на животните

Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Со оглед на последните случувања со бездомните кучиња, каде од една страна се зголемија нападите, а од друга страна се зголеми бројот на регистрирани случаи на отруени кучиња, но и со оглед на тоа дека и во Философија и во Гурманско ги имавме најжестоките дебати поврзани со оваа тематика, се решив да ја отворам оваа тема каде ќе дадам само кус осврт, а останатото ќе остане на волјата на оние кои ќе се решат да земат активна улога во оваа дебата.

Во последно време оваа тема, на светско ниво, започна да се актуелизира. Прочитав дека оваа морална проблематика е сведена на правата и должностите (обврските) односно дека само луѓето имаат обврски, така и само луѓето може да имаа права! Дали сите луѓе имаат обврски? Последните децении оваа морална проблематика станува правно-морална, така има се повеќе регулативи за ограничувањата на риболовните маржи, забрани за лов, просласување на ендемски видови, отворање на прифатни центри, па и до утврдување на минимумот животен простор кој треба да го има секое животно.

Кај нас, од правен аспект, ова подрачје е покриено со Законот за заштита и благосостојба на животните. Во законот се уредени должносите на сопственикот односно одгледувачот (притоа има и серија на забрани како забрана за поттикнување и одржување на борби, забрана за присилување на нивна работа која го надминува нивниот физиолошки капацитет, па и забрана за непотребни хируршки интервенции за нивно модификување (како на пример сечење на опашка, уши или прст(и)). Опфатени се и одредби за нивно хранење, одгледување и размножување. Воедно има и посебни одредби и за животните во фармите, како говедата, овците и козите, свињите и кокошките несилки. Дури и опфатен е еден доста полемизиран дел, околу експериментирањето на животните (и врз кои видови на животни може да се експериментира), но и зоолошките градини, кои исто така се доста полемизирана тематика од која произлегуваат серии на контроверзии. На крајот се опфатени домашните миленици и превозот.

Една од најинтересните теми, за мене е експериментирањето на животните, не само во медицината, туку и во козметиката! Дали требаат да се забранат тестирањата врз животните, па дури како оние на Павлов за системот за варење на храната, и рефлексното лачење на плукна со слушање на ѕвонче со претходно изгледнување на животното? Каде треба да има забрани? Дали треба да има во целост? Или давањето електрошокови на глувците при утврдување на истрајноста на мајчинството. Иако овие темите се апсолвирани, со репетиротното повторување на експериментите во минатото, ги ставам чисто како пример.

Околу заштитата на дивите животни, да не се повторувам од темата Веганизам:
Одредени животни, како бафалата, биле убивани колку да бидат убиени. Други животни исчезнале поради човековата идиократија, како на пример, пердувите им биле користени за правење на шапки. Трети животни, како снежните ракови, каде оваа година нивниот лов на Аласка е забранет, може да исчезнат поради неконтролираниот лов. Четврти животни, како африканскиот слон, се убивани само порани нивните коски.

Затоа треба заштита на одредени видови, па дури и ставање регулативи и, сезонски или трајни, забрани за лов. Притоа, ловот, во најголем број на држави е резултат на идиократијата, затоа што не е есенција за преживување, туку е сведен на спорт.
Регулациите се резултат на самоволието на колонизатори, поради кои, исчезнале 10тици видови на птици. Претходно, при првото населување на тој континент од страна на луѓето, исчезнуваат и 10тина големи цицачи, дали директно поради ловот или индиректно поради тоа што им е истребен примарниот извор на исхрана. Да не речеме дека прстот се вперува само во колонизаторите. Затоа, како пример, ги земав САД (поточно Северна Америка) и Австралија.

Во Македонија, пред една година, имаше ефективна мерка за вонреден лов на диви свињи поради опасност од пренесување на африканска свинска чума кон домашните свињи, со што потенцијално беа загрозени и фармите за свињи. Популацијата требаше да се намали за 25%. Мерката, сама по себе, беше ретардирана, затоа што можеше да се пристапи далеку порационално, како на пример или тестирање на примероци или правење привремени резервоари. Зошто оваа мерка?
Секако, дел од оваа проблематика е цврсто сврзана и за самиот човек. Глобалниот фонд на риби од година во година драстично се намалува, каде на 3 милијарди луѓе глобално морската храна (рибите) им е примарниот избор на исхрана. Бројот на одредени видови на риби, последниве 5 децении, се намалил и за 80%, а 1/3 од ајкулите се пред истребување. Милијарди години еволуциско усовршување може да исчезне во наредните неколку децении. Притоа проблемите не се сврзани само за ловот, туку и за загадувањето на водите, но и со глобалното затоплување.

Ова е за перката од ајкула, каде во многу држави се смета да деликатес. Проблемот лежи во тоа што во најголем дел од случаите, ајкулата се лови, и се отстранува перката и таа, жива, се враќа во морето каде набрзо и умира. Тоа е есенцијата на моралниот проблем, другиот проблем лежи во бројот на уловени ајкули, кои веќе во претходниот пасус го објаснив.


Покрај ова, во Македонија, сметам дека треба да се забрани риболовот, односно на сила да биде само рекреативниот риболов, како спорт, каде се што ќе се фати да се врати во реката односно езерото. Дури има и еден интересен и чуден феномен кога се работи за туристичкиот риболов, каде најголемиот дел од туристите ловат во плитко, ги ставаат рибите во некоја кофа, рибите умираат и мртви ги фрлаат во езерото! Дури треба да се забрани и ловот, но со неколку исклучоци, како на пример каде е загорзена безбедноста на заедницата односно стадото. Некои ловот го оквалификуваат како спорт, но тука ќе искористам една реплика на Бил Мар „дали другиот тим знае дека мечот започнал?“.

Лично не би сакал и оваа дебата да се сведе на кртовите, глувците, црвите и намалувањето на страдањето, туку и предложување на конкретни решенија и мерки на актуелните проблеми, како оној со уличните кучиња, проблемот, да речеме, со запрежните коли, експериментирањето со животните, зоолошките градини, убивањето т.е. ловот поради трофеи и сл. Покрај физичкото, тука е и сексуалното насилство врз животните, каде во одредени држави, како Ново Мексико, не е кривично дело! Може да се опфат и граѓанскиот активизам за борбата за правата на животните, но и секако критики кон тој активизам. Дури и евентуалното изигрување на системот.

Напомена: без тролање, спамање, навредување, фаќање на правопис и офтопик досетки какви што имаше во темата во Философија која како последица на истите отиде под клуч. :)
 

Vartolu

1897 Fighter
Член од
29 декември 2007
Мислења
14.804
Поени од реакции
5.466
Човекот е најголемо животно, и иако имаме совест за разлика од сите други живи суштества на планетава, ние со своето однесување докажуваме дека животните всушност се далеку посовесни од нас. Земаат куче за домашен миленик, дури е мало им е интересно и се тоа, кога пораснува малку го испуштаат на улица. Значи, кучињата пред се не се виновни што се испуштени на улица. Агресивноста кај кучињата пак е направена од страна на човекот. Премногу насилство врз кучињата дури ги чуваат, па после ќе ги испуштат па улица и тие не знаат поинаку.

Решение за овој проблем според мене може да се почне со издавање на дозвола за чување на домашен миленик (независно куче, мачка итн). Пример, законот да биде дека ако живееш во населено место со повеќе од 1.000 жители да мора да ваѓаш дозвола за чување на миленик, бидејќи во селата, каде се одгледува добиток за тој веќе си ваѓаат документи, а кучињата во селските средини се и за чување на стадото итн.

Второ, огромни казни за испуштање куче на улица. После издадената дозвола за миленик, лицето станува одговорно за кучето или што и да е, и веќе утре тоа куче ако се најде на улица, се оди директно кај сопственикот, му се лупа казна 5.000 евра зошто кучето е на улица, му се одзема кучето, и му се дава трајна забрана за чување на домашен миленик. Тука сега се јавува и тоа дека има шанса и кучето да му има избегано на сопственикот, па сопственикот ќе си има право да го пријави кучето на одреден број дека му е избегано, и службата која би ги водела сите тие работи поврзана со дозволи, ќе си има екипа која ако го пронајде кучето на улица и ќе го врати кај него. Доколку сопственикот на кучето, му се оневозможил услов за чување на кучето, тогаш службата си бара нов сопственик на кучето, и ако не може да најде, сопственикот да биди должен да го однеси кучето во службата и да плати одредена сума и да го остави кучето во службата, додека тие продолжат да му бараат нов сопственик.

Јас имав случај каде пред мене еден остави пакет со 4 мали кученца и мајкаму, и си замина. Да имаме право, да го пријавиме до одреден орган за да биде поведена санкција кон него. 5 х 5,000 евра ти се 25.000 евра. И да видиме после дали ќе испушта така кучиња, и кога ќе го изгорат по џебот, дали тие што ќе слушнат ќе размислат 5 пати пред да земат миленик, а 2000 пати пред да се решат да го фрлат на улица.

Секое куче домашно, ќе си има матичен број на него, со нешто што не може да се манипулира и така да се одредуваат кое куче на кого е. Најди службата куче на улица, го чита, ахаа Петко Петковски е сопственик. Петко пријавил дека му е избегано кучето? Да..Му го носиш кучето на Петко дома...Во случај, Петко не пријавил дека му е избегано кучето? Елај си 5.000 еуричи по џеб.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.321
Поени од реакции
11.069
Кај нас, од правен аспект, ова подрачје е покриено со Законот за заштита и благосостојба на животните.
Значи треба да им се укажува на луѓето колку е лошо да се злоупотребуваат животните и дека постојат јасно дефинирани закони за тоа. И само да се настојува да се имплементираат истите тие закони.
Бидејќи, ако нема веќе напуштање, барем не неказнето, и ако има систем кој спроведува закони, тогаш најважниот проблем е решен од корен.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.995
Значи треба да им се укажува на луѓето колку е лошо да се злоупотребуваат животните и дека постојат јасно дефинирани закони за тоа. И само да се настојува да се имплементираат истите тие закони.
Бидејќи, ако нема веќе напуштање, барем не неказнето, и ако има систем кој спроведува закони, тогаш најважниот проблем е решен од корен.
Одредени закони, во видоизменета форма, но без суштинска разлика во предметот на делото, постојат повеќе од 3.500 години и повторно затворските одделенија се преполни со престапници. Така едукацијата не игра суштествена улога во решавањето на овој проблем, тоа е сведено на моралот кој осцилира од личност до личност. Кај нас сеуште има борби со кучиња, кои се забранети, па и труења на животни, кои исто така се забранети. Дури и во целост да се имплементира должноста на сопственикот кој извира од овој закон, сите миленици (односно кучиња и мачки) да бидат чипирани, а притоа и сите улични кучиња да бидат кастрирани, отворена е можноста, што и во најголем дел од случаите и се случува, малите, новородените, да бидат оставени во некое населено место. Нема да навлегувам во објективната и субјективната проблематика во тие причини, но не може на секое животно да му се влезе во трага. Што и да се случи, да има или да нема казни, луѓето ќе продолжат да ги оставаат, макар, малите.

Тоа е едно, а друго е тоа што проблемот со уличните кучиња од година во година се интензивира, некогаш, а и често пати се злоупотребува поради лесните и сигурни пари кои се наплатуваат, кај нас, од градот Скопје и од некое јавно претпријатие (најчесто Лајка) каде и не секогаш постои напад или нападот е извршен до некое домашно куче, но се користи приликата да се изигра и злоупотреби системот. Можеби треба, тие пари кои се исплатуваа на годишна основа (а премиите варираат од 1.500, па до 2.000 евра, некогаш и повеќе во зависност од повредата) да се преманенат во стационари каде ќе бидат згрижени овие кучиња. Нека ги водат и тие невладини организации, граѓанските активисти, но и тоа не е крајното, конечното решение, затоа што никој не гарантира дека нема нови кучиња да бидат истурани во градот. Овој проблем со децении тапка во место без интерес на властите нешто да преземат.
 

Стев

Rockscourge Stevahn
Член од
19 декември 2019
Мислења
4.464
Поени од реакции
4.298
Значи, кучињата пред се не се виновни што се испуштени на улица. Агресивноста кај кучињата пак е направена од страна на човекот. Премногу насилство врз кучињата дури ги чуваат, па после ќе ги испуштат па улица и тие не знаат поинаку.
На улици више имаш кој знае кој генерација џукели, да бидеме искрени.
Не е ова нов проблем, туку само се има влошено во последниве неколку години заради здруженијата.
Ако више ги третираме како луѓе, логично е да се и казнува агресивното однесување.
И не преку стерилизација(што не е ни фактор голем дел од времето), не преку тренинг и вдомување.
Тоа се има покажано не ефективно и не доволно брзо.
Кога зборев пред година дена беше смешна ситуацијата. Сега бројот на напади се има десет пати зголемено. Дури и се деси таков напад на членка на здружениата на права на животни.
Колку брутално да звучи, не може ниту смее да имплементираме западен морализам како холандија(што сите симпатизери на животни бараат) пошто таков пристап не само што е скап, туку е очигледно неефктивен(како што е покажано во последниве неколку години).
Затоа, за напад и агресивност треба да се одговара со посилен напад и поголема агресивност.
Таму каде што има глутници што напаѓаат луѓе- да се врши лов на кучиња, истите тие маси да бидат проретчени(индискриминанто). Ова најпогодно во есенскиот период, пред да почнат да се котат во зима -пролет.
И да, ова можда не е хумано, но ако давам пари за заштита на живиот свет, подобро да биде тоа на нешто опипливо(дива природа-рисови, мечки, волци итн) него на урбани проблеми кои ќе се молзат за пари.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.321
Поени од реакции
11.069
Како е тргнато, за некои десет години ќе дискутираме и за правата на инсектите. :pos:
Па не е се од мушичка до слон животно. :)

Факт е дека луѓето имаат нешто што ги одвојува од животните, но се додека едно живо битие е способно да страда, заслужува одредени права со кои ќе биде заштитено. Значи тие права, се права со кои животните се штитат од интеракцијата со луѓето како супериорни суштества.
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
6.751
Поени од реакции
8.247
Па не е се од мушичка до слон животно. :)

Факт е дека луѓето имаат нешто што ги одвојува од животните, но се додека едно живо битие е способно да страда, заслужува одредени права со кои ќе биде заштитено. Значи тие права, се права со кои животните се штитат од интеракцијата со луѓето како супериорни суштества.
Сите права ги средивме во општеството наше, уште животните и инсектите останаа да ги средеме и се е тамам.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.533
Поени од реакции
22.591
Владе мкд како амбасадор на глувците и стаорците! :D
Ti kako medicinski personal barem bi trebalo da znaes kolku gluvci i staorci go dadoja svojot zivot vo imeto na zdrastvoto i naukata.
Gde ce ti dusa :sneaky: .
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.321
Поени од реакции
11.069
Ti kako medicinski personal barem bi trebalo da znaes kolku gluvci i staorci go dadoja svojot zivot vo imeto na zdrastvoto i naukata.
Gde ce ti dusa :sneaky: .
Токму ова е одговор на твоето прашање. Да не беa стаорците и глувците сега немаше да имаме пеницилин како основен антибиотик и многу од нас ќе завршеа трагично ради Streptococcus.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.533
Поени од реакции
22.591
Токму ова е одговор на твоето прашање. Да не беa стаорците и глувците сега немаше да имаме пеницилин како основен антибиотик и многу од нас ќе завршеа трагично ради Streptococcus.
A oti togas ne citam za stacionari za staorci i gluvci, kazni za nivno maltretiranje, truenje i ubivanje, human tretman itn itn, se ona za sto se zalagaat za kucinjata ili mackite :cautious: .
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.321
Поени од реакции
11.069
A oti togas ne citam za stacionari za staorci i gluvci, kazni za nivno maltretiranje, truenje i ubivanje, human tretman itn itn, se ona za sto se zalagaat za kucinjata ili mackite :cautious: .
Затоа што на твоја жалост истите тие се изземени од тие закони и прописи.
Зошто? Затоа што се глодари и многу често се извор на нечистотија и разни болештини. Многу од нив уништуваат земјоделски култури и се економски скроз неповолни.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom