Правата во бракот

Член од
4 декември 2013
Мислења
60
Поени од реакции
6
Pozz, do site clenovi na forum. Se nadevam deka ne gresam okolu temava, ako gresam slobodno premestete ja.
Sakam nekoj da mi objasni za pravata koi ja stitat zenata dokolku ima problemi vo brakot..i dali pravoto vazi na primer dokolku sopruznicite bile 2 godin vo brak ili 20 godini, mozebi i za toa ima nekoj zakoni koi deluvaat isklucivo spored godinite pominati vo brak..
Dali i sleduva del od imotot na mazot , tuzbi za razvod, presudi i t.n.
Iskreno ne go posakuvam na nikogo seto ova, no ne e loso da se znae, se nadevam deka nekoj ke odgovori barem nesto.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Да не те лажам, но имам чуено дека нема врска колку години си во брак, битно е што веќе се во брак и имаат потпишано согласност за влегување во брак т.е. потпишано во матично :)
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
60
Поени од реакции
6
:D ima 1000000 stranici, dali ke mozam da se snajdam treba 2 h da citam, ahahh
--- надополнето: 4 декември 2013 во 15:30 ---
Да не те лажам, но имам чуено дека нема врска колку години си во брак, битно е што веќе се во брак и имаат потпишано согласност за влегување во брак т.е. потпишано во матично :)
Istoto go mislam i jas , no da ne pogajzame na pamet , ke ima mozebi na temava realni odgovori... :)
 
Член од
4 март 2009
Мислења
604
Поени од реакции
442
Pozz, do site clenovi na forum. Se nadevam deka ne gresam okolu temava, ako gresam slobodno premestete ja.
Sakam nekoj da mi objasni za pravata koi ja stitat zenata dokolku ima problemi vo brakot..i dali pravoto vazi na primer dokolku sopruznicite bile 2 godin vo brak ili 20 godini, mozebi i za toa ima nekoj zakoni koi deluvaat isklucivo spored godinite pominati vo brak..
Dali i sleduva del od imotot na mazot , tuzbi za razvod, presudi i t.n.
Iskreno ne go posakuvam na nikogo seto ova, no ne e loso da se znae, se nadevam deka nekoj ke odgovori barem nesto.
Се што е стекнато во брак се дели во случај на развод,ако имаш нешто твое стекнато пред стапување во брак,не е предмет на делба.Дали си во брак еден месец или 20 години,нема значење.
 
G

Gjoksi

Гостин
Има многу закони кои ја штитат жената во бракот ( на пр. Законот за семејството, Законот за сопственост и други стварни права итн. итн.). Меѓутоа, истите тие Закони го штитат и МАЖОТ во бракот. :D
Што се однесува до годините поминати во брак, ирелевантно е (нема значење) дали сте 5, 10, 15 ... години во брак!
Оној имот што бил во твоја сопственост пред стапување во брак, не може да се дели помеѓу бившите сопружници, туку останува во нивна сопственост!
Додека имотот стекнат за време на бракот, се дели на ЕДНАКВИ делови, освен ако еден од брачните другари не докажи дека неговиот придонес во тој имот е поголем од придонесот на другиот брачен другар!
Во однос на прашањето за тужби, пресуди, жалби и сл. во судска постапка, ќе треба да си го прочиташ Законот за парничната постапка. Има многу за објаснување!;)
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Додека имотот стекнат за време на бракот, се дели на ЕДНАКВИ делови, освен ако еден од брачните другари не докажи дека неговиот придонес во тој имот е поголем од придонесот на другиот брачен другар!
Да, го најдов тој дел во член 212 од законот.
Да не знаеш нешто поконкретно за процесот на определување на односот на делење? Поточно како се определува придонесот на другата страна, ако истата е невработена.

Мене ме интересира и концептот на предбрачен договор, дали и тука важат некои оквирни правила, или се е работа на согласност на потписниците?

Инаку еве го член 212:
Член 212
Ако не дојде до спогодба, делбата на заедничкиот имот, на барање на
еден брачните другари ја врши судот во вонпроцесна постапка.
При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот
имот судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови.
По барање на еден од брачните другари, судот може да му определи
поголем дел од заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар.

:D ima 1000000 stranici, dali ke mozam da se snajdam treba 2 h da citam, ahahh
Сакав да ти одговорам, но се сетив дека всушност и не сум го прочитал законот, па можеби и не сум во право во тоа што мислам дека го знам. Кога го отворив законот видов дека целиот текст е долг само 84 страници (и тоа со голем фонт и со малку текст по страница).
Конкретно делот што те интересира не е долг ни десетина страници. Затоа нема да одговорам, и ќе те оставам сам да си прочиташ.

Еве да не кажеш дека не сум помогнал, почни од страна 63. ;)
 
Член од
4 декември 2013
Мислења
60
Поени од реакции
6
Да, го најдов тој дел во член 212 од законот.
Да не знаеш нешто поконкретно за процесот на определување на односот на делење? Поточно како се определува придонесот на другата страна, ако истата е невработена.

Мене ме интересира и концептот на предбрачен договор, дали и тука важат некои оквирни правила, или се е работа на согласност на потписниците?

Инаку еве го член 212:

Сакав да ти одговорам, но се сетив дека всушност и не сум го прочитал законот, па можеби и не сум во право во тоа што мислам дека го знам. Кога го отворив законот видов дека целиот текст е долг само 84 страници (и тоа со голем фонт и со малку текст по страница).
Конкретно делот што те интересира не е долг ни десетина страници. Затоа нема да одговорам, и ќе те оставам сам да си прочиташ.

Еве да не кажеш дека не сум помогнал, почни од страна 63. ;)
Sega sto da kazam, edno golemo BLAGODARAM :D.
 
G

Gjoksi

Гостин
Да, го најдов тој дел во член 212 од законот.
Да не знаеш нешто поконкретно за процесот на определување на односот на делење? Поточно како се определува придонесот на другата страна, ако истата е невработена.
Мене ме интересира и концептот на предбрачен договор, дали и тука важат некои оквирни правила, или се е работа на согласност на потписниците?
Член 212 од Законот за семејството престанал да важи согласно член 257 од Законот за сопственост и други стварни права!

За заеднички имот стекнат во брак прочитај: член 66 - член 80 од Законот за сопственост и други стварни права („Сл. весник на РМ“ бр. 18/2001, 92/2008, 139/2009 и 35/2010)
http://pravda.gov.mk/download.asp?Lang=mak&id=908

За процесот на делба на заеднички имот прочитај: член 213 - член 227 (посебно член 217) од Законот за вонпарнична постапка („Сл. весник на РМ“ бр. 9/2008)
http://pravda.gov.mk/download.asp?Lang=mak&id=171

Инаку, придонесот се определува според секој случај поединечно: дали брачниот другар е (не)вработен; освен паричниот, на кој друг начин тој придонел во заедничкиот имот (на пр. можеби само тој со свој труд учествувал во изградбата на куќата и сл.); дали родителите на едниот или двајцата брачни другари со парични средства учествувале во стекнувањето на имотот (на пр. дале пари да се изгради куќата) итн. итн.

За институтот (Пред)Брачен договор повеќе прочитај овде:
http://nkrm.org.mk/images/NOTARIUS_23.pdf
(стр. 31 - 45)
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004

Ако била не вработена а помагала со труд во изградба на куќата чување деца и сл.,за тој труд добивала парични средства,храна,гардероба,козметика..........кои ако дојде до развод можеби ќе треба да ги врати.
Од дедото,бабата или шурата ниту сум земал ниту имам потреба да земам.

Законите се едно ама стварноста е друго.
 
Фала за информациите, но еве уште прашања. :)
Посочените закони не кажуваат јасно на кој начин и како судијата ќе го одреди односот на делбата. Некако нејасно е и без посочени рамки по кои судијата би се раководел.

Еве поконкретно, ако претпоставиме дека треба да се дели стамбен објект. Другата страна не учествувала ни финансиски ни со сопствена физичка работа во изградбата. По кој основ ќе се пресметува делот на другата страна?

Некое мое размислување е, ако се работи за двајца вработени, можеби односот за делење би бил по основ на односот на платите, поточно големината на средната вредност на платите (за време на бракот)? Ако другата страна е невработена (значи домаќинка), дали тогаш за основ се зема просечната плата во државата?

Такви конкретни одговори многу ме интересираат, ако можеш да ги поделиш со нас.
Инаку секако најчиста работа е предбрачен договор. Во списанието „Нотариус„ кое ти го линкаше има труд на таа тема од д-р Ангел Ристов, но искрено не го прочитав цел текст внимателно.
Дали предбрачниот договор е правен и легален во државава? Како се регулира, се заверува на нотар или се оди на суд?
Дали можеби имаш пример од таков предбрачен договор?

Инаку еве што најдов соодветно за моите прашања:
Член 75
Ако не дојде до спогодба, делбата на заедничкиот имот, на барање на еден од брачните другари, судот ја врши во вонпарнична постапка.
При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот, судот тргнува од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови.
По барање на еден од брачните другари, судот може да му определи поголем дел од заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар.
Значи законот вели дека судот може да му определи на еден од брачните другари поголем дел од заедничкиот имот, но никаде не се вели дека судот е обврзан да го направи тоа (нормално, ако се докаже тврдењето за поголем придонес). Нејасно е, и никако не се објаснува по кои основи и како ќе се определува односот на делењето... Што остава простор за шпекулации и можеби, некакви малверзации.

Извадокот е од Законот за сопственост и други стварни права, еве го целиот дел за Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница
Закон за сопственост и други стварни права („Сл. весник на РМ“ бр. 18/2001, 92/2008, 139/2009 и 35/2010)
http://pravda.gov.mk/download.asp?Lang=mak&id=908

Отсек 1
Заедничка сопственост во брачна и вонбрачна заедница
Стекнување имот во брачна заедница

Член 66
Имотот на брачните другари може да биде заеднички и посебен.

Член 67
Имотот кој брачните другари ќе го стекнат во текот на бракот претставува нивен
заеднички имот.

Член 68
Имотот кој едниот брачен другар го имал во времето на склучувањето на бракот
претставува негов посебен имот.
Како посебен имот ќе се сметаат и имотот и правото врз имотот што брачниот другар ќе
го добие по основа на наследство, легат и подарок, како и стварите стекнати во бракот, а кои
исклучиво служат за задоволување на личните потреби на еден од брачните другари, доколку
не преставуваат несразмерно голема вредност во споредба со вредноста на вкупниот заеднички
имот.
Секој брачен другар самостојно управува и располага со посебниот имот, доколку
брачните другари во писмена форма поинаку не се договорат.

Член 69
Правото на сопственост на брачните другари врз недвижности кои се нивен заеднички
имот во смисла на член 67 од овој закон се запишува во јавните книги на името на двајцата
брачни другари како нивен заеднички имот.
Ако во јавните книги како сопственик на заедничкиот имот е запишан само едниот од
брачните другари ќе се смета дека уписот е извршен на името на двајцата брачни другари.
Ако во јавните книги се запишани двајцата брачни другари како сосопственици на
определени делови, ќе се смета дека на тој начин ги утврдиле деловите во заедничкиот имот.

Член 70
Брачните другари заеднички и спогодбено управуваат и располагаат со заедничкиот
имот.
Со својот дел во заедничкиот имот пред тој да се определи брачниот другар не може
самостојно да располага ниту да го товари со правно дело меѓу живите.
При продажба на определен дел од заедничкиот имот кој му припаѓа на едниот брачен
другар се применуваат правилата за првенствено купување на сосопствениците.

Член 71
Брачните другари во писмена форма можат да се договорат управувањето и
располагањето со заедничкиот имот или со дел од него да го врши едниот од нив.
Договорот може да се однесува на сите работи на управување и располагање или само
на редовното управување или на точно определени работи.
Кога не е поинаку договорено, управувањето опфаќа и располагање во рамките на
редовното работење.
Секој брачен другар може да го раскине договорот за управување или располагање со
заедничкиот имот во секое време, освен кога со раскинувањето очигледно му се нанесува штета
на другиот брачен другар.

Член 72
Во вршењето на работите кои ги надминуваат рамките на редовното управување,
односно располагање со имотот, потребна е согласност на другиот брачен другар изразена во
форма која се бара за соодветното правно дело.

Член 73
Ако за управувањето со заеднички имот или за одделна работа во врска со
управувањето, брачните другари не можат да се спогодат, а ниту еден од нив не бара
утврдување на деловите на заедничката сопственост, судот во вонпарнична постапка може по
предлог на еден од брачните другари да определи потребни мерки кои се однесуваат на
управувањето.
Член 74
За време на траењето и по престанокот на бракот брачните другари можат спогодбено
да го поделат заедничкиот имот.
Со делба на заедничкиот имот на брачните другари настанува режим на посебен имот.

Член 75
Ако не дојде до спогодба, делбата на заедничкиот имот, на барање на еден од брачните
другари, судот ја врши во вонпарнична постапка.
При утврдувањето на деловите на брачните другари во заедничкиот имот, судот тргнува
од фактот дека заедничкиот имот на брачните другари се дели на еднакви делови.
По барање на еден од брачните другари, судот може да му определи поголем дел од
заедничкиот имот, ако тој докаже дека неговиот придонес во заедничкиот имот очигледно и
значително е поголем од придонесот на другиот брачен другар.
Член 76
При делбата на заедничкиот имот, по барање на брачниот другар, во неговиот дел
првенствено ќе се внесат оние ствари од заедничкиот имот кои служат за вршење на неговата
дејност.
Од задничкиот имот ќе се издвојат и ќе му се предадат на брачниот другар, покрај
неговиот дел и оние ствари стекнати со работа во текот на брачната заедница кои служат
исклучиво за негова лична употреба.
Ако вредноста на стварите од ставовите 1 и 2 на овој член е несразмерно голема во
однос на вредноста на сиот заеднички имот, ќе се изврши делба и на тие ствари, освен ако
брачниот другар кој овие ствари би требало да ги добие, не ја надомести на другиот брачен
другар соодветната вредност или на другиот брачен другар со негова согласност, не му отстапи
други ствари.
Член 77
На брачниот другар кому му се доверени заедничките деца на чување и воспитување,
му се доделуваат во сопственост, покрај неговиот дел и стварите кои им служат на децата или
се наменети само за нивна непосредна употреба.
При делбата на заедничкиот имот на брачниот другар кому се доверени заедничките
деца на чување и воспитување му се доделуваат и оние предмети за кои е очигледно дека е во
интерес да бидат во имот и во сопственост на брачниот другар кому децата му се доверени.

Член 78
Ако при делбата на заедничкот имот се утврди дека на еден од брачните другари му
припаѓа значително помал дел судот може на барање на еден од брачните другари да определи
тој дел да му се надомести во пари.
Член 79
За обврските што еден брачен другар ги имал пред склучувањето на бракот, како и за
личните обврски што ќе ги прими по склучувањето на бракот, не одговара другиот брачен другар.
Брачните другари одговараат солидарно за обврските што едниот брачен другар ги
примил спрема трети лица за намирување на тековните потреби на брачната заедница, како и за
обврските што според општите прописи ги товарат двата брачни другари.
Брачниот другар кој од својот посебен имот ја исполнил солидарната обврска има право
да бара другиот брачен другар да му го надомести делот на обврската што паѓа на него.

Член 80
Подароците што брачните другари си ги дале еден на друг пред склучувањето на бракот
или во текот на бракот не се враќаат.

Стекнување имот во вонбрачна заедница
Член 81
Имотот кој вонбрачните другари ќе го стекнат во вонбрачна заедница се смета за нивен
заеднички имот.
Во поглед на управувањето и располагање утврдувањето на деловите на имотот стекнат
во вонбрачната заедница и при делбата на имотот во вонбрачната заедница соодветно се
применуваат одредбите на овој закон за заедничкиот имот на брачните другари.
 
G

Gjoksi

Гостин
Ако била не вработена а помагала со труд во изградба на куќата чување деца и сл.,за тој труд добивала парични средства,храна,гардероба,козметика..........кои ако дојде до развод можеби ќе треба да ги врати.
Од дедото,бабата или шурата ниту сум земал ниту имам потреба да земам.

Законите се едно ама стварноста е друго.
Всушност, стварноста е едно, ама ЗАКОНИТЕ се друго!
Има тука уште за расправање: претходно вработување, одгледувањето на децата, водењето на домаќинството и др.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Всушност, стварноста е едно, ама ЗАКОНИТЕ се друго!
Има тука уште за расправање: претходно вработување, одгледувањето на децата, водењето на домаќинството и др.
Има има.Од 10-15 години брак 3-4 години регуларно вработена,другото на црно................
 
Kajgana Shop

На врв Bottom