По поплавите и циклоните на Австралија и се закануваат и пожари

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.043
Поени од реакции
4.698
Додека делови од земјата сеуште се борат со поплавите, неконтролирани пожари се закануваат на западна Австралија. Пожарот се раширил на 750 хектари шума во околината на Перт.

Ветровите со брзина од 75 километри на час дополнително го шират пожарот додека пожарникарските служби се обидуваат да го контролираат.

“Шумските пожари се шират многу брзо. Тие се непредвидливи и моментно надвор од контрола“, соопштуваат од Одделот за пожари и итни случаи. Силните ветрови го оневозможуваат гаснењето на пожарот со водените бомби, пишува Ројтерс.

Неколку куќи се уништени досега, а голем број на граѓани се евакуирани. Сеуште нема потврда за повредени, пишуваат медиумите.

Засега се наведува дека не е позната ниту причината за пожарите. Освен луѓето, кои се сместени во локалниот трговски центар, од пожарот бегаат и се засолнуваат и кенгурите.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=82418&kategorija=6


Повеќе од 40 куќи се целосно уништени во пожарите кои продолжуваат да беснеат во предградието на Перт, во западна Австралија, соопштуваат денес локалните медиуми.

За време на викендот во пожарите изгореле најмалку 40 куќи а бројот продолжува да се зголемува, со оглед на силните ветрови кои му “помагаат“ на пожарот да се разгори.

“Засега имаме 41 куќа уништени во целост, а 19 делумно оштетени“, изјавил Крег Хајнс, шеф на спасувачките служби.



“Бројот би можел и натаму да се зголемува“, додал Хајнс.

Иако засега не се споменуваат можни жртви, пожарот кој беснее низ шумите на западна Австралија сеуште не е под надзор.

Еден пожарникар кој сакал да заштити една од куќите да изгори, е полесно повреден и хоспитализиран.

http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=82437&kategorija=6

:nesvest:
 

iksimkd

ШшшШшшШ...
Член од
31 јули 2007
Мислења
5.000
Поени од реакции
2.183
УПМ што и се случува на Австралија? Како природата ( или бог ) да се свртиле против неа и сакаат да ја избришат од картата на светот...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom