Почина the Iron Lady - Маргарет Тачер

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413


Една од највлијателните политички фигури во Велика Британија, првата жена премиер во Велика Британија, денес го напушти овој свет.
Вечна нека и е славата! Лесна нека и е земјата, нека почива во мир!
Отиде Железната Лејди... :(
Ќе напишам подоцна подолг пост, навистина се потресов од веста, не можам да пишувам сега. :(
Ex-Prime Minister Baroness Thatcher dies

Former Prime Minister Baroness Thatcher has died at 87 following a stroke, her spokesman has said.
Lord Bell said: "It is with great sadness that Mark and Carol Thatcher announced that their mother Baroness Thatcher died peacefully following a stroke this morning."
Baroness Thatcher was Conservative prime minister from 1979 to 1990.
She was the first woman to hold the post. Her family is expected to make a further statement later.

Извор.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Искрено сочуство. Најдобриот лидер во европа после 2 светска војна. Железната лејди која беше жесток критичар на Социјализмот и Комунизмот. И голем подржувач на нео либералната економија. Во нејзино време на владеење ја извлече Британија од економската криза. ја затвори челичната индустрија и направи приватизација во сите сектори. И го отвори патот на Британија денес што е. Секогаш кога и да сум правел муабет за економија , многу често ја имам спомнувано како пример за Македонија и како пример за економија и вистински преставник на Чикашката економска школа но како практичар не теоретичар. :(
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Се надевам ќе плати за глупостите ако има нешто по смртта (y)
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
МАРГАРЕТ ТАЧЕР Е СИНОНИМ ЗА УСПЕШНИ РЕФОРМИ, А НЕ ПРЕПОРАКИТЕ НА БРИСЕЛ!

објавено на: 24-12-2012
Виктор Трифуновски
Економски аналитичар, бизнисмен и блогер

Крајот на 70-тите години ја донесе глобалната мудрост која денес светот изгледа нема храброст да ја прифати. Залезот на кејнзијаниското лудило, кое (за жал)е толку позитивно опеано во нашиот образовен систем, дојде како логична последица на СТАГФЛАЦИЈАТА-најстрашната економска состојба која човештвото дотогаш ја имаше видено.

Во 1979 година Маргарет Тачер станува британски премиер, превземајки земја во која има двоцифрена инфлација. Растечката сиромаштија во некогашната империја е се повеќе видлива и на безбедносен план. Од работничките претпријатија и предградија, па се до фудбалските стадиони, забележителен е трендот со кој економските проблеми се прелеваат во меѓучовечките односи. Коренот на сиромаштијата е во државното субвенционирање на компаниите кои работат со загуби. Неможејки понатаму да ги зголемува даноците, Лабуристичката влада на претходниот премиер ја зголемува количината на парични средства во оптек, со цел наводно „закрепнување“ на загубарите чии број континуирано расте. Резултатот е инфлација која го урива животниот стандард на сите.

Конзервативците на чело со Тачер нудат решение кое подразбира приватизација на јавните компании кои работат со загуба. Тоа е потег кој ја стопира инфлацијата и го сопира наглиот пад на животниот стандард. Економскиот раст и отворањето на работните места му беше оставено приватниот сектор кој доби огромни даночни и регулаторни растеретувања. Резултатите беа фантастични. Капиталот почна да се враќа на британскиот остров после толку години, отворајки работни места не само за британците туку и за бројните емигранти. Фунтата стана една од најсилните валути, додека британската економија конечно фати чекор со тогашните нови економски велесили Зап.Германија и Јапонија.

Дури и ангилскиот хулгански дух засекогаш ги напушти спортските борлишта. Навивачката коректност која денес ја гледаме на фудбалските стадиони потекнува токму од тоа време. По казните од меѓународната фудбалска федерација поради многубројните инциденти, Владата на Тачер донесе закони поради кои денес фудбалерите и навивачите воопшто не се одвоени со никаква ограда.

Британското враќање кон либералниот капитализам овој пат доби ново име, нео-либерален капитализам или НЕОЛИБЕРАЛИЗАМ, поим кој е денес толку често погрешно употребуван и уште попогрешно разбран. За жал, уште во времето на Тачер злобниците од левицата пробуваа да ги минираат нејзините намери и да ги угушат резултатите од нејзиното работење. Најнапред преку масовните штрајкови на рударите и челичарите кои несакаа да го прифатат фактот дека мораат да работат продуктивно, а не да бидат финансирани од остатокот на општеството. Поради неуспехот на ваквите штрајкови, меѓународната левицата и закачи псевдоним кој Тачер го носи до ден денес. „Челичната Дама“ не е никаков опис на нејзиниот цврст карактер, туку цинично подметнување кое социјалистите толку страсно го експлоатираат во секоја можна прилика. Тие и ден денес неможат да се помират со фактот дека масовните штрајкови во челичарската индустрија не донесоа никакво намалување на нејзината популарност, и особено им пречи фактот дека токму капиталистичкото восхресение ја врати Британија во самиот економски врв.

Но сепак, она што не го направи меѓународната левица и нејзините британски филијали, тоа го направи бирократијата од Брисел во годините кои следеа. Паралелно со распадот на социјализмот, чии крај симболично беше одбележан со падот на Берлинскиот Ѕид, во тек беше новиот колективистички проект олицетворен во тогашната ЕЕЗ. Пролетерскиот другарски дух кој се угасна со СССР, полека почна да биде менуван со безрезервната солидарност помеѓу „земјите Членки“. Она што комунистите го нарекуваа прераспределба на доходот, тоа ЕУ го нарече „предпристапни/пристапни фондови“. Наместо газење врз човековите слободи карактеристично за комунизмот, ЕУ промовира субституција на човековите слободи со т.н „евро-стандарди“.

Во тоа време, само Тачер и мала група нејзини приврзаници беа способни да го препознаат анти-слободарскиот дух на пан-европскиот експеримент, кој беше готов да го замени оној на СССР. Но злудно... колективистичкиот канцер на ЕУ, не само што метастазираше на британска почва, туку истиот ја зафати и нејзината Конзервативна Партија. Про-евопското крило на чело со Џон Мејџор сепак ја прекина нејзината брилијантна кариера. И покрај поддршката од електоратот, и покрај победата во студената војна, и покрај сите успешни реформи, сепак Маргарет Тачер настрада пред налетот на европеистичката еуфорија.

Во 2011 година, Британската влада предводена од Дејвид Камерун се повлече од идеата за заедничка фискална Унија со ЕУ, како и од било каква заедничка монетарна унија со Брисел. Така ЕУ беше исклучена од мониторингот врз банките во Британија, и беше прекината било каква можност Унијата да влијае врз британскиот буџет, или на арбитрарен начин да побара средства од него. Со тоа се потврдија уверувањата на Маргарет Тачер дека заедничката евро-валута е пред се политички, а не економски проект, кој има тенденција да носи повеќе штета одколку просперитет.

Времето ќе покаже дека и нејзините економски реформи се единствената логична алтернатива. Унијата досега одржа 23 економски самити, и сите до еден завршија со заклучок дека кризата е наводно при крај. И покрај ваквите технички заклучоци, од крајот на кризата нема ниту трага ниту глас. Така што, после сите неуспешни обиди, разумните луѓе ќе сватат дека од криза се излегува со работа, со зголемена продуктивност, со освојување на пазарите, а не со социјални и политички мерки.

Ако е тоа така... тогаш нашето општество треба да се реформира во капиталистички дух, што би подразбирало напуштање на ЕУ интегративниот процес.
http://maktel.mk/ajax_kolumni.php?kid=80
 

Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Не би требало, ама fuck yea.
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.823
Поени од реакции
6.346
Најголемиот лидер на Британија после втората светска војна,па се до сега....
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.089
Една од оние кои маме му расплакаа на балканот. Како премиер и како советник во војните на балканот, Фокландите.... го има советувано Клинтон и нато за воздушни напади на Србија, ги жалеше муслиманите во Босна (како едини жртви...)... Греота е ама жал за вакви луѓе баш...
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Нека бог и ги прости гревовите...

Т.е. ако има бог за неа.
Само она има гревови така?
Само она не е безгрешна?
Ти како човек немаш гревови?
А и сите останати што гледам се радуваат што умрела... Совршени сте така? Од дома, пред компјутер. Водете држава, па после ве молам со такви реторики.

Грешела, но и работела. Успеа да ја трансформира цела Британија во модерна држава, која почна да оди кон сериозна криза. И беше жена на позиција која ретко која жена можела да ја има во тоа време.

Од неа може само да се учи, а гревовите не сте вие тука должни да и ги опростувате или не. За тоа си има кој да и ги прости или осуди.

Има, затскри некои работи. Покажа сила кај што не смееше и не требаше.
А ти лично ја знаеш заднината?
Од каде знаеш што се криело и дали и како покажала сила?
Од тоа што го рекле нејзините противници?
Тоа што се деси таму е трагедија, но не е Маргарет Тачер лично виновна за тоа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom