Почина Steve Jobs

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
--- надополнето: Oct 6, 2011 6:34 PM ---
Коментар од Јутуб:

Serious question, why is everyone God-worshipping Steve Jobs? He attached a hard drive to an MP3 player then later on added a phone. It's not like he cured cancer.
neokids2010
 
Член од
5 јуни 2008
Мислења
3.632
Поени од реакции
5.724
Штета, навистина штета... Сега ми е јасно зошто неодамна се повлече од Ејпл... :(
 
P

Princ

Гостин
Немам некоја посебна почит према човекот туку напротив, имам доза на аверзија. Сепак, културно било кога некој ќе почине да се рече "Нека почива во мир". И нека ужива во неговите 2 метри квадратни. Толку и јас ќе имам кога ќе умрам, кврц.
 

Forrest Gump

низа1
Член од
12 ноември 2009
Мислења
7.038
Поени од реакции
29.618
Морам и тука да го постирам говорот на македонски (за случајно да не го пропушти некој).

Почестен сум што можам да бидам со вас денеска на вашето дипломирање на еден од најдобрите универзитети во светот. Јас никогаш не дипломирав. Всушност, ова е најбислку што сум дошол до дипломирање на колеџ. Денеска сакам да ви раскажам три приказни од мојот живот. Тое тоа. Ништо повеќе, само три приказни.
Првата приказна е за поврзување на точките.
Го напуштив Рид Колеџот после првите 6 месеци, но продолжив да одам на некои предавања повремено уште 18 месеци пред целосно да се откажам. Но зошто го напуштив колеџот?
Тоа започна уште пред да се родам. Мојата билошка мајка била млада, недипломирана студентка на факултет и одлучила дека е најдобро да ме даде на посвојување. Таа била сигурна дека треба да бидам посвоен од луѓе кои завршиле факултет, па така се било средено да бидам посвоен од адвокат и неговата сопруга. Но во последниот момент кога сум излегол тие сепак одлучиле дека сакаат девојче. Па така моите родители, кои биле на листа на чекање, добиле повик доцна во ноќта и ги прашале: Имаме неочекувано машко дете, дали го сакате? Тие рекле: Секако. Мојата биолошка мајка подоцна дознала дека мојата мајка никогаш не завршила ниту средно училиште. Одбила да го потпише последниот договор за посвојување. Се согласила дури неколку месеци подоцна кога моите родители ветиле дека еден ден јас ќе одам на факултет.
17 години подоцна јас се запишав на колеџ. Но наивно избрав колеџ кој беше скоро исто скап колку и Станфорд, и целата заштеда на моите родители од работничка класа беше потрошена школарина. После 6 месеци, не можев да ја видам вредноста на тоа. Немав идеја што сакам да правам со мојот мојот живот и немав идеја како колеџот може да ми помогне да сфатам што сакам. А овде ги трошев сите пари што моите родители ги штеделе цел живот. И така се откажав и верував дека се на крај ќе биде добро. Беше многу страшно во тоа време, но кога сега гледам наназад тоа беше една од најдобрите одлуки што сум ги донел во животот. Во моментот кога го напуштив колеџот, можев да престанам да одам на предавањата што не ме интересираа, и почнав да упаѓам на предавањата кои ми изгледаа инетерсно.
Не беше се толку романтично. Немав соба во домот, па така спиев на подот во собите на моите пријатели, враќав празни лименки Кока Кола за 5 центи депозит за да можам да си купам храна, и пешачев по 7 милји меѓу градовите секоја недела вечер за да можам да имам барем по еден добар оброк неделно во Харе Кришна храмот. И многу од она што го преживеав заради тоа што ја следев својата љубопитност и интуиција се испостави како бесценето подоцна. Дозволете да ви дадам еден пример:
Рид Колеџот во тоа време го нудеше можеби најдобриот курс по калиграфија во земјата. Во кампусот секој постер, секој натпис, секој цртеж, беше толку убаво рачно напишан. Бидејки се откажав од факултетот и не морав да одам на нормалните предавања, одлучив да одам на часовите по калиграфија да научам како ова се прави. Научив за сериф и сан сериф начините на пишување, за варијациите на простор помеѓу различни комбинации на букви, за тоа што прави една типографија да биде убава и сл. Беше преубаво, историски, уметнички суптилно на начин на кој што науката тоа не може да го претстави, и за мене тоа беше фасцинантно.
Ништо од ова не ми даваше надеж дека некогаш практично ќе го искористам во животот. Но, 10 години подоцна, кога го креиравме првиот Мекинтош компјутер, се ми се врати. И сето тоа го дизајниравме во Мек. Тоа беше првиот компјутер со убава типографија. Ако никогаш не се појавев на тој курс на колеџ, Мек никогаш немаше да има различни и пропорционално раздвоени фонтови. А бидејќи Виндоус целосно го копираше Мек, тоа значи дека ни персоналните компјутери немаше да имаат фонтови воопшто. Ако никогаш не се откажев, немаше да упаднам на часовите по калиграфија, и компјутерите можеби никогаш немаше да имаат топографија како што имаат денеска. Секако, беше невозможно да се поврзат точките тогаш додека бев на колеџ. Но кога гледав 10 години наназад, беше се многу јасно.
Уште еднаш, не можете да ги поврзете точките гледајќи нанапред, можете да ги поврзете точките само ако гледате наназад. Така, морате да имате верба дека точките некако ќе се спојат во иднината. Морате да верувате во нешто, во среќа, судбина, живот, карма, што и да е. Овој пристап никогаш не ме изневерил, а ги направи и сите разлики во мојот живот.
Мојата втора приказна е за љубовта и губитокот.
Бев среќен, дознав што сакам да правам многу рано во мојот живот. Воз и јас го направивме Apple во гаражата на моите родители кога имав 20. Работевме напорно, и за 10 години Apple прерасна во компанија од само двајца во компанија вредна 2 милијарди долари и 4000 вработени. Штотуку ја објавивма нашата најфина креација, Макинтош, една година претходно, а јас имав 30 години. И тогаш бев отпуштен. Како можеш да бидеш отпуштен од компанија која си ја стартувал? Како Apple растеше, така ангажиравме некого за кого мислев дека е доволно талентиран да ја води компанијата со мене, и првата година и нешто работите одеа добро. Но нашите видици за иднината почнаа да се разликуваат и почнавме да паѓаме. Кога конечно бевме доле, нашиот борд на директори застанаа на негово страна. Па така со 30 јас бев избркан. Се она што беше фокус на мојот живот заврши, и јас бев девастиран.
Навистина не знаев што да правам сам со себе во следните неколку месеци. Чувствував дека сум разочарал некоја претходна генерација на претприемачи, дека ми паднала штафетата која претходно ми ја подале мене. Се ретнав со Дејвид Пакард и Боб Ноијс и пробав да им се извинам што толку многу заебав. Бев таква јавна пропаст што дури помислив да си одам од долината. Но нешто полека почна да изгрева во мене – се уште го сакав она што го правев. Нештата во Apple не се изменија ни малку. Јас бев избркан, но се уште бев заљубен. И затоа решив да започнам одново.
Не го видов тоа тогаш, но излезе дека отказот од Apple беше најдоброто нешто што ми се случило. Тежината да бидеш успешен беше заменета со леснотијата да бидеш почетник одново, помалку сигурен во се околу мене. Тоа ме турна во еден од најкреативните периоди во мојот живот.
Во текот на следните 5 години, ја создадов компанијата која ја нареков Next, уште една компанија со има Pixar, и се заљубив во прекрасна жена што ми стана сопруга. Pixar започна да го создава првиот компјутерски анимиран долгометражен филм, Toy Story, а во моментов е најуспешното студио за анимација во светот. Во невиден круг на случувања, Apple го купи Next, така јас се вратив во Apple и технологијата која ја развивавме во Next сега е срцето на ренесансата на Apple. A Лорен и јас имаме прекрасен фамилијарен живот заедно.
Скоро сум сигурен дена се ова немаше да се случи доколку не добиев отказ во Apple. Беше одвратно да се прими таа терапија, но очигледно на пациентот му требаше. Понекогаш животот ќе те удри со цигла во глава. Не губете надеж. Уверен сум дека единственото нешто што ме одржа да продолжам беше тоа што го сакав тоа што го правам. Морате да најдете што е тоа што го сакате. А тоа се однесува и на вашата работа и вашиот љубовен живот. Работата ќе ви пополни еден голем дел од вашиот живот и единствениот начин да бидете целосно задоволни е да го работите она што верувате дека е одлична работа. А единствен начин да ја завршувате добро работата е да ја сакате. Ако се уште не сте ја пронашле, продолжете да барате. Не се откажувајте. Со целото срце ќе го почувствувате тоа кога ќе ја најдете. И, како и секоја добра врска, ќе биде се подобро и подобро како ќе поминуваат годините. Па така барајте додека не ја пронајдете, не се откажувајте.
Мојата трета приказна е за смртта.
Кога имав 17 години, прочитав цитат кој што звучеше вака отприлика: Ако го живееш секој ден како да ти е последен, тогаш еден ден сигурно ќе бидеш во право. Остави впечакот на мене и од тогаш во последните 33 години, ќе се погледнев во огледало секое утро и ќе се прашав: Ако денеска е последниот ден од мојот живот, дали би сакал да го правам тоа што имам намера да го правам денеска? И ако одговор беше НЕ неколку дена по ред, знаев дека треба да сменам нешто.
Сознанието дека ќе бидам мртов наскоро не најважната алатка која и помогна да правам големи одлуки во мојот живот. Бидејќи скоро се, сите надворешни очекувања, целата гордот, сите стравови од понижување или неуспех, сите овие нешта паѓаа во вода соочени со смртта, оставајќи го само она што е навистина битно. Сознанието дека еден ден ќе умрете е најдобриот начин да ја избегнете замката дека имате што да изгубите. Веќе сте голи, нема причина да не го следните вашето срце.
Пред една година ми беше дијагностициран рак. Имав скенирање во 7:30 наутро и одеднаш се покажа дека имам рак на панкреасот. Тогаш не ни знаев што е панкреас. Докторот ми кажа дека скоро сигурно имам тип на рак кој не се лечи и дека не треба да очекувам да живеам повеќе од 3 до 6 месеци. Докторот ме советуваше да одам дома и да си ги средам сите работи, што во докторски шифри значи да се подготвам да умрам. Тоа значи да пробате да има кажете на вашите деца се она што сте планирале да им го кажете во следните 10 години за само неколку месеци. Тоа значи да се осигурате дека се е средено за да може на вашата фамилија да и биде што е можно полесно. Тоа значи да се збогувате.
Живеев со таа дијагноза цел ден. Подоцна тој ден имав закажано биопсија, каде што ми спроведоа ендоскоп низ моето грло, преку стомакот, ставија игла во мојот панкреас и земаа неколку клетки од туморот. Јас бев под седативи, но мојата сопруга, која беше таму, ми кажа дека кога ги виделе клетките под микроскоп докторите почнале да плачат бидејќи се покажало дека е тоа многу редок тип на рак на панкреасот кој што сепак се лечи со операција. Се оперирав и сега сум добар.
Ова беше најблиску што сум се соочил со смртта и се надевам дека тоа ќе биде најблиску што ќе се соочам во следните неколку декади. Преживувајќи го тоа, сега можам со поголема сигурност да ви го кажам следново отоколку кога смртта беше чист интелектуален концепт: Никој не сака да умре. Дури и оние што сакаат да одат во рајот не сакаат да умрат за да одат таму. Сепак смртта е дестинација која сите ја делиме. Никој никогаш не и избегал. И така треба да биде, бидејќи смртта е единствената најдобра иновација на животот. Таа е агентот за промена на животот. Го чисти она што е старо и прави пат за новото. Сега новото сте вие, но еден ден не многу далеку од денеска, вие постепено ќе станувате старото и ќе се чистите од патот. Се извинувам што сум драматичен, но ова е многу точно.
Вашето време е ограничено, па така не го трошете за да живеете нечиј туѓ живот. Не бидете заглавени во догма која е живот по резултат на туѓото мислење. Не дозволувајте шумовите од туѓите мислења да го удават вашиот внатрешен глас. И најважно од се, имајте храборост да го следните вашето срце и интуиција. Тие некако веќе знаат што вистински сакате да бидете. Се друго се споредно.
Кога бев млад, имаше едно прекрасно издание наречено Каталог за целата Земја, кое беше библија на мојата генерација. Беше напишано од еден дечко Стујард Бранд недалеку од Манло Парк, и тој го донесе во живот благодарение на неговиот поетски допир. Ова беше во доцнитњ 60ти, пред персоналните компјутери и пишувањето на компјутер, па така се беше направено со машина за чукање, ножици и полароид апарат. Беше еден вид на Гугл во печатено издание, беше идеалистично и преплавено со одлични алатки и забелешки.
Стујард и неговиот тим издадоа неколку изданија на Каталогот, па кога ги поминаа сите теми го издадоа и посленото. Тоа беше во средината на 70тите а јас бев на ваша возраст. На последната страна на тоа издание се најде фотографија на пат рано наутро, онај на кој можеш да се замислиш како стопираш ако си доволно авантурист. Под неа беа зборовите: Остани гладен. Остани луд. Тоа беше нивна порака за крај кога се одјавуваа. Остани гладен, остнаи луд. И отсекогаш го посакував тоа за мене. И сега кога дипломирате за да почнете од почеток, ви го посакувам тоа вам.
Останете гладни. Останете луди.

И уше еднаш RIP ГОЛЕМ ЧОВЕКУ
 
Член од
22 април 2005
Мислења
2.492
Поени од реакции
1.120
кога држам во рака ајфон или го допирам, ко да му ја допирам душата на стиви.
денеска патував со воз, не можев еден наоколу да видам а да немаше ајфон во рака.
иако моментално сум на андроид и користам htc неизмерно фала за се што излезе од мозокот на овој човек и дирекно се аплицира кај сите нас во рецете..

човекот се роди, стартна позиција - 0 (со букви нула)... направи тоа што направи, си замина, и пола свет се прашува ... каков ли би бил нашиот (мојот) живот да не беше овој човек (барем во еден мал сегмент од денот, ако ништо друго)

ех кога би имало уште 100тина како него, каков подобар свет за живеење би бил овој.

вистинска инспирација, лекција за сите нас и многу генерации после нас.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.718
Неговите "играчки" така и не стигнаа до моите раце - мислел на се, само не на тие што немаат пари.

Бог да го прости.
 

LGBT

Weird
Член од
20 јули 2011
Мислења
329
Поени од реакции
157
Неговите "играчки" така и не стигнаа до моите раце - мислел на се, само не на тие што немаат пари.

Бог да го прости.
Сепак неговото достигнување е големо. Од питач и собирач на конзерви до милијардер. Почивај во мир Стив.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom